Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.496
- Поени од реакции
- 30.057
Успехот пред некој ден кај Царска Охота (кај Авдивка), Русиве копале којзнае колку долг тунел и излегле позади украинските позиции.
Пример за тие што планират да се предават во иднинаСега и азовци не знам како се осеќаат, пошто во тој Иљушинот имало и солиден број од нив. В
Ни одблиску не можат комесарите да ги убијат сите што се предаваат. Освен тоа ако гледаме и пошироко од само гледање за сопствените животи - на крај предавањето секако е најпаметен потег. Колку побрзо заврши војната толку побргу работите ќе почнат да бидат подобри за Украинците.Пример за тие што планират да се предават во иднина
Сигурно Украина не соборува постојано Кинжали и сигурно не ги соборува сите, напротив.Дали Украина, пошто тврди дека соборува стално Кинжали, изнела некој доказ јавно дека тоа е така, да може секој да се увери? Ако споделина, многу е едноставно, постирајте го тука и секоја дискусија понатака ќе биде излишна. Пошто они се тие кои тврдат дека ги соборуваат, они и треба да докажат со некој материјален доказ. Од друга страна русите тврдат дека не им собориле ни еден до сега, ако добро разбрав. Гледаме дека одредени цели ги погодуваат, али прашање е дали секој Кинжал завршил у целта. @Human имаат до сека споделено украинците некоја слика, видео како доказ за тоа што го тврдат? Од друга страна гледаме дека русите уништуваат некои цели, далеку од фронт, ама тоа не значи дека ни еден Кинжал не им срушиле.
Искандерот и Кинжалот, што во суштина се една иста ракета имаат за цел да го намалат времето на детекција и реакција за разлика од Скадот (ќе го земам тој за пример, иако истото важи горе-долу и за останатите балистички ракети, како Точка итн) на тој начин што имаат квази-балистичка траекторија (летаат до 50 км, за разлика од останатите балистички ракети чија макс висина може да достигни стотици, па и илјадници километри) и можност за делумно менување на траекторија некаде пред влезот во густата атмосфера.Ај и јас да кажам нешто околу Кинжалот. Кинжалот е хиперсонична балистичка ракета и не маневрира во полна брзина. Незнам дали воопшто може да маневрира. Слична е со Искендерот(кој е ултра модернизиран Точка) ама е помодерна и побрза. Многу е тешка за пресретнување, бидејќи релативно мал домет има (500км), а со тоа и мал тајмфрејм да се открие и да се пресретне. Брзината на ракетата не е нешто невидено, лета 10 маха(на пример Сарматот лета 27 маха) и сепак теоретски може да се пресретне. Вистинскна хиперсонична крстосувачка ракета со можност за маневрирање Цирконот, кој лета 9 маха, но може да маневрира и моментално нема ни во теорија можност да се пресретне. Исто тука како хиперсонично оружје би го издвоил глајдерот Авангард кој може да маневрира при брзини од 27 маха што исто го прави ултимативно нуклеарно оружје.
Непостоење не се докажува, не негација.Јас не можам да ти докажам негација. Ако најдеш некој таков што може да докаже негација, пиши... Ќе направиш смена на парадигма во науката.
Целта на развојот на Искандерот е да лета до 500 километри, поради договорот што Трамп го напушти и да носи нуклеарки и нормално поради брзината потешко е да се собори, незнам колку ќе смени да собориш нуклеарка некој километар над метата, би требало секако да биде зафатена од ударот.Сигурно Украина не соборува постојано Кинжали и сигурно не ги соборува сите, напротив.
Имаше вести, а и тврдења дека е соборен, што има фер шанса да е така.
Ќе пишам подолу зошто е така.
Но поентата ми е друга.
Постојано има разно-разни тврдења, но проблемот е што тука, а и општо, во зависност од страната која се завзема, се одлучува кои од тие тврдења ќе ги исмеваме, а кои ќе ги сметаме за точни.
Еве примерот со срушениот авион со заробеници над Белгород. Бидејќи беа Украинци во него и бидејќи и одговараше на едната страна тука (а и општо), Патриотот или со што и да е соборен длабоко во Руски граници е и тоа како способен за такви нешта, НО кога паѓаат воени Руски авиони долу на фронтот, нема шанси тоа да е Патриотот или Украинците, туку грешка на самите Руси или не знам што.
Да се разбериме, истото ваши и за другата страна. Ќе го спомнам само примерот со нападите со балистички и крстосувачки ракети, кога паѓаат низ Украина и Киев, Украинците магично ги соборуваат сите.
Искандерот и Кинжалот, што во суштина се една иста ракета имаат за цел да го намалат времето на детекција и реакција за разлика од Скадот (ќе го земам тој за пример, иако истото важи горе-долу и за останатите балистички ракети, како Точка итн) на тој начин што имаат квази-балистичка траекторија (летаат до 50 км, за разлика од останатите балистички ракети чија макс висина може да достигни стотици, па и илјадници километри) и можност за делумно менување на траекторија некаде пред влезот во густата атмосфера.
Крајната брзина, на едните (Искандер и Кинжал) и другите (Скад, Точка и останати) е горе долу иста.
Хиперсонично е модерно зборче користено за маркетинг, што значи патување со брзини поголеми од 5 маха низ медиум (во случајот воздух).
Сосем е можно, веројатно и реално да се собори Искандер (Кинжал), особено кога просторот каде се наоѓа метата е штитен од напредни системи, како С-400 или Патриот. Ако го гаѓаш Киев, а Киев е покриен со ПВО од таков тип, постои веројатност да дојди до соборување.
Ако гаѓаш нешто подалеку, времето на реакција е намалено и веројатноста за соборување е намалена.
Тоа е целта за развојот на Искандер, да се намали времето за реакција на непријателот, со тоа зголемувајќи ги шансите за успешен напад. Ништо револуционерно, туку само адаптација на постоечките системи.
Непостоење не се докажува, не негација.
Комплетно различни работи.
А, за сликите погоре, Искандер (и Кинжал) имаат боева глава за пенетрација, што личи баш како на сликата погоре (полнењето мора да е заштитено со дебел слој на метал за пенетрација), и кај скоро секоја ракета полнењето не е на врвот на ракетата, туку повеќе поблиску до средината.