Лет 3. Работите ти шо ги говореш за мен ( и мојте дома са непознати)... Ти говореш за месни самопридонеси, за убавини, за песни додека се работело ударнички, за ќеф, за армија, за чуда, за розеви цвикери.....
Месен самопридонес.... самоволно давање на средства за државата за општонародно добро... АЈ дома на дедо шо земале нивите, овците, кравите... земале ги.... Решиле големите тикви да градат културен дом у селото.. И ај погоди кој ги “донирал“ тополите за греди на новио културен дом од месен самопридонес...
Или па секоја зима 20-30% од парите од тутуно од манаполо да ти одат за местен самопридонес, за развивање на братството и единството у косово или Санџак...
Аааа у мојто село наприле водовод со месен самопридонес... требало да има бунари пумпи и филтер станица... Арно ама нешто парите “не стигнале“ па закачиле водоводо господата инџинери директно од реката у чешмата...
Одмори, летувања, бенефиции имало е за некој.. .ама не за сите.... Селските деца са собирани од нивите, полиција е доваѓала у селата со учителите да ги носат на ударнички акции... Оти оди објасни на простите селани как ќе му го земеш детенцето и ќе го носеш негде да работе ангарија, коа може дома да работе... Оди објасни на мојо оти било арно, коа е пораснал у самар, и коа тргнал гимназија видел кондури за прв пат у живото...
Баба викаше ак си сплетеш и исткааш платно, ќе си сошиеш кошула и гаќи... Ако не, ќе немаш....
Или кога идел големио и обожаван преседател, татко ми требало да седе дома оти двујцата му дедовци биле од неповолните на системо...Не дај боже едно дете да земе да дигне атенат на сонцето на Југославија (за референца... тито је наше сунце, 1979 роденден)...
А за словенците шо се отцепиле... и јас ќе се отцепам ако носам 1/4 од БДП, а сам 1/10ина од популацијата... не сам улав да ја делам баницата со мрзлаците на југ...
А за откупите и земјоделското производство... тава е друга тема... Татко ми киснал по пазари по тава време.. Јас сам киснал по пазари у оваа време...
А за 4та воена сила у свето.... 3 месеца се матка ЈНА у Вуковар против 1500 човека....