Зашто каде и да се свртам те гледам тебе? Зашто на што и да помислам ќе те најдам тебе? Зашто што и да сонам се наоѓаш и ти? Но нели ова е одамна завршена приказна, зашто повторно се наврачам и пишувам за тебе?
Да можев да ти ги позајмам моиве чуства, на миг за да сватиш што навистина чуствувам. Не ми веруваш на зборови, па така единствено ќе можеш да дознаеш како се чуствувам, дали ме боли и колку ме боли. Така се би било поинаку.
Смешно е тоа колку кругот брзо се врти или пак јас така само мислам, не знам. Но сепак ,,илузијата,, моја на вртењето на тој круг сакам да застане за да можам да продолжам напред, да живеам!