Е видиш, јас па познавам доста момци и девојки што џигерот ми го извадиле како Господ постои и го создал светот, како еволуцијата е срање,а јас ќе горам во пеколот, иако јас ниту сум ги прашала ниту па сум побарала проповеди од нив.
Еден од нив денес не пропушти да ми се пофали како ја вара женска му со некоја цицлеста плавуша. Во глава си помислив: Did I miss something my theist friend?
Зарем предбрачниот секс не беше најстрого забранет во Библијата? Зарем прељубата не беше еден од најстрашните христијански гревови? Oh wait, 95 посто од верниците се верници само декларативнo, ниту ја имаат прочитано Библијата, ниту па живеат според христијанските принципи. Ама битно нема да одат на работа на Велики Петок.
Али за разлика од овие блудниве атеисти, нема да одат на викенд во Банско, или да се пијанчат у некоја кафана. Нема шанса.
Сигурно цел ден ќе го поминат во молитви и литургии.