Не знам дали ја разбирате Одлуката?
Од која маржа да скрати увозникот? Со оваа одлука и тој работи со загуба...
Пример, "Х" фирма увезува зејтин по 100 денари. Увозникот (освен набавната цена од 100) има трошок за плата на шоферот и гориво за возило за да ја испорача до маркети од 15%. Минимална цена на увозникот му е 115 денари.
Ама, увозникот сега ќе МОРА да ја продаде со 5% бруто маржа, значи 105 денари.
Во нормална ситуација, увозникот нема воопшто да испорачува, не е глуп да работи со загуба. За да не се случи ова, Владата ги обврзува, (барем така беше претходната одлука, сега не можам да дефинирам од новинарскиот текст) да испорачуваат минимум 70% од претходно...