Родителите бараат повлекување на Предлог-законот со кој нивните деца од второ пологудие треба да го изучуваат македонскиот јазик
Во Гостивар вчера почна граѓанска иницијатива за изоставување на македонскиот наставен јазик во прво одделение за учениците Албанци. Родителите на прводделенчињата кои се образуваат на албански јазик, сметаат дека нивните деца се премногу мали и со изучувањето на македонскиот јазик се оптоваруваат дополнително. Родителите бараат повлекување на Предлог-законот со кој нивните деца од второ пологудие треба да го изучуваат македонскиот јазик.
Иницијативата за собирање потписи, за измена на оваа одлука ќе трае и денес, а потписите ќе се достават до надлежните институции. Доколку одлуката не биде прифатена, родителите Албанци ќе ја бојкотираат наставата, изјавија организаторите на средбата.
Предлог-документот, подготвен од ОБСЕ и Министерството за образование и наука, предвидува заеднички наставни и воннаставни активности на учениците од различни етнички заедници. Малцинските заедници факултативно да го учат македонскиот, а Македонците да ги учат јазиците на заедниците.
Во Гостиварско во прво одделение на албански наставен јазик се образуваат над 1.500 ученици.