Вака или онака, помина актот во Ирска. ЕУ добива карактеристики на држава.
Полска и Чешка ќе јадат по еден шамар и ќе потпишат...кога веќе сите други потпишаа...
Добра работа за нас може да биде што се дава акцент на проширување во западен балкан...ако ги зачуваме главите и разумот до тогаш.
Ако не се лажам...одлуките што ќе се носат кога договоров ќе стапи на сила, нема да бидат консензуални, туку со квалифицирано мнозинство...ама ипак не знам, не сум го проучил детално...
Лисабонска декларација
Повекето од вас не знаат што е овој договор...
Во 2006 ЕУ направи нацрт план за нов устав.
Тој УСТАВ, требаше да биде изгласан на референдум во секоја земја-членка
Франција и Холандија
го одбија тој устав на референдум, а наредна земја која требаше да гласа беше Велика Британија.
Наеднаш, целата процедура се стопира
Зошто се случи тоа?
Последиците од ваков договор би биле
губење на суверенитетот на земјите членки на ЕУ, благодарение на зголемувањето на суверенитетот и централизирањето на моќта на Брисел.
Ова особено не им се допаѓаше на источноевропските земји, кои веќе ја имаа осетено ваквата моќ во времето кога беа под капата на Москва.
Луѓето станаа загрижени, затоа што ЕУ полека се претвораше во чудовиште-држава, и нормално, земјите застанаа во одбрана на нивниот национален суверенитет.
Како и да е, европските лидери
решија да го претворат уставот во ДОГОВОР, затоа што ДОГОВОР не оди на референдум, за разлика од УСТАВ, кој би морало да помине на референдум одделно во секоја држава.
Тоа е истиот устав кој претходно Французите и Холанѓаните го одбија на референдум, и веројатно би го одбиле Британците, доколку им дадеа такво право да си го искажат својот глас.
Главната измама на ЕУ е во тоа што овој нелегален, тоталитарен устав, притајно и бесшумно
го преименуваа во Лисабонска Декларација.
Европските земји немаа референдум, така да овој договор помина без проблеми.
Ирска
беше исклучок.
Зошто?
Нејзиниот устав наложува ваков договор да мора да се изнесе пред граѓаните на Ирска.
Европските бирократи беа свесни за ова и се противеа на ваквиот чекор, наложувајки им на Ирците дека ваква процедура е непотребна и е губење време.
Тие знаеа дека договорот ке пропадне.
Така и се случи.
Ирците гласаа – НЕ!
Од тој момент, Лисабонската деларација
требаше да биде МРТВА.
Требаше, но тоа не се случи.
Европските бирократи одлучија да има
уште еден референдум.
Што сторија понатака?
Лансираа општа пропаганда, потрошија неколки билиони евра на медиумски кампањи во кои ја туркаа 'ДА' страната...
Референдумот се случи вчера, и Ирците гласаа – ДА.
Како што рековме, овој договор(устав) ја централизира моќта на ЕУ, на сметка на независните и суверените земји членки.
Тоа значи дека грубо кажано,
90 до 95% од законите кои ке треба да бидат почитувани од земјите членки, ке бидат донесени со одлука на Брисел, без да бидат прашани граѓаните!!!
Тука
се губи суверенитетот на земјите, и слободата на граѓаните.
Ке се креира нов ЕУ СОВЕТ,
кој нема да биде избран од страна на граѓаните , т.е. ке биде
тотално нелегален.
Овој Совет, ке се состои од
членови, кој
нема да бидат избрани на избори.
За понатака, со овој договор, предвидена е функцијата
Претседател на ЕУ
кој исто така
нема да биде избран од граѓаните,
туку ке биде назначен.
Шпекулациите се дека првиот претседател на Европа ке биде Тони Блер.
Испаѓа дека Тони Блер ке успее во тоа што Цезар, Наполеон и Хитлер не успеале, а тоа е
ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПА.
Благодарение на претседател што не е избран.
Судбината на секоја земја
ке биде одлучувана во Брисел, од страна на Евро-Бирократите.
Ова е тиранија.
Светот само немо гледа што се случува...
Тие успеаа.
Ирска, после векови и векови борба за независност и слобода, вчера доброволно се предадоа на Европската тоталитарна супер-држава....
Каков шамар за ирските патриоти кои се бореа за независност.
Тежок шамар во лице.
Секој кој патувал во Европа ке забележи ЕУ знамиња, додека државните знамиња ги нема...
ЕУ се претвара во тоталитарна држава....
Една недела пред референдумот, висок европски бирократ им понуди социјални пакети на работничкиот синдикат, чин со кој би можеле да го опишеме поимот корупција.
Заборавете ги поимите слобода и демократија.
Видете што се случува. ЕУ се претвара во варијанта на СССР.
Централизирана моќ.
Живееме во важни времиња, исто така и многу опасни.
Времиња кои ке влезат во историјата.
Да бидеме паметни и да не дозволиме доброволно да станеме нечии робови.
Да бидеме паметни, и да си ја чуваме Македонија, оваа држава за која еден ден можеби ке плачеме по неа...