Од друга страна, атеистот не мора да значи дека бара само интелектуално знаење, ако не верува во религиозните догми за божественото!
Едноставно не може и не дозволува да верува во божества... тие се навикнати да се надеваат само ако нештото постои и е опипливо.
Не мора да значи и дека атеистот е материјалист!
Тој само одбива да ја следи онаа догма „верувај во богот и ќе бидеш спасен“.
Убаво кажано..
Ево јас како атеист(агностик), мислам дека човештвото уште при самата креација е "осудено" да не ја дознае вистината.
Значи, не ја отфрлам можноста да постои некој друг вид на енергија, материја и слично...
Убеден сум дека единствен начин да се стави крај, конечен заклучок на нештата, е да се верува во натприродни креатори како Бог.
Во превод, не прашувај многу и замижи ѝ на радозналоста.
Е сеа нормално, таквите чувства не може секој да ги контролира, па затоа луѓето се скептици за многу работи.
Јас лично си викам.. ако Бог дарил очи, уши, уста, раце.. како основни алатки за комуникација и спознавање... тогаш зошто ни треба нешто повеќе од тоа за да веруваме во него?
ЗОШТО БОГ би го криел своето постоење?
Природата и вселената се видиливи... Ни покажале многу работи што умеат да ги прават. Ни покажале дека сме во нивни раце, и дека во секое време можат да не збришат од Земјава.
Ако верниците мислат дека е некакво чудо да постои БОГ, грешка се.
Колку само чуда има како него.... не може да се добројат.
Не можам да верувам во БигБенг, зошто секогаш ќе се запрашувам што имало пред експлоизијата.. (иако Хопкинг вика дека самото "време" започнало после експлозијата, значи "нема" ништо ПРЕД бигбенг..) тоа е за мене.... мижи да те мамам.
Ако универзумов започнал така, тогаш шо прајме за мултиверзумот? До сега гледаме сончеви системи, групи на звезди, па галаксии, па универзум, па нормално дека следно се групи од универзуми... Сигурно нема кинески ѕид на крајот...
Така да, и да постоел Бог, и да го креирал универзумов, па и мултиверзумот... џабе. Секогаш останува, кој го создал него, па тој пред него... итн итн.
Е затоа викам дека нас не ни е судено да е знаеме вистината. Не можеме ни да ја изфантазираме за право.