Во градски автобус може да се вози и крава!

L

.Lost Angel.

Гостин
Честа слика во автобусите е патници да внесуваат кокошки, куче, маче, па дури и големи плински боци и полни вреќи наменети за продажба на зелените пазари

Во градскиот автобуски превоз нема ограничување што граѓаните смеат, а што не смеат да внесат со себе како багаж во автобусот. Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватните превозници немаат утврдено правилници кои би забраниле внесување на домашни животни или запалливи материјали. Тоа пак значи дека доколку некој патник се одлучи да внесе кокошка, куче, маче, па дури и крава или големи плински боци и натежнати вреќи за продажба на зелените пазари не може да биде казнет. Од јавното сообраќајно претпријатие велат дека одлуката на граѓаните што може да внесат со себе во автобусот е оставена на нивната и на совеста на возачите.
Патниците сведочат дека иако поретко, но се случува граѓаните со себе да внесат предмети кои не одговараат да се транспортираат во градски превоз каде што има голем метеж.
- Имам видено да пренесуваат кучиња и мачиња во кутии во автобус, но се вчудовидев кога еден патник внесе огромна плинска боца, а тоа му го дозволи возачот. Можам само да претпоставам што би се случило ако оваа плинска боца која е како подвижна бомба не била добро затворена, затоа сметам дека треба да се внимава што може да внесуваме во автобус. Јас освен мала чанта ништо не носам друго со себе- вели скопјанката Марија Ивановска.
Возачите на автобусите велат дека понекогаш се случувало патниците да внесуваат домашни миленичиња на задните врати добро спакувани во кутии па да не можат да ги забележат. Секојдневна слика, пак, раскажуваат возачите е повозрасни госпоѓи да го окупираат автобусот со две-три огромни торби кои ги наполниле на зелените пазари или пак ги носат да продаваат таму.
- До '90-тите години доколку сакате да внесете плус багаж од личниот во автобус се наплаќало, сега не. Не можете да му кажете на патник со две големи торби да се врати, бидејќи може и ќотек да добиеме - вели Мичо Стојановски, претседател на синдикат во ЈСП.
Однесувањето на патниците во јавниот превоз е опфатен со Законот за прекршок на јавниот ред и мир, но во него само се посочува дека еден патник ќе биде казнет ако со своето однесување го нарушува мирот на јавно место, но не е наведено дали тоа го вклучува и внесувањето на животни и опасни предмети во автобусите. Раководството на ЈСП веќе размислува за воведување на правилник кој ќе ја регулира оваа сфера.
- Засега работиме без правилник, што значи дека нема ограничување што патниците би смееле да внесуваат во автобусите и се е оставено на возачите сами да проценат. Добро е да се има правилник и оваа опција ќе се разгледа - вели директорот на ЈСП, Мишо Николов
Во приватниот градски превоз ситуацијата е пак уште полоша. Патниците тврдат дека возачите на приватните автобуси им дозволуваат поголема слобода на патниците.
- Ако ЈСП нема правилник ние имаме уште помалку. Во принцип опасни материи не треба да бидат дозволени да се пренесуваат во автобус. Досега немало проблем со товарот што луѓето го носеле со себе тој да треба да биде и прегледуван и добро е што досега се нема случено нешто посериозно во автобусите - изјави Ленин Јовановски, директор на приватно претпријатие на превозници, "Слобода превозз.
Законот за прекршоците против јавниот ред и мир предвидува дека законот го прекршил секој граѓанин кој со своето однесување или постапка го нарушува мирот,
со карање, викање или непристојно и дрско однесување, ги малтретира другите
понижува и навредува граѓаните, на јавно место ја загрозува нивната безбедност. За недолично однесување на јавни места законот предвидува казна за лицето од 100 до 400 евра.


Кокошките им задаваат најголема главоболка на возачите
Возачите на автобусите раскажуваат дека освен што граѓаните во добро спакувани кутии во автобусите транспортирале домашни миленичиња кои ги внесувале на задните врати без да ги забележат, голем проблем им задавале граѓаните кои сакале во автобус да се возат со кокошки. Често се случува во приградските линии особено од селата од Скопска Црна Гора жителите да сакаат да внесат кокошки во автобус кои би ги носеле на продажба по пазарите, па возачите се принудени да се расправаат со нив. Таков случај неодамна имало и во 19-ка каде што жители на Шуто Оризари сакале да внесат кокошки, за да ги продаваат на Бит-пазар.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Голем дел од луѓето ги користат автобусите за превоз на стоки. Имам видено плинска боца, кафез со папагал, тепсија со пача, дрво со корен за садење, вреќа со пиперки за време на ајвар сезона. Или нека си воведат кодекс некој или нека ги направат автобусите за се освен за патници. После тоа со што го видов со пачата пред некој ден моја нога во автобус не стапнува. А добра идеја е и владата да субвенционира дезодоранс за под мишка или стик, како и мастики за џвакање кога не им текнува да си поведат сметка за лична хигиена.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Голем дел од луѓето ги користат автобусите за превоз на стоки. Имам видено плинска боца, кафез со папагал, тепсија со пача, дрво со корен за садење, вреќа со пиперки за време на ајвар сезона. Или нека си воведат кодекс некој или нека ги направат автобусите за се освен за патници. После тоа со што го видов со пачата пред некој ден моја нога во автобус не стапнува. А добра идеја е и владата да субвенционира дезодоранс за под мишка или стик, како и мастики за џвакање кога не им текнува да си поведат сметка за лична хигиена.
и ред други работи.... за лична хигиена:pos:
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Ај сега де.Па платила карта кравата и ќе се вози,ама ако е шверц контролорите на кого ќе ја пишат казната
Мастики и стикови има,ама изгледа нема упатство за упоутреба па 90%од тие што се возат во автобус не знаат да го употребат(ако воопшто и слушнале за такво нешто):facepalm:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
-нема забрана-значи све е дозволано
кога ќе се случи нешто тогаш ќе им текне
дека дозволеното - не било дозволено
-сто пати до сега сум видел,некој во пластично шише да носи
“бензин“- и тоа најчесто напред до шоверот.
-За “црногорцине“-тоа ќе си остане полни вреќи и кофи со зеленчук,
ама и немаат избор а и одат рано пред учениците и не сметаат.
А од кај знаеш дека во кофата има домати или круши или трето
А ученицине во торбите-тетратки и моливи и нешто трето.
Затоа треба да име забрана за ова - она и нешто трето.
За да не се случи непосакано нешто од она третото незабрането.
Не гледам забрана и за алати (секири на пр.) или ладно оружје.
Не гледам забрана и за џепароши- значи дозволен им е влезот
и тоа по тројца, еден пред- еден после жртвата и еден на врата.
Не гледам забрана и за оние “ромине“-трујат на километар ќе седнат
и околу нив празно по неколку столчиња-а после пак некој ќе седне
на истите, а пред тоа влегле во 102 контејнери за ѓубре.
Не гледам забрана и за алкохоличарите - уште и кога ќе повратат..
или ќе ти заспијат на скут па треба и да ги симнуваш
Е ова е Македонија- белќи ќе ни текне еј 21 век....
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
И мене ми пречи ова, но кога немаат како на друг начин, принудени се да го користат јавниот превоз.
Што, мајките ваши не идат на пазар, па да се враќаат со ќеси праз и слични глупости?
Тоа со кокошките, бензини не се толерира, ама да ми забраниш да му помогнам на маченце мало и да си го однесам дома, аман! Да идам пешки ако не, пошто сум сакала да го вдомам маченцето или пошто сум сакала да си купам милениче, м?
Нормално е да пречат, крави, кокошки или слично, ама затоа што некој имал дрво со корен за садење па да направите галама што да ти кажувам е без везе, сепак јавен превоз е тоа, а него го користи оној кој што стварно мора.
 
V

Vollstandig

Гостин
Значи која селјачана може да се види низ главниот град е тоа е незамисливо. Е барем во битола не сум начекал кокошки телиња прасиња, а ниту па се вози во градски некоја дотерана на штикли за излегување. Ако ти треба таков транспорт постои такси и ќе те однеси до кај што треба.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
кај нас у автобусине може да видиш се што може човек да му текне да пренесе. не еднаш ми се десило да видам цели дрва како пренесуваат. Вреќите со модар патлижан кромид лук пипер праз и слично се секојдневна работа и незнам зашо ви е чудно и после смрдело во автобус. не да смрди пече на очи дури! интересна дешавка беше еднаш у дупла 57ца. влага еден дедо на битпазар си носи кокошка у рацете иде скроз позади ја пушта доле и со уста и прави Ц Ц Ц Ц Ц... ова кога го видов прво се изнасмеав после се запрашав која е границата на човековата глупост. не еднаш имам видено мајки со своите 1 годишни бебиња да влагаат комплетно со се количка во автобус притоа буквално да го блокира автобусот. оние што се напред неможе да одат назад и оние што се назад неможе да одат напред. имам видено и неколку пати точак у автобус да пренесува некој ( не дека е неисправен туку го мрзи да вози ) а маме ли му е бам на еден шовер ме избаци зашо сум бил со ролери. ЈСП кај нас нема уште долго време да функционира ко што треба. со тој правилник ако го воведат дополнителен проблем ке им направат на возачите само. замислете што се треба шоверот да праи. да вози да пази на патниците да пази на другите учесници у сообраќај да пази некоја будала дали ке му искочи пред него да пази на патниците дали му праат бељи шо се пренесуваат и ред други работи. ако сакаат да воведат ред тогаш дефинитивно треба да си вработат посебно обезбедување и да ги има по еден во секој автобус или евентуално полициска придружба нека си имаат. друг начин НЕМА !
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Битно мене не ми дозволуваа велосипед да внесам ( во празен автобус )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom