- Член од
- 25 септември 2009
- Мислења
- 91
- Поени од реакции
- 10
Се радувам што во последно време станувам свесна за животот.
Среќна сум што успеав да престанам да се замарам со животот на друѓите и потполно да се посветам на мојот живот, на тоа како ми поминува времето,како размислувам, со кои луѓе го поминувам времето, кои се моите постапки.
За сите овие работи размислувам секојдневно а со самото тоа го чувствувам животот во моето срце.
Појасно и полесно ги забележувам убавините од животот и се трудам да не им дадам значење на лошите работи и да не им дозволам да завладеат со мене.
Се обидувам да го научам најдоброто кое произлегува од тешките моменти.
Престанав да се плашам од иднината и секој ден го живеам како последен ден од мојот живот.
Научив да бидам задоволна од тоа што го имам.
Им покажувам на луѓето што ги сакам дека ми значат многу што се дел од мојот живот.
Секој ден се обидувам да ги завршам најдобро моите обврски и секако да уживам во слободното време.
Се трудам на моето лице да има топла насмевка за секого, да се гледа добро расположение зашто никој нема вишок од живот за да би го трпел моето лошо расположение од понекогаш тешките моменти.
После сево ова моето срце е исполнето со љубов,радост и надеж за утрешниот ден.