Не мора да се обрнува внимание на измешаните муабети, самите нови огласи за вработување кои се повторуваат секој месец одново и одново говорат доволно за условите за работење во Електроелемент.
За волја на вистината, условите за работење во било кои големи продавници за алати, градинарство, санитарија и останати производи од поширок асортиман од типот на Бриколаж, Електроелемент, Меркур, еве од неодамна и новоотворениот Техноцентар Алфи во Автокоманда и на нив сличните, воопшто не се за пофалба.
Кога ќе видиш едни исти вработени денес во Меркур, за месец дена во Бриколаж, а месец дена подоцна во Електроелемент, а потоа ги снемува, па ги гледаш повторно дури после неколку месеци на некое сосема четврто/петто/шесто место на тотално поинаква работна позиција, повеќе од очигледно станува дека условите за работа во ваквите компании не се баш на задоволително ниво.
Тоа што сопственикот на сите тие компании врши увоз и одржување/сервисирање на производи од светски брендови не значи дека е и` професионален на своето поле на работење. Киа, Волво, Јагуар, Ленд ровер и останатите ги интересира единствено салонот за продажба и сервисот да одржуваат стандарди кои тие самите ги вовеле, а во какви услови работат вработените и колку вработени си заминале во текот на изминатите 12 месеци воопшто не ги интересира тие светски брендови, бидејќи на крајот на краиштата, тие продаваат готови производи, а не човечки услуги.
Јас лично бев сведок на непрофесионалноста на Порше Македонија кога работев пред повеќе години за приватна компанија и го однесов службеното возило на редовен сервис во Порше Македонија. Возилото дремеше во сервисот 2 (ДВА) часа, им ставив до знаење дека централната брава се расипа баш пред 2 (ДВЕ) недели, а овие ми го вратија возилото со неисправна централна брава. Кога конечно им пристигнаа нови делови за централната брава после месец дена - а демек се овластен дистрибутер и сервисер - возилото им дремеше во сервисот недела дена додека да ја поправат централната брава.
Мој колега помина полесно кога му се скрши предниот браник на неговото службено возило, па 2 (ДВА) дена го задржаа возилото во сервисот на Порше Македонија за да го сменат браникот. Како за споредба, месец дена претходно јас го менував предниот браник на моето приватно возило, мајсторот што ми го поправа возилото цел живот дремеше под возилото 4 (ЧЕТИРИ) часа среде паркингот кај мене пред зграда, без ничија помош, без дигалки и хидраулики, без никаков професионален алат, но сепак успеа после тие 4 (ЧЕТИРИ) часа да го смени предниот браник.
Така да, тоа што некоја компанија е овластен дистрибутер и/или сервисер за некој светски бренд, не значи дека и условите за работење во таа компанија се на светско ниво, а уште помалку па значи дека квалитетот на услугите на компанијата е на светско ниво.