Леси,врати се каде што беше до пред извесно време,подобро ќе биде.Никогаш не помислив дека ќе се оствари она што го посака онаа грда ноќ,а верувам не помисли ни ти...колку лошо нели,а сети се што посака...да бидам ли толку лоша?!Не,оди си по патот и не ме барај веќе,немам што да ти понудам,не сум одмаздољубива како тебе и не сум толку злобна како што си мислел...
Леси...патев,ти кажав,нема да ти дозволам пак...
Немора да ми потенцираш дека си сменет,ниту пак да ми потенцираш дека и јас сум сменета,знам...но сменети се и моите планови во кои тебе никаде те нема...нема да ти дозволам да ми ги смениш како што го направи тоа некогаш...оди си вишок си ми...
Престани да ги споредуваш нашите карактери,НЕ,НЕ СМЕ ИСТИ,НЕ НЕМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ЖЕЛБИ,НЕ СМЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ... ќе ти поминам исто како некогаш и што после...?
Да,ја вртев главата на страна кога поминував од кај тебе,си го забележал тоа,но не затоа што ме болело заради тебе како што впрочем мислев и јас,туку затоа што таму имаше нешто мое,кое сега го вратив,единственото позитивно нешто во ова твое враќање.
И да не ми се јавувај,како што не постоев за тебе до скоро,пробај да биде пак така...и знаеш што,мило ми е што си нервозен во мое присуство и што ти се потат рацете,осети како е,научи нешто и ти,доста ти беше да бидеш сакат...и да не ми е грижа ако си одмаздољубив,нема како да ми се одмаздиш,имуна сум на тебе...