Врска во погрешно време

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Еден пост на RealGirl ми даде идеја за темава. Значи, што значи „лошо време“? Во каков период сте биле и сте сметале дека врската дошла тогаш кога не требало? Дали ако оцените дека не е време за некоја нормална врска веднаш се откажувате или имате трпение да бидете во таква врска и покрај вашето мислење? Дали тоа би било измачување или, пак, предизвик со кој би можеле да проверите колку сте способни да го пречекорите тоа „лошо време“?

Значи, во која ситуација сте биле, па сте мислеле дека не е вистинско време за партнер?
 
JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Ваљда во период кога имате други обврски, кои не се поврзани со љубовниот живот, или кога едноставно, сакате да се чувствувате слободно.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
FortunE напиша:
Еден пост на RealGirl ми даде идеја за темава. Значи, што значи „лошо време”? Во каков период сте биле и сте сметале дека врската дошла тогаш кога не требало? Дали ако оцените дека не е време за некоја нормална врска веднаш се откажувате или имате трпение да бидете во таква врска и покрај вашето мислење? Дали тоа би било измачување или, пак, предизвик со кој би можеле да проверите колку сте способни да го пречекорите тоа „лошо време”?

Значи, во која ситуација сте биле, па сте мислеле дека не е вистинско време за партнер?
Признавам само после раскинување на подолга врска се друго е ветер и магла од ова погоре напишаново, додуша и тогаш може да се направи исклучок ако ептен си се затрескал во тој другиот тип поради кој си ја раскинала претходната врска. Незнам што сакате вие кога ќе ви прдне да почнувате врска, станувате од спиење и ви текнува денес одам да фатам некој дечко за да почнам врска. Тоа можете да си го викате за ебачите/ебачиците, а за дечковци/девојки не. И што е тоа "лош период" за да немаш врска, финансии, здравствени проблеми, фамилијарни проблеми? Значи ако почнете со некого врска и имате некои моментални финансиски проблеми дали ќе го откачите тој дечко/девојка поради таа причина, наместо да се препуштите на убавиот почеток на врската и да ги надминете сите проблеми. Што ако после извесен период заклучите дека поради некоја глупост сте го изгубиле правиот човек за вас, што тогаш?
 
OrTacE

мангуп
Член од
28 мај 2006
Мислења
628
Поени од реакции
5
па нај прифатлива работа ми е мислењето на вардарче, дека врската е во погрешно време во моментите кога се раскинала подолга врска или ето на пример има (студенска љубов) многу за учење или проблеми дома, така .....така нешто би било моето мислење.
 
The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Погрешно време за врска е она што го спомна вардарче. После подолга и посериозна врска влетуваш во нова врска као демек да го преболиш бившиот, да му докажеш дека не го сакаш веќе и милион други глупи причини. Погрешно време за врска е кога си премногу зафатен и кога немаш воопшто доволно време за себе а не пак за другите .. погрешно време за врска е .. кога ќе ти дувне влетуваш во врска со првиот што ќе ти понуди, само затоа што веќе ти е здосадено да си сам или ти е здосадено од дечки за една вечер. Тие за мене се луѓе со ”говорна мана” т.е не знаат да кажат НЕ кога е потребно и прават лајф-тајм мистејк. А според мене .. не е погрешно време за врска кога имаш било какви проблеми. Баш тогаш на секого му е потребен некој кој може да го утеши, некој кај кого можеме да побараме утеха, некој кој ќе ни помогне да заборавиме на се.
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Pa da...vardarce si e u pravo...Da ne povtoruvam edno isto 1000000 pati...Ili ednostavno neznam nekad sum se pocustvuvala deka ne mi e do vrski u toj moment i deka nemozam onaka da se vrzuvam
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Погрешна врска ИМА, нема погрешно време....така би го дефинирала ова. Инаку секое време е вистинското ако е правилен изборот и мотивот:zlo:
 
Член од
11 февруари 2006
Мислења
1.744
Поени од реакции
0
sagaqua напиша:
Погрешна врска ИМА, нема погрешно време....така би го дефинирала ова. Инаку секое време е вистинското ако е правилен изборот и мотивот:zlo:
Колку само НЕ ..
А што ако имаш дечко, типот ти раскинува, ти си го сакала, сега патиш и утре ти доаѓа некој сосем трет тип и ти предложува врска .. А ти неможеш уште да го преболиш овој ..
Освен ако сакаш да го употребиш новиот тип за да го заборавиш саканиот.:lud:
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Insane напиша:
Колку само НЕ ..
А што ако имаш дечко, типот ти раскинува, ти си го сакала, сега патиш и утре ти доаѓа некој сосем трет тип и ти предложува врска .. А ти неможеш уште да го преболиш овој ..
Освен ако сакаш да го употребиш новиот тип за да го заборавиш саканиот.:lud:
Многу просто, ПОГРЕШНА ВРСКА. Што има да се плеткаш со друг кога не си начисто со себе (погрешен мотив).
А мислиш дека времето поминато во „преболување„има некакво значење или граница која треба да помине за да биде ВИСТИНСКО време за врска? Не би рекла. :nenene:
Некогаш не треба многу време но некогаш и после неколку поминати години, ако го немаш вистинскиот мотив, нема да ти биде успешна врската.
Да употребиш некого за „преболување„...полош мотив за врска здравје:nesvest:
 
RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
The`bItCh напиша:
Погрешно време за врска е она што го спомна вардарче. После подолга и посериозна врска влетуваш во нова врска као демек да го преболиш бившиот, да му докажеш дека не го сакаш веќе и милион други глупи причини. Погрешно време за врска е кога си премногу зафатен и кога немаш воопшто доволно време за себе а не пак за другите .. погрешно време за врска е .. кога ќе ти дувне влетуваш во врска со првиот што ќе ти понуди, само затоа што веќе ти е здосадено да си сам или ти е здосадено од дечки за една вечер. Тие за мене се луѓе со ”говорна мана” т.е не знаат да кажат НЕ кога е потребно и прават лајф-тајм мистејк. А според мене .. не е погрешно време за врска кога имаш било какви проблеми. Баш тогаш на секого му е потребен некој кој може да го утеши, некој кај кого можеме да побараме утеха, некој кој ќе ни помогне да заборавиме на се.
Ова не е погрешно време ова е погрешна врска!
Влетуваш во нова врска за да му докажеш.....-цела врска е погрешна,не само времето истото е и кога влетуваш во врска со првиот што ќе ти понуди ....!!!!
Погрешно време е нешто сосема 3...барем за мене
Имам 19 год..идев со еден дечко долго време,се фативме кога имав 16,идевме до пред некое време... врската како врска ни беше одлична но во погрешно време...бевме заедно баш тогаш кога требаше да живееме,да запознаваме нови луѓе,да доживуваме нови работи,искуства...колку работи имам испуштено поради таа врска..доаѓа понделник сите така возбудени ти кажуваат импресии од заеднички поминатиот викенд,и само ќе се насмееш и ќе си речеш да,и јас така:nesum: но можам да речат и дека таа врска за мене беше големо искуство..па можеби некогаш па ќе бидеме заедно..кога ќе имаме по 25 год.и двајцата зрели личности,со многу изживеани работи позади себе спремни да се посветиме еден на друг!

П.С.Тие што немале долга врска не ни очекувам да ме сватат!:wink:
 
АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Се разбира дека има и погрешно време и погрешна врска. Само штета е кога некои двајца се сакаат, а мораат да се разделат поради тоа погрешно време.А постои такво време верувајте ми...Најчесто тоа е она кога едниот е зафатен и од некои икс причини не може да биде со саканата,пример кариера или слично,или нешто важно што мора да му се случи во тој период,икс проблеми и слично.Битно постои погрешно време...
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
RealGirL напиша:

Тоа е тоа што го кажував на топикот за љубовни проблеми, дека денес децата на 15-16 години бараат врска наместо да уживаат во животот, да уживаат во новите познанства и новите искуства. Каде е сега Лејди Сатори да каже нешто. :) Додека го пишував ова се запрашав ако се почне врска на таа возраст дали е тоа врска во погрешно време и дали така може да се каже? Додуша јас сметам дека на таа возраст неможе да постои поимот врска во права смисла на зборот.

АуРоРа напиша:
Се разбира дека има и погрешно време и погрешна врска. Само штета е кога некои двајца се сакаат, а мораат да се разделат поради тоа погрешно време.А постои такво време верувајте ми...Најчесто тоа е она кога едниот е зафатен и од некои икс причини не може да биде со саканата,пример кариера или слично,или нешто важно што мора да му се случи во тој период,икс проблеми и слично.Битно постои погрешно време...
Еве едно типично погрешно размислување. Значи на некој ако му се пружи прилика за работа во друг град ќе отиде таму да работи и ќе раскине со некоја која е подолго време во врска и ја сака? Дали ако се во ист град и е зафатен поради кариерата нема да најде макар еден саат во денот да се види со саканиот? Значи ако има некој друг проблем освен проблем во врската меѓу нив двајца треба да раскине со таа личност? Ако е така тогаш тие двајца не биле во врска и не се сакале туку биле мувачи/ебачи. Вие не знаете што точно значи поимот врска. Да имаш потреба од некого, да делиш се со него, добро и лошо, кога ќе имаш проблем со него да го решиш, ако треба да се иселиш, да напуштиш работа и да отидеш во тој друг град само за да бидеш со некого затоа што љубовта и емоциите се на прво место а после идат материјалните нешта. Тие што си ја ставаат кариерата и материјалните нешта пред врската односно љубовта за мене се млитави куриња.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
vardarce напиша:
Додуша јас сметам дека на таа возраст неможе да постои поимот врска во права смисла на зборот.
Исто и јас без навреда кон помладите членови. Тоа е еден вид на врска, таква каква што можат тие да имаат и одржуваат, но е далеку од онаа вистинската во позрели години. Значи на темава ќе одговорам за малку посериозните врски.
Според мене погрешно време за врска нема, има само погрешни одлуки при размислувања со жешка глава во малку полоши периоди. Значи да, може да изгледа еден период лош, само што сте раскинале со некого, премногу сте зафатени со работа, големи домашни проблеми, имате веќе врска која е лоша и само што не сте раскинале и.т.н., но ако не седне човек во такви моменти да размисли убаво, секако може да пропушти нешто што можеби нема да го најде пак. Тоа е тоа ... треба само да се даде некому шанса во тоа "погрешно време", да се прифати храбро ризикот при влегување во врската (доколку не сте сигурни дека ќе испадне се како што треба, покрај вашиот труд и некакви загуби), да се има желба да се започне нов живот, игнорирајќи се лошо пред тоа (пр. некоја врска) и способност да го направите сето тоа, а и многу повеќе, на начин добар и прифатлив за двајцата.

АуРоРа напиша:
Се разбира дека има и погрешно време и погрешна врска. Само штета е кога некои двајца се сакаат, а мораат да се разделат поради тоа погрешно време.А постои такво време верувајте ми...Најчесто тоа е она кога едниот е зафатен и од некои икс причини не може да биде со саканата,пример кариера или слично,или нешто важно што мора да му се случи во тој период,икс проблеми и слично.Битно постои погрешно време...
Јас тврдам дека ако некој некого сака, и покрај кариера и покрај сите други примери наведени тука или не, ќе најде време за саканиот/ата и точка. Значи, тоа време ќе е помало и поретко, но такви изговори и размислувања не одат со зборот и чувството наречено љубов.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Јас не бев сама,тој не беше сам.Ги сакавме тие дома,но се сакавме лудо еден со друг.Не можевме да бидеме заедно.Доколку одлучевме да победи нашата љубов,ќе страдаа многу луѓе,деца.
Често си велевме...ех да се сретневме пред 10 години...

Најпосле кога тој реши да остави се, јас не дозволив, не можев, не сакав да живеам со несреќата, бесот, лутината, гневот на сите...Тоа ќе ни ја уништеше врската.

Ионака беше осудена. Ионака бев осудена.
Си се случивме во погрешно време.

ПОСТОИ ПОГРЕШНО ВРЕМЕ И ЗА ВИСТИНСКА ВРСКА!!! :(:(:(
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
bibika напиша:
Јас не бев сама,тој не беше сам.Ги сакавме тие дома,но се сакавме лудо еден со друг.Не можевме да бидеме заедно.Доколку одлучевме да победи нашата љубов,ќе страдаа многу луѓе,деца.
Често си велевме...ех да се сретневме пред 10 години...

Најпосле кога тој реши да остави се, јас не дозволив, не можев, не сакав да живеам со несреќата, бесот, лутината, гневот на сите...Тоа ќе ни ја уништеше врската.

Ионака беше осудена. Ионака бев осудена.
Си се случивме во погрешно време.

ПОСТОИ ПОГРЕШНО ВРЕМЕ И ЗА ВИСТИНСКА ВРСКА!!! :(:(:(
Бибика ... се повеќе и повеќе сфаќам дека никој нема да ми каже фала, ни па ќе ми ја врати еден ден среќата ако некогаш ја уништам поради него ... токму затоа, уште помалку мислам дека постои погрешно време за врска, доколку погрешното време го прават други луѓе ... :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom