- Член од
- 8 март 2012
- Мислења
- 3.058
- Поени од реакции
- 1.250
Членовите на интернет хакерската група "Anonymous" најавија дека ќе го бутнат целиот интернет на 31 март, a тој потег го нарекоа "Операција на глобално затемнување", пренесува портaлот "Neowin".
Децентрализираната група го издаде соопштението за јавноста преку интернет страницата Pastebin и на тој начин го најави својот најамбициозен проект досега.
Тие имаат намера истовремено да турнат 13 централни сервери ширум светот, кои ги формираат DNS директориумите.
Во соопштението стои дека уривањето на интернетот е порака во знак на протест против "SOPA, Вол Стрит, нашите неодговорни водачи и драгите банкари, кои го изгладнуваат светот поради сопствените себични потреби и исклучиво садистичка забава".
Иако таквиот напад, без сомнеж би влијаел на сите интернет корисници, во соопштението стои дека тоа не им е целта.
Не потсетуваат дека не сакаат да го "убијат" интернетот, туку само привремено да го турнат со цел да "удрат" таму каде што најмногу боли.
"Anonymous" е неформална децентрализирана група од анонимни хакери, припадници на разни интернет субкултури кои генерално се борат за слобода на интернет и против цензури и наплаќање на содржините.
Последните недели "Anonymous" станаа познати преку серија од акции, меѓу кои и уривањето на сајтот на Ватикан и хакирањето на повеќе од пет милиони мејлови на "Stratfor", аналитичка компанија за глобална сигурност со седиште во САД, која наводно е поврзана и со ЦИА.
Извор.зазабава.