Врвни научници - Христијани!

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
..Што ја прави и понатамошната дискусија околу деталите во врска со еволуцијата беспредметна.
Бакилус :) темава си има предмет "Врвни Научници - Христијани", а моментално збориме за тоа дали и колку научниците ја одобруваат или оспоруваат теоријата на еволуцијата.
Ама ти изгледа, бидејќи немаш што да кажеш на темава, па правиш нешто што е многу честа појава по форумиве: Ако немам аргументи на темата, ќе ја напаѓам личноста за која ништо не знам со неосновани критики :)
Чичко Чорбаџија е отпорен на такви провокации. Ако ти се прави маубет за моето образование, отвори си посебна тема за тоа, а тука ако немаш што да кажеш заобиколи. Дали јас сум со основно или со докторат тоа тебе ништо не ти мења, т.е. ти мења...бидејќи сеуште си студент, за тебе сум Професор Чорбаџија :)
 
Член од
3 август 2006
Мислења
92
Поени од реакции
1
Темава е тотално безпредметна и ми личи на брошура на јеховини сведоци кои шо ти ја оставаат на врата. Демек тезата е дека ако најголемите умови на човештвото верувале во Господ и биле декларирани христијани тогаш господ мора да постои.
Стварно не ја сваќам поентата на темава. Науката и религијата се два антагонизми кои никако несмеаат да се мешаат.
Токму тие научници кои ти ги имаш набројано ги имаат побиени догмите кои ги наметнува Христијанската религија така да тврдењето дека тие верувале во господ дефиниран од христијанската религија ти паѓа во вода. Постојат многу дефиниции за Господ тргни од многуте религии и пак ќе стигнеш до тоа. Ни ти ни било кој неможе да доказе дека кога тие научници кои како што кажав ги побивале догмите од црквата коа мислеле на господ мислеле на стандардизираната верзија на црквата.

Ваквата дискусија е тотално безпредметна. И ден денеска има такви ко тебе кои гиу присвојуваат изјавите на научниците за господ без да го увидат нивното вистинско значење.
Самиот Алберт Ајнштајн на кој што му го придаваат епитот најголем верник во една своја изјава има Изјавено:(не го знам точниот цитата така да ќе парафразирам) Господ епостои, и тој жги знае сите закони на физиката и на универзимут. Тој како таков немал потреба да вади ребро од адам за да ја створи ева туку би им наредил на електроните и протоните како што вчера го создадовме адам ајде да ја создадеме и Ева.
Науката и религијата никогаш не треба да ги мешаш, затоа што токму тие научници биле одсекогаш антагонисти на религиозната догма и мисла. Токму тие научници биле тие кои што на ренесансниот и на модерниот човек му ги донеле прашањата за универзумот кој што црквата никогаш немозела да му ги одговору туку едноставно ги ставила во форма на догма.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Токму тие научници кои ти ги имаш набројано ги имаат побиени догмите кои ги наметнува Христијанската религија така да тврдењето дека тие верувале во господ дефиниран од христијанската религија ти паѓа во вода.
Бла бла бла... многу текст, оскудна содржина, аргументи НУЛА :)

Го прочита ли ти воопшто воведов на темава? Искрено не верувам, зашто ако си го прочитал немаше да го треснеш лапсузов погоре :)
Сите научници што ги наведов си верувале во Господ дефиниран од христијанската вера и откриен преку Библијата.

,, Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно. "
-Исак Њутн

Еве неколку изјави на Јоханес Кеплер:
"Јас сум христијанин!"

"Сакав да станам теолог, но сега гледам дека преку моите трудови Бог се прославува и во астрономијата, зашто ...небесата ја искажуваат Божјата слава, небото ги објавува Неговите дела" (овде Кеплер го цитира библискиот Псалм 19, стих 1.)

"Јас верувам единствено и исклучиво во службата на Исус Христос...Во него е секое прибежиште, секоја утеха."


,, верувам во Христовата смрт, воскресение и вознесение, како и во сите Негови чудесни дела што ги извршил додека бил на Земјата, за да го увери човештвото дека тој е и Бог и човек. "
-Роберт Бојл

,, Има изобилство од докази дека Библијата, иако ја пишувале луѓе, не е производ на човековиот ум. Безброј луѓе во сите времиња ја почитувале Библијата како комуникација на Створителот на вселената со нас."
-Сер Амброз Флеминг

итн. за повеќе прочитај си го воведов на темава.
Поздрав!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Шипки еволуирале :) Ампицилинот делувал на некои бактерии, ама не и на сите бактерии. На тие на кои делувал сеуште делува, а на тие на кои не делувал сеуште не делува и тие се повеќе и повеќе, бидејќи неуништени, се размножуваат и стануваат доминантни за разлика на оние првите чиј број се намалува заради амицилинската бомба, па нас површно ни делува како овие да станале отпорни на ампицилинот, а всушност се работи за други бактерии во нашето тело кои се отпорни на него.
Вака... за истите бактерии за кој се прпишувал ампицилинот сега се препишуваат други антибиотици. Бактериите еволуирале, станале отпорни на него. Не се ИСКОРЕНЕТИ болестите за кои се препишувал порано ампицилинот. Воспаление на грло кое порано (пред 10-20 години лесно се третирале со него , сега не делува) Инаку еволуцијата и понатаму си тече како што си течела и пред 3 милијарди години, та дури и човекот прави еволуција, ја зеде улогата на бог да создава нови видови и усовршува стари.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Воспаление на грлото предизвикуваат повеќе бактерии. Не постои само една бактерија под името "Воспалитис Грликис" :) па да тврдиш дека таа еволуирала. Медицината секојдневно открива нови бактерии и којзнае дали до сега има откриено 50% од бактериите што постојат на планетава. Бактериите, иако имаат способност да се менуваат во рамките на сопствениот вид, тие не еволуираат - заробени се во својот вид и ќе си останат бактерии forever.

А за тоа дека човекот еволуирал во Бог, тука мoжеби си и во право (но во некоја друга дефиниција за поимот Еволуција :)
Имено, библиска вистина е дека човекот посакал да стане "како Бог", тоа е падот на човекот во грев опишан во Битие 1,2 поглавје.
Поздрав!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
иако имаат способност да се менуваат во рамките на сопствениот вид, тие не еволуираат - заробени се во својот вид и ќе си останат бактерии forever.
Менување не е еволуција... хмммм
Види очигледно зборуваш за работи кои не ти се познати. НИКОЈ (па ни природата) не ги тера бактериите да станат нешто друго. Тоа не е еволуција. Погрешно си ја разбрал еволуцијата, и нејзиниот принцип. Затоа и ти е чудна и неверојатна.
 
Член од
7 септември 2007
Мислења
99
Поени од реакции
1

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Немој со вакви личности и слики. Ова се луѓе кои само се криеле позади црквата. Тие немале никаква врска со христијанството нит пак со Бога.
Тоа го знаеш сигурно или претпоставуваш?
Значи “добриот“ научник е вистински и искрен верник а др. Павелиќ и или др Гебелс се само “кријачи“ без врска со црква (иако биле убедени христијани и оделе во цркви) А тоа некако на црквата не му текнува во моментот туку ОТКАКО нивните идеологии ќе претрпат неуспех. Со Библија во раце се правени добри дела но се правени и колежи и масакри. Никој не треба да се срами и да си ја крие историјата, Инквизицијата која со векови била ЛЕГИТИМЕН инструмент на црквата и во чие име се спалувани и забранувани книги (па и автори) сега се прават обиди да се извади од христијанството и како да беше нешто посебно или надвор од неа (иако своите поткрепи и темели Инквизицијата ги наоѓа токму во светите писма)
 
Член од
7 септември 2007
Мислења
99
Поени од реакции
1
Тоа го знаеш сигурно или претпоставуваш?
Значи “добриот“ научник е вистински и искрен верник а др. Павелиќ и или др Гебелс се само “кријачи“ без врска со црква (иако биле убедени христијани и оделе во цркви) А тоа некако на црквата не му текнува во моментот туку ОТКАКО нивните идеологии ќе претрпат неуспех. Со Библија во раце се правени добри дела но се правени и колежи и масакри. Никој не треба да се срами и да си ја крие историјата, Инквизицијата која со векови била ЛЕГИТИМЕН инструмент на црквата и во чие име се спалувани и забранувани книги (па и автори) сега се прават обиди да се извади од христијанството и како да беше нешто посебно или надвор од неа (иако своите поткрепи и темели Инквизицијата ги наоѓа токму во светите писма)
Ако оделе во црква не значи дека биле вистински христијани. Познавам многу луѓе кои се прават христијани(православни) кои одат во црква,палат свеќа, се молат на светците, оставаат зејтин. Се тоа е во црквата ама ништо од тоа не е христијански.
Впрочем црквата не е некоја институција или организација или пак некоја зграда. Црквата сме ние вистинските христијани кои веруваат и живеат според Божјиот збор(Библијата) со Исус како глава на црквата.
Инквизицијата не може сето тоа да го најде во Библијата, туку погрешното нејзино толкување, се со цел да го заштити своето влијание врз луѓето. Тоа НЕ вистинската црква. Библијата никаде не повикува на убивање и зло.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
та.
Библијата никаде не повикува на убивање и зло.

5 “Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви“Секој нека ги убие своите луѓе, што му служат на Ваал-Фегор“
4та Мојсеева 25

52 Погубете ги од пред себе сите жители на ова земја, разрушете ги сите нивни храмови и сите излеани идоли, разрушете ги сите нивни жртвеници разорете ги
4та Мојсеева 33
 
Член од
7 септември 2007
Мислења
99
Поени од реакции
1
Зашто Бог го излива својот гнев врз неверниците:
"Бидејќи Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на создаденото наместо на Создателот" (Римјаните 1:25)
“Безумникот рече во своето срце: Нема Бог“ (Псалм 14:1)

“Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат“ (Исаија 53:6)
“Бог гледа на човечките синови од небесата, да види има ли некој разумен да го бара Бога. Но, сите свртија заедно, сите се расипаа; никој не прави добро, нема ниеден“ (Псалм 53:2-3)
“Во последните денови ќе настапат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат себични, среброљубци, фаленичари, горделиви, пцујачи;непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без љубов, непомирливи, злобни клеветници, невоздржани, свирепи, непријатели на доброто, предавници, безобѕирни, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви“ (2 Тимотеј 3:1-4)
Божјата љубов и Неговиот гнев се компатибилни на начин што ние не го разбираме. Но, иако не разбираме изборот е на нас. Бог вели дека сите ние заслужуваме осуда и смрт и тоа во овој момент. Исус: “...ако не поверувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во своите гревови“ (Јован 8:24)
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Многу брутален бре овој Господ.
Штета што нема доволно секс во Библијата. Ќе имавме прекрасна садо-мазо литература за пред спиење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom