Денес мора да се видиме, да направиме сериозен муабет за иднината и за тоа дали навистина да продложиме понатму заедно. Мора да ги отвориш сите карти на масата затоа што ако и во овој пат не бидеш искрена може да ме изгубиш во истиот момент. Не сакам да звучам грубо но така е. Искреноста е мојата девиза за цврста врска. Ако неа ја немаш потруди се барем да не претеруваш со лагите бидејќи најмногу од се што мразам е кога некој се крие во купишта лаги за да се заштити самиот себе. Ме знаеш мене, никогаш не би те повредил, не би ги издал твоите тајни. Ако имаш некој проблем отворено раскажи ми го, ќе ти помогнам.
Се гледаме вечерва и памти ми ги зборовиве: немој да запаѓаш во своите лаги, можно е да ме изгубиш и како пријател.