Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на други планети, а не само на Земјата. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се потсетиме какви се уникатни и строги услови треба да исполнува една планета, за да поддржува живот, и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на друга планета. Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселената има само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот. Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган, пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна, таа ѕвезда (сонце) не би смеела да биде ни со премногу мала маса, сашто во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот. Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на планети Џорџ Ведерил (Георге Њетхерилл) од Институтот Карнеги во Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати почесто погодувана од комети и кометски материјал. Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата. А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат, водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара). Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно, разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи. Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од неколку илјади километри на час! Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните, а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата. Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите би биле премногу високи за живот. Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на површината на Земјата не би биле соодветно заштитени. Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања. Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата е идеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена бавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување. Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана. Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е најодговорна за евектот на стаклена градина кој е од суштинско значење за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници за да истата може да подржува живот. Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70°Ц, би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило. Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите острови и полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок. А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата. Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја. Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена бавча; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза. Бојата и интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна. Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон сината боја. Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога за животот на земјата. Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени, ќе ги споменеме уште: проѕирноста на атмосферата атмосферскоит притисок минерализација на почвата сеизмичките активности температурниот градиент на атмосферата соодносот меѓу океаните и континентите локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања густината на планетата, и многу други параметри. Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена, строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме која е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме субјективни ако кажеме дека таа веројатност е многу мала. Прашање до атеистите: Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала, зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?
--- надополнето: 11 април 2012 во 23:17 ---
1) Полнежот на протонот и електронот е совршено еднаков. 2) Ако односот на масите на протонот и електронот (1836 : 1) беше значително поинаков, не би можеле да се образуваат неопходните молекули, па ни би имало ни хемија, ни живот, ни физичари кои би го истражувале тоа. Релативниот однос меѓу четирите основни сили во природата: 3) Односот меѓу релативните јачини на електромагнетната и гравитационата сила е фасцинантен. И двете сили играат неопходна улога во формирањето и градбата на ѕвездите.Тие се држат меѓу себе со помош на гравитационата сила, а енергијата која ја зрачат е во вид на електромагнетно зрачење. Физичарите укажува дека доколку гравитацијата би била различна за само еден илјадити дел, тогаш ѕвезди како нашето сонце воопшто не би постоеле, а сосема сигурно не би постоеле и облици на живот кои за свое одржување зависат од ѕвезди-сонца. 4) Исто така односот помеѓу Јаката и Слабата нуклеарна сила во атомот е фасцинантен. Овие две сили ги определуваат заемодејствата помеѓу протоните, неутроните и електроните во атомот. Физичарите укажуваат дека доколку Јаката нуклеарна сила би била само малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе од еден протон, никогаш не би можеле да се образуваат. Во таков случај целата вселена би се состоела од водород, кој има само еден протон во своето јадро. Од друга страна ако Јаката нуклеарна сила би била малку појака, целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум, а без присуство на водород во подоцнежната фаза, не би можеле да се формираат ѕвезди. И најмали промени во Слабата нуклеарна сила би имале погубно дејство врз животот, но таа е токму на потребното ниво кое овозможува водородот да гори бавно и со иста брзина во огнената внатрешност на ѕвездите. Стивен Хокинг го нагласува значењето на прецизната урамнотеженост меѓу основните сили и заклучува: Станува јасно дека има релативно мал избор на бројни вредности кои овозможуваат развиток на каков било облик на интелегентен живот. 5) Стивен Хокин вели дека: Ако експанзијата на универзумот би била само сто илјади милиони милионити дел побавна, целиот универзум би колапсирал многу рано. А ако експанзијата би била појголема за еден милионити дел, тогаш галаксии, ѕзвезди и планети немаше никогаш да се формираат. 6) Ако резонантното ниво на Јаглерод 12 беше за 4% пониско, Јаглеродот немше да се формира. А ако пак беше за 0.5% повисоко, тогаш речиси целиот Јаглерод би бил "исчистен", што би значело дека не би се соединувал со хелиумовите јадра за да создаде кислород. А ако нема јаглерод ќе не нема ни нас. Јаглеродот, Кислородот, Азотот и други потешки елементи потребни за живот, сите зависат од ова. 7) Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од сонцето, за да добива соодветно количество на топлина и светлина. 8) Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога за животот на земјата.
--- надополнето: 11 април 2012 во 23:19 ---
Бог е најдоброто објаснување за почетокот на Универзумот.
1) Се што почнува да постои мора да има своја причина. 2) Универзумот има свој почеток. (15-20 милијарди години) 3) Затоа Универзумот има своја причина Првата премиса следи дирекно од законот на каузалноста. Последицата е почетокот на новото постоење.Но дали може Причината да произведе Последица, ако таа Причината сеуште не постои? Втората премиса е добро позната.Универзумот не е вечен. Спротивното тврдење се судрува со Вториот Термодинамички Закон. Тој вели дека со текот на времето ентропијата(мерка за неред) расте, а потенцијалната енергија со која може да се изврши некоја работа се намалува. Па така ако универзумот би бил вечен, сите ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонце би требало могу многу одамна(бесконечно минато време) да согореле т.е. топлотната смрт требала да се случи многу одамна. Но не е така, Сонцето и уште милијарди други ѕвезди сеуште светат. Без конкуренција, една од најпознатите и најприфатените теории за настанокот на универзумот е теоријата Биг Банг (Големата Експлозија) Теоријата вели дека таа експлозија се случила пред 15-20 милијарди години, иако е тоа пред огромно време, сепак е конечно. Третата премиса е логичка импликација од првите две.--- надополнето: 11 април 2012 во 23:20 ---
Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината за нивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив.Основни својства на контингентност се: Променливост Ако некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност. Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна. Таа е контингентна. Временост Кога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време, тоа се одликува со временост. Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен. Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик, туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност. Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе биде вечна, самобитна. Конечност, Ограниченост Се што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо, е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков, конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш и целината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите). Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури и приближни вредности за радиусот и масата на целата вселена. Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули) Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности, но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се, се конечни. Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а не самобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан, бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата. Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може да ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење, а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиниција може да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.