Не знам колку со постов ќе успеам да ја вратам твојата изгубена доверба кон мене, која не знам како можеше така да исчезне, но сакам да се обидам, не сакам да те изгубам.
Извини. Извини за секој момент во кој те разочарав со било која моја постапка, мој направен или не направен гест... Извини што ако на момент те налутив, изнервирав... Извини што не исполнив одредени ветувања. Извини што не бев онаков каков што сакаше да бидам... Спремен сум да бидам таков, бидејќи премногу ми значиш, спремен сум да се поправам, спремен сум да почнам одново, да продолжиме од кај што застанавме се додека не се појави оваа дупка во довербата кај тебе... Едно запамти... Никогаш, никогаш одкога те познавам не престанав да те сакам, не те излажав ни за најмало нешто... Никогаш не сакав да те налутам, изнервирам... Сакав само да бидам со тебе... да ни биде најубаво. Знај дека нема трета, ни овој пат не те лажам, немало, нема и ќе нема друга која што ќе ја гледам како тебе... Од срце го пишувам ова. Навистина мислам дека можеме далеку да одиме... Премногу те сакам за да погледнам друга на тој начин како што мислиш ти дека гледам... премногу. Нашата љубов расте со секој изминат момент, со секоја пројдена стотинка се повеќе те сакам, а знам дека и ти ме сакаш, ти го гледам тоа во очите на секоја наша средба... Затоа, те молам да се обидеме повторно да ја вратиме онаа стара врска, која и двајцата не правеше среќни... Затоа те молам да продолжиме од кај што застанавме и да се поправиме, за во иднина да ни биде најубаво... Свесен сум на моите грешки, и спремен сум да се поправам. Знам дека и ти си свесна на твоите... но те молам потврди ми дека си спремна да продолжиме, бидејќи не можам да продолжам вака...
Те сакам Мартина, те сакам со целото срце и душа, сакам да продолжиме како порано... :nesum: