Во што веруваат атеистите?

Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
Физички докази има до некаде, се друго е теорија...верување, како и религиите.

Н-та тема за кој во што верува, како мојот кунг фу е подобар од твојот кунг фу.
Ти не можеш да веруваш во науката, како што веруваш во Бога, дај не збори глупости. Ти можеш да се согласуваш со некоја теорија и да речеш да така е таа го објаснува тоа и тоа или да речеш теоријата е погрешна и да бараш контрарешение. Ама не веруваш ти. Не е тоа божество. Глупости.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 01:02 ---
-.-
за да верувам во сатаната треба да верувам во господ, а не верувам
атеистите веруваат во биг бенг, еволуција и наука (биологија, хемија, физика)
Atheist is someone who denies the existence of god
Не збори така дека атеистите ги покриваат своите ставови со Биг Бенг, Еволуцијата на Дарвин и сл. За мене самиот Дарвин е мајмун. Јас не се согласувам воопшто со Дарвин, него тоа е друга тема па ќе запрам тука.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 01:07 ---
Има ли атеисти на форумот да ми одговорат?
Колку си бистар батка. Ако толку те интересира Биг Бенгот настанал пред 13,6 билиони години, човекот не ме фаќајте за збор не сум точно сигурен, ама мислам пред милион години. Така што имаш јазл овде од само 13,5 билиони години и тоа ако точно сум ги погодил годините од појавата на човекот. Може и повеќе да биде.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 01:16 ---
I ucitelot bira na koj da mu ja otvori vratata.....ne si cul za ova?
Тогаш очигледно ти си еден од тие на кои им ја затворил :P
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не збори така дека атеистите ги покриваат своите ставови со Биг Бенг, Еволуцијата на Дарвин и сл. За мене самиот Дарвин е мајмун. Јас не се согласувам воопшто со Дарвин, него тоа е друга тема па ќе запрам тука.
Ако е друга тема едно мислење ке ти дозволат за офтопик и онака не смеа да си дозволат да не бришат ќе нема кој да им пишува.
Разјасни ми зашо ја отфрлаш теоријата на дарвин.
 
Па како да почнам целата оваа разновидност на живиот свет според таа теорија потекнува од само една едноклеточна единка, што значи постоело само една генетска информација од само еден вид на организам. Како тогаш настанале сите останати видови. Ќе речеме со мутација, еден код да мутира толку пати истовремено, но сепак да биде различно, не би рекол. Со други зборови, мутирање е губење на генетска информација, така што според мене, повторно сме во сосојба пред појавата на оваа теорија. Или во поповолен случај, да дошло мешање на друга генетска информација од страна што засега е ептен дискутабилно за жал. Зошто не верувам дека човекот настанал од мајмун? Па како има денес мајмуни. Ако ги споредиме останатите организми како еволуирале според таа теорија, ниту еден вид не живее паралелно, но само луѓето и мајмуните може. Второ најцврстиот доказ кој може да ја потврди оваа теза се уште не е најден. Дали го нема или чека да биде најден, не знам. Тоа е алката која може да го поврзе еволуирањето на мајмунот во човек, односно претходникот на австралопитекусот. Но, во секој случај, повеќето докази не и одат во прилог на оваа теорија, но тоа е мое мислење. :)
 
Готово. Се ми е јасно. Претпоставував дека врска немаш за Дарвин, и во право бев. Иди прочитај дека нигде не рекол дека сме настанале од мајмуни и размисли пак за неговата теорија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Па како да почнам целата оваа разновидност на живиот свет според таа теорија потекнува од само една едноклеточна единка
мислиш "на почетокот" постоел само еден едноклеточен организам? :unsure:
Со други зборови, мутирање е губење на генетска информација, така што според мене
ако е така, во ред. ние постојано губиме информации
Зошто не верувам дека човекот настанал од мајмун?
///
Не збори така дека атеистите ги покриваат своите ставови со Биг Бенг, Еволуцијата на Дарвин и сл. За мене самиот Дарвин е мајмун.
да се обидеш да поставиш такви теории за убавината, селекцијата и развојот на видовите 1800-тите, кога си можел да се ослониш на само некои "пред-еволуциони теории" во време кога црквата била устав и немало интермец, а тие теории да се основа за натамошни теории...што знам,...не би го омаловажувал човекот.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не збори така дека атеистите ги покриваат своите ставови со Биг Бенг, Еволуцијата на Дарвин и сл. За мене самиот Дарвин е мајмун. Јас не се согласувам воопшто со Дарвин, него тоа е друга тема па ќе запрам тука.

Аферим младо момче:cool:

Паметно кажано.

Ќе се соочиш тука (на форумов) со моментот дека атеизмот е изедначен со Биг Бенг и Дарвин. За жал.

п.с. Разгледај ја темата Креационизам vs Еволуционизам
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
Готово. Се ми е јасно. Претпоставував дека врска немаш за Дарвин, и во право бев. Иди прочитај дека нигде не рекол дека сме настанале од мајмуни и размисли пак за неговата теорија.
Добро бе како сакаш, секој има право да мисли што сака. За мене еволуционата теорија не е веродостојна, но ако ти сметаш дека се си е на свое место, баш ми е мило. И да, во право си, признавам дека згрешив што реков дека Дарвин кажал дека човекот потекнува од мајмуни, но сепак, јас не зборував конкретно за човекот, туку општо за целата теорија.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ќе се соочиш тука (на форумов) со моментот дека атеизмот е изедначен со Биг Бенг и Дарвин. За жал.
Не е неопходно. Преминувањето во атеизам во најголем случај се должи на неможноста на рационалниот и љупопитниот ум да најде одговори за потеклото на универзумот и животот во светите книги. Потрагата по нови теории и одговори започнува потоа но сосема е неважно кои теории ќе ги прифатиш а кои ќе ги отфрлиш. Ако религиските објаснувања и толкувања не ти прават никаква смисла, изборот е направен.
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
мислиш "на почетокот" постоел само еден едноклеточен организам? :unsure:
Да точно така, на почетокот животот така се формирал. Само една клетка. Прво се претпоставува според некои експерименти дека најпрво се создала плазмалемата од клетката, па потоа останатиот состав. Секако DNA е на почетокот, но јас мислам дека и DNA не е прва затоа што е многу сложено градена, а второ за нејзина репликација потребно е да постои полимераза, па веројатно има некои „претходници“.

ако е така, во ред. ние постојано губиме информации

не си ме разбрал или лошо се имам изразено како и да е, не мислев баш буквално губење, туку како што кажав првиот живот настанал само со еден организам (според еволуцијата зборам) и кога тој мутирал се создало нешто ново, но претходното „умрело“. И јас реков како може од една генетска информација да мутира од нешто толку просто, истовремено да се издиференцираат повеќе нови видови, односно од едно да еволуира во нешто друго толку многу пати. И ако се водиме според таа логика денес човеколики мајмуни не би требало да има зашто сите би еволуирале во човек.

да се обидеш да поставиш такви теории за убавината, селекцијата и развојот на видовите 1800-тите, кога си можел да се ослониш на само некои "пред-еволуциони теории" во време кога црквата била устав и немало интермец, а тие теории да се основа за натамошни теории...што знам,...не би го омаловажувал човекот.

Па добро се обидел човекот, не викам не, ама се прават грешки. Затоа се трудат научниците да најдат доказ дека не е така. Ако не се најде ништо, да така било, Дарвин бил во право и готово, што толку трагично ме сфати не знам.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 17:27 ---
Аферим младо момче:cool:

Паметно кажано.

Ќе се соочиш тука (на форумов) со моментот дека атеизмот е изедначен со Биг Бенг и Дарвин. За жал.

п.с. Разгледај ја темата Креационизам vs Еволуционизам
Баш поради таа причина многу пати ја имам само одминато оваа тема, бидејќи ниту креационизмот ниту еволуционизмот ми прават логика, ама баш ќе ја разгледам сега. :)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Баш поради таа причина многу пати ја имам само одминато оваа тема, бидејќи ниту креационизмот ниту еволуционизмот ми прават логика, ама баш ќе ја разгледам сега. :)
И сега што бидна...
Сакаш да се претставиш како атеист ама еволуцијата не те задоволува како теорија.
Јави ни на која база се „осеќаш“ атеист?
На база на тоа што си пораснал и не веруваш во тоа дека Дедо Мраз е БОГ?.....
Во што веруваш?
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
И сега што бидна...
Сакаш да се претставиш како атеист ама еволуцијата не те задоволува како теорија.
Јави ни на која база се „осеќаш“ атеист?
На база на тоа што си пораснал и не веруваш во тоа дека Дедо Мраз е БОГ?.....
Во што веруваш?
Те молам не се брукај со тоа што ќе кажеш дека се праам нешо атеист зашо не ме задоволувала теоријата на еволуција. Да не ме задоволува, ама ти како теист на кој„ сите“ погледи му се ширум отворени најди ми нешто научно издржано со факти и докази и не се праи мн паметен кога не си. И не се обидувај да ми го вметнеш креационизмот затоа што нема да ти пројде ни тоа. Уште од сега ти кажувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom