Огромна загуба, во таа музичка сфера беше можеби и најдобриот. Ја има отпеано една од трите најтажни фолк песни
Мене лично автобиографска ми е
Кад Шабан пева и оџа пије ќе напише некој рандом на Ју Туб. Меѓутоа моќта на неговите песни најубаво се гледа преку следново видео. Станува збор на прослава на некоја локална гангстерска фаца, појава која во нормални денови може да ти го крцне вратот без трепкање на око или грижа на совест. И тогаш доаѓа Шабан, пее и го претвора во мало дете.
Антологиски ќе му остане запишана Жал како најслушана песна
А ги има и многу други, Доџи да остаримо заједно, Видиш ли ми стару љубав, Краљице мога срца, Шадрвани, Снег је опет Снежана.
И ден денешен сите што не сум ги видел одамна ги поздравувам со-Сад да те видим не бих те познао.
Сепак најубава и најпсиходелична барем за мене ќе остане-Два галеба бела. Виолините симфониски ја предат приказната за смртта, љубовта и предавството на оваа морска птица. Не се раѓа ваков глас и вакво музичко патешествие. И за крај позајмен цитат од јутуб од некое негово видео-Сви сте ви шабани, али само један је Шаулич.