Вработување во електроелемент/киа/волво/јагуар, ленд ровер

Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.659
Поени од реакции
211
Дечки ме интересира ваше мислење за вработување во електроелемент односно сите овие погоре наведени компании нели се на исти газда. Повеќе ме интересира за фирмиве со коли што се занимаваат, но секое искуство и мислење е добредојдено. Многу измешани муабети слушам од луѓе и по интернет. Дека газдата бил ваков таков, дека кадарот често си одел односно се менувал итн итн.
Ми е чудно како такви огромни сервиси како јагуар/ленд ровер, агс сервисот се затворени. Дали испобегале луѓе поради некоја причина или нешто друго...
Ако имате искуство или знаете некој кој бил дел од овие компании секоја информација би ми значела. Фала однапред
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.635
Поени од реакции
7.672
Не мора да се обрнува внимание на измешаните муабети, самите нови огласи за вработување кои се повторуваат секој месец одново и одново говорат доволно за условите за работење во Електроелемент.

За волја на вистината, условите за работење во било кои големи продавници за алати, градинарство, санитарија и останати производи од поширок асортиман од типот на Бриколаж, Електроелемент, Меркур, еве од неодамна и новоотворениот Техноцентар Алфи во Автокоманда и на нив сличните, воопшто не се за пофалба.

Кога ќе видиш едни исти вработени денес во Меркур, за месец дена во Бриколаж, а месец дена подоцна во Електроелемент, а потоа ги снемува, па ги гледаш повторно дури после неколку месеци на некое сосема четврто/петто/шесто место на тотално поинаква работна позиција, повеќе од очигледно станува дека условите за работа во ваквите компании не се баш на задоволително ниво.

Тоа што сопственикот на сите тие компании врши увоз и одржување/сервисирање на производи од светски брендови не значи дека е и` професионален на своето поле на работење. Киа, Волво, Јагуар, Ленд ровер и останатите ги интересира единствено салонот за продажба и сервисот да одржуваат стандарди кои тие самите ги вовеле, а во какви услови работат вработените и колку вработени си заминале во текот на изминатите 12 месеци воопшто не ги интересира тие светски брендови, бидејќи на крајот на краиштата, тие продаваат готови производи, а не човечки услуги.

Јас лично бев сведок на непрофесионалноста на Порше Македонија кога работев пред повеќе години за приватна компанија и го однесов службеното возило на редовен сервис во Порше Македонија. Возилото дремеше во сервисот 2 (ДВА) часа, им ставив до знаење дека централната брава се расипа баш пред 2 (ДВЕ) недели, а овие ми го вратија возилото со неисправна централна брава. Кога конечно им пристигнаа нови делови за централната брава после месец дена - а демек се овластен дистрибутер и сервисер - возилото им дремеше во сервисот недела дена додека да ја поправат централната брава.

Мој колега помина полесно кога му се скрши предниот браник на неговото службено возило, па 2 (ДВА) дена го задржаа возилото во сервисот на Порше Македонија за да го сменат браникот. Како за споредба, месец дена претходно јас го менував предниот браник на моето приватно возило, мајсторот што ми го поправа возилото цел живот дремеше под возилото 4 (ЧЕТИРИ) часа среде паркингот кај мене пред зграда, без ничија помош, без дигалки и хидраулики, без никаков професионален алат, но сепак успеа после тие 4 (ЧЕТИРИ) часа да го смени предниот браник.

Така да, тоа што некоја компанија е овластен дистрибутер и/или сервисер за некој светски бренд, не значи дека и условите за работење во таа компанија се на светско ниво, а уште помалку па значи дека квалитетот на услугите на компанијата е на светско ниво.
 
Последно уредено:
Член од
26 април 2012
Мислења
196
Поени од реакции
116
Еве ти инфо од бивши вработен (од прва рака :))
За претходната година добивме к15 само 500 денари, имаш инфо на нет и на вести на алфа имаше ама џабе
Не тераа да потпишеме дека се откажуваме од к15
Во Волво кога се побуниле за к15 по нивно кажување комплет сите си ја добиле клоцата и тоа со навреди и закани
Останување плус по која било потреба најчесто кога има акции се работи по цел ден не е платено плус ништо
Газдата и неговото однесување спрема вработените е посебна приказна
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.659
Поени од реакции
211
Ова за К15 го имав прочитано, да законски следува и е мн. педерски тоа да добиеш 500денари(мада мене не ми е одлучувачки фактор). Моментот дека добиле клоци и закани е да ти се повраќа... Имаше сега оглас бев на интервју затоа и прашувам, односно збирам информации.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.309
Поени од реакции
38.911
Не мора да се обрнува внимание на измешаните муабети, самите нови огласи за вработување кои се повторуваат секој месец одново и одново говорат доволно за условите за работење во Електроелемент
Не за Електроелемент, туку онака општо пишувам дека некогаш и не мора не значи ако секој месец објавуваат огласи и фирмата е за никаде. Некои преку огласи си прават реклама.

Но, за некоја фирма доволно е да ги посетуваш почесто и ќе видиш дали се истите или имаат нови ликови таму.

Оставите муабети и искуства, за некои една фирма може да е добра, а за друг лоша. Зависи кој што бара и со што е задоволен.
Некои може и да ви кажат негативни коментари само за да не дојдете во нивна фирма и да не им бидете конкуренција. ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.635
Поени од реакции
7.672
Не за Електроелемент, туку онака општо пишувам дека некогаш и не мора не значи ако секој месец објавуваат огласи и фирмата е за никаде. Некои преку огласи си прават реклама.

Но, за некоја фирма доволно е да ги посетуваш почесто и ќе видиш дали се истите или имаат нови ликови таму.

Оставите муабети и искуства, за некои една фирма може да е добра, а за друг лоша. Зависи кој што бара и со што е задоволен.
Некои може и да ви кажат негативни коментари само за да не дојдете во нивна фирма и да не им бидете конкуренција. ;)
Сепак конкретно за Електроелемент можам да ти потврдам дека лично сум се уверил во заминувањата на нивните вработени - некои отпуштени, а некои своеволно си заминале поради незадоволителни услови за работа.

Нема за коментирам за Киа, Волво, Јагуар и Ленд ровер бидејќи не сум имал потреба од нивните производи и услуги, но за Електроелемент можам да ти потврдам дека вработените ги менуваат речиси како чорапи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom