не верувам дека ќе се одрази во македонија , али македонци што живив во западна македонија се во лоши услови , комшии албанци не вработуваат македонци само свои и турци , и тој ќе се одрази на нив и ќе се иселат од западна , изгледа ги потценивме албанци , попаметни се од нас мораме да признаеме
Сосема исто како што во Источна Македонија, Македонецот вработува Македонци, а ги дискриминира сите други.
Тоа ни е карактеристика на сите, која мора да ја надминеме.
--- надополнето: Oct 22, 2011 2:48 PM ---
па да и јас мислам дека тука им е перфекција и имаат премногу права ама мислам дека имаат и доста голем број на радикали кој што сакаат поделба пример балистите на натпреварот со партизан јасно кажаа дека сакаат поделба ... има и мн други и на форумов можеш да сретнеш такви албанци сигурен сум
Балистите се навивачка група, исто како и Комити. И Комити сакаат Солунско поле, ама колку ќе го добијат - жими мајка. Навивачите на МЗТ сакаа чиста Македонија... тоа се само желби на навивачки групи, најчесто сочинети од адолесценти кои баш и не се запознаени ниту компетентни во вакви случаеви.
Општото мнение на албанскиот народ во Македонија, е дека сака соживот, а не поделба.
Нормално, радикалите трескаат за некаков нов конфликт 2013, исто како што Грција нас Егеј ќе ни го врати.
За било каков конфликт, им треба поддршка од светски сили, а таква поддршка немаат. Сами да писнат, ќе бидат срамнети со земја, зошто овој пат не би имале грб.
Според тоа, и на нив истото им стана јасно, и затоа сега сакаат образование и соживот, а не Голема Албанија.
Тие радикали се до таа мера малку, што дури се смешни и за партиите од албанскиот блок.
Со драстичното намалување на наталитетот кај нив, и тие станаа свесни дека ќе биде тешко да го задржат дури тоа што сега им е загарантирано со закон.
Повеќе од ова нема да добијат, зошто нема да добијат ничија поддршка, а немаат поддршка ниту меѓу својот народ.