- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.273
- Поени од реакции
- 13.003
Институциите во кои се врши истражување во голем дел се познатите светски универзитети(има и други институти секако) кои се финансирани како од приватни фондови така и дел од државните(министерството за образование дава различен дел кај сите универзитети без разлика дали се тие државни или приватни)
Но проблемот не лежи тука.
Јас го гледам на друго место и ке појдам прво од себеси и критика на моја сметка.
Јас одбрав урбан начин на живот и несакам да живеам на рурален начин при коишто би садел произведувал и продавал моја одгледана храна.
Верувам дека и многумина други го направиле тоа и пред мене.
Имам ли право да им кажам на тие што се надлежни за контрола на исхраната која ја конзумирам јас?
Да, секако дека имам право и треба да има контрола соодветно со законот.
Верувам во надлените институции што го прават тоа, одбивам да бидам скептичен и параноичен(затоа што тоа ке ми ги загорчи вкусот на храната), задоволен сум со тоа што го јадам затоа што е во рамките на мојот животен стандард.
Е добро де, ти си независна индивидуа и како таков, имаш право да одлучуваш како ќе си го живееш твојот живот, без разлика дали живееш во рурална или во урбана средина.
И како што ти имаш право на независни одлуки и на независен начин на размислување, така и јас имам право на независни одлуки и на независен начин на размислување.
Мојот личен став е дека генетички модифицираната храна треба да се обележува за да знаат купувачите што купуваат и што консумираат.
Ти, исто како и сите останати независни индивидуи во светот, имаш право на исто, или на спротивно мислење, во зависност од твојот начин на размислување и во зависност од начинот на кој ги донесуваш твоите лични одлуки.