Сигурен си дека на правилно место си дошол?
Динамик вриеше од форумџии, со куп од нив се запознав (во друга тема за тоа

) се отворив од пиење мартини, малку играв, се зезав и така.
Афтер-парти-то во Маракана беше лудила, поубаво амин.
Ееееј, ама кратко сум си го опишала поминооот! *лигл, лигл*
Ајмо детално.
Накај Динамик отидов со комшито ми rymz и заедно мрзневме дур ги чекавме жените форумџики да се нацртаат на збирното место. Дур чекав се запознав со куп малечкички форумџичиња.
Кога влеговме веќе беше пуно, се сместивме и мартини баграта веднаш почна со својата дејност. Јас, маца_мк, Крејзи ин лав и Ред хот! се остаивме од пиење мартини, па на крај дури и чаша скршивме (онака симболично, мартини чаша

)
Малку ме мањачеа по слики (поздрав до деколтето ми), се сликав со Теди специјално за Појол (ете, не забораила Џипсито), делев црвени бакнежи (мислам дека Скај Дог си доби највеќе и од мене и од Теди, и на чело имаше

) и се запознавав со кој стигнам. Иначе, тестирав финоќа на форумџии, и ги терав да ме частат (демек на заебанција *винк, винк, смеш, смеш* ама си ќарив пијачки на кило (Водка би рекол 150 денари кило

)
Афтерпартито беше во Маракана, а од паркингот до влезот јас се шетав по фустанчето без јакна без ништо, и сега мааааалку ми е сјебано десното рамо.

Скоро сите кајганџии беа поредени во првите борбени редови, се убутавме некако и јас и синдикалците, е таму веќе не се ни сеќавам што се дешаваше.

Знам дека се убив од рипање и вриштење на одредени песни што ми останале у сеќавање од кога биле актуелни, играв танго со Скај Дог на „Како ли јас да пораснам“ (оооо, Боже колку сум се смеела

) и после нешто ме филмаа на некои други песни кои искено не се сеќавам кои беа.

Нешто не снимаа од А1 мислам, паднаа добри фотки со мојата нова „Кортни Лав“ кошула подарена (позајмена, де) од Гижо, и да...косата и образите ми претрпеа невидено насиље од одредени форумџии кои нема да бидат именувани.
После на Водно, па на ждерење, и домче. Аух, факинг добра журка!:kewl: