Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.281
Поени од реакции
22.562
Има некој извор за тоа како Југославија постапувала со воените инвалиди ?
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.635
Еи абе на Дидеј, сојузници укупно на пет плаже, умреле около 10 000.
За 24 сата.
Дали некој знае која е германска цифра, на шести?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Србија ја купи директивата со која Хитлер издал наредба за напад врз Југославија
Владата на Србија денеска соопшти дека земјата ја купила директивата „бр. 25“, со која германскиот канцелар Адолф Хитлер на 27 март 1941 година издал наредба за напад врз Кралството Југославија и Кралството Грција.

Во соопштението се наведува дека документот, чија содржина го означи почетокот на Втората светска војна на целата територија на Кралството Југославија, по својата важност е споредлив со телеграмата со која Австро-унгарската империја му објави војна на Кралството Србија на 28 јули 1914 година.

– Овој документ содржи и експлицитна наредба за спроведување на брутални воздушни напади и деноноќно бомбардирање на Белград, подготвеност да им предадат делови од својата територија на Бугарија и Унгарија по окупацијата на Југославија, како и тоа дека со политички ветувања на Хрватите ќе се заостри внатрешно-политичката тензија во Југославија – се наведува во соопштението.

Се додава дека содржината на таа директива резултирала, меѓу другото, и со создавање на сите неопходни предуслови за формирање на независна држава Хрватска, односно за иницирање геноцид врз припадниците на српскиот народ на целата нејзина територија.

Извор: https://novamakedonija.com.mk/svet/balkan/srbija-ja-kupi-direktivata-so-koja-hitler-izdal-naredba-za-napad-vrz-jugoslavija/

Цена: 42.500 долари

Diirektiva 1.jpg

Direktiva 2.jpg

Direktiva 3.jpg

Direktiva 4.jpg
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2007
Мислења
556
Поени од реакции
1.282
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Факти кои не се пишувани од победниците:
од 2:55:00 колку притисок е извршен и какви све злодела врз Германци за евреите да ја остварат својата цел
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Со малку доцнење.

На вчерашен ден, 27 јануари, пред точно 80 (ОСУМДЕСЕТ) години, заврши опсадата на Ленинград со ослободување на вториот најголем и најнаселен град во Русија и во Советскиот Сојуз.

Најдолгата и најкрвавата опсада во Втората Светска Војна и една од најкрвавите во историјата на човештвото заврши после 872 (ОСУМСТОТИНИ СЕДУМДЕСЕТ И ДВЕ) деноноќија и после над 1 (ЕДЕН) МИЛИОН советски цивилни жртви и над 523 (ПЕТСТОТИНИ ДВАЕСЕТ И ТРИ) ИЛЈАДИ советски воени жртви.

https://vk.com/video-221265170_456339005

https://vk.com/video-154921046_456264756

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.809
Штета што многу брзо идат титловите доле (текстот), мора да се паузира.

 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Факти кои не се пишувани од победниците:
од 2:55:00 колку притисок е извршен и какви све злодела врз Германци за евреите да ја остварат својата цел
Најголем масакр извршен врз Германските недолжни цивили е масакрот во Дрезден...

Не биле само нацистите познати по своето душманско бомбардирање на европските градови, туку Енглезите и Јенките биле бетер од нив. Десет дена по Черчиловата изјава на конференцијата на Јалта, трите бомбардирања убиле 330000 цивили за петнаесет часа. Военото уништување на Дрезден било потполно бескорисно. Дрезден не се наоѓал на линијата на фронтот ниту бил значаен сообраќаен јазол и немал ниту некаква значајна индустрија. Не располагал со бункери, противвоздушна одбрана а имал 1250000 недолжни цивили. А во текот на бомбардирањето имало само стотина војници. Биле исфрлени 460000 фосфорни бомби и други експлозивни средства и 3000 воздушни мини.

Пред воздушниот напад на Дрезден на пилотите на бомбардерите им било речено дека со тој воздушен напад ќе ја „ликвидирале“ главната команда на Гестапо каде што наводно имало складови за муниција, фабрика за производство на отровни гасови и железнички пруги.

Но неколку дена после бомбардирањето пилотите увиделе дека нема никаква главна команда на Гестапо, нема никаква фабрика за отровни гасови, а железничката пруга била недопрена.

Исто така во 1944 година кога воздушните напада врз другите Германски градови над индустриските центри и фабрики ја достигнале кулминационата точка, германското воено производство е со рекордни постигнувања во споредба со почетокот на војната.

Но прашањето е: Зошто големите фабрики и фабриките што произведуваат оружја и воени материјали воопшто не биле засегнати? Тоа е затоа што капиталот е еден и сите на двете завојувани страни и на Германија и на САД и на Британија припаѓаат на Еврејските банкари.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
83 години од германското бомбардирање на Скопје
Бомбардирање на Скопје 6 април.jpg
На денешен ден (06.04.2024) пред 83 години, во раните утрински часови, како одмазда за напуштањето на Тројниот пакт, покрај останатите југословенски градови, Луфтвафе го бомбардираше и Скопје.

Во нападот Македонија имаше првостепено стратешко значење поради својата положба. Загинаа над педесетина скопјани, поголем број беа ранети, а градот претрпе значителни материјални штети.

На 7 април, во попладневните часови во Скопје влегоа првите германски воени трупи, а за неколку дена беше окупирана и цела Македонија, по што започна масовен обид за бугаризација на македонското население, како и прогон на Евреите од кои во 1943 сите 4 илјади скопски Евреи беа депортирани во концентрациониот логор Треблинка.
Скопје од германсо-бугарската нацистичка окупација се ослободи на 13 ноември 1944 година.

извор: https://mk.tv21.tv/83-godini-od-germanskoto-bombardirane-na-skopje/
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.984
Поени од реакции
11.910
Да се потсетиме на 7 април 1941, бомбардирањето на Велес при кое загинале 40-50 лица. Во сеќавање на бројни велешки семејства кои овој ден го завршиле животот
Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со силни воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот чии куќи биле изградени од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото, кога бројни авиони, ексадрили германски авиони поголемиот дел од стариот Велес го срамниле со земја. Иако бомбите паѓале околу мостовите, ниту еден не бил разрушен. Најмногу население настрадало околу Којник и Мегдан. Имало многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот животен пат во тоа априлско утро. Според Боро Морков, во тексот објавен во списанието „Велес“ „Мојот дневник 1941 година“ тој ден имал околу 40-50 жртви, што за жал никаде не е заведено во историските документи, ниту пак има обележје за овие цивилни жртви на Втората Светска војна. За рaзлика од жртвите во Штип, Скопје... Следниот ден 8-ми април Велес веќе бил освоен од германските единици.

FB_IMG_1712517968253.jpg

 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.425
Поени од реакции
572
Добро е да се потсетиме дека на почетокот на бугарското владеење со Македонија, сите разурнувања од бомбардирањата биле опишани од бугарските власти и веднаш се започнува со санирање на штетата.

Добро е да се потсетиме дека има и англиски бомбардирања во април.

Во април 1941 година, седиштето на југословенската дивизија и делови од гарнизонскиот офицерски состанок и Народната банка беа уништени во Скопје при воздушни операции на германската и британската авијација. Последните беа поправени и адаптирани од нас за целосна употреба. Освен тоа, во исто време беа оштетени и некои други објекти во Скопје и Велес.

Скопје
* Воениот клуб - полууништен - поправен
* Народната банка - оштетена - поправена
* Пошта - малку оштетена - поправена
* Црвениот крст - полууништен - поправен
* Граѓанската болница - тешко оштетена - поправена
* Железничкиот мост Вардар - оштетен салбо - поправен
* Воената болница - уништена - поправена

Велес
* Мостот на пругата Вардар - оштетен - поправен
* Едно маало до мостот - уништено - направено повторно
* Пошта - уништена - направена повторно
* Воени магацини - уништени - поправени

Битола
* Бараки - оштетени - поправени
* Воениот клуб - оштетен - поправен
* Воената болница - уништена - поправена
* Штаб на дивизија - оштетен - поправен
* Затворот - оштетен - поправен


Во 1941 година, повеќе од 60 мостови биле пронајдени уништени и сите биле поправени од бугарските власти.

Штетите се поправени и во Градско, Штип, Прилеп, Охрид, Кратово, Крива Паланка, Гевгелија, Ресен, Куманово, станица Анриево (Скопско), Берово итн.

Кога нашата воена сила пристигна во Македонија и Јужна Моравија во април 1941 година, најде уништени повеќето касарни и воени објекти. Така изгорели артилериските касарни во Прилеп; во Куманово изгорели и некои бараки; во Штип, Велес, Царево Село, Крива Паланка и Кратово уништени се и касарните. Општо земено, голем дел од касарните и воените штабови биле ограбени од Германците и локалното население. Сите, сепак, беа поправени, опремени и приспособени за употреба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom