Сигурно Украина не соборува постојано Кинжали и сигурно не ги соборува сите, напротив.
Имаше вести, а и тврдења дека е соборен, што има фер шанса да е така.
Ќе пишам подолу зошто е така.
Но поентата ми е друга.
Постојано има разно-разни тврдења, но проблемот е што тука, а и општо, во зависност од страната која се завзема, се одлучува кои од тие тврдења ќе ги исмеваме, а кои ќе ги сметаме за точни.
Еве примерот со срушениот авион со заробеници над Белгород. Бидејќи беа Украинци во него и бидејќи и одговараше на едната страна тука (а и општо), Патриотот или со што и да е соборен длабоко во Руски граници е и тоа како способен за такви нешта, НО кога паѓаат воени Руски авиони долу на фронтот, нема шанси тоа да е Патриотот или Украинците, туку грешка на самите Руси или не знам што.
Да се разбериме, истото ваши и за другата страна. Ќе го спомнам само примерот со нападите со балистички и крстосувачки ракети, кога паѓаат низ Украина и Киев, Украинците магично ги соборуваат сите.
Искандерот и Кинжалот, што во суштина се една иста ракета имаат за цел да го намалат времето на детекција и реакција за разлика од Скадот (ќе го земам тој за пример, иако истото важи горе-долу и за останатите балистички ракети, како Точка итн) на тој начин што имаат квази-балистичка траекторија (летаат до 50 км, за разлика од останатите балистички ракети чија макс висина може да достигни стотици, па и илјадници километри) и можност за делумно менување на траекторија некаде пред влезот во густата атмосфера.
Крајната брзина, на едните (Искандер и Кинжал) и другите (Скад, Точка и останати) е горе долу иста.
Хиперсонично е модерно зборче користено за маркетинг, што значи патување со брзини поголеми од 5 маха низ медиум (во случајот воздух).
Сосем е можно, веројатно и реално да се собори Искандер (Кинжал), особено кога просторот каде се наоѓа метата е штитен од напредни системи, како С-400 или Патриот. Ако го гаѓаш Киев, а Киев е покриен со ПВО од таков тип, постои веројатност да дојди до соборување.
Ако гаѓаш нешто подалеку, времето на реакција е намалено и веројатноста за соборување е намалена.
Тоа е целта за развојот на Искандер, да се намали времето за реакција на непријателот, со тоа зголемувајќи ги шансите за успешен напад. Ништо револуционерно, туку само адаптација на постоечките системи.
Непостоење не се докажува, не негација.
Комплетно различни работи.
А, за сликите погоре, Искандер (и Кинжал) имаат боева глава за пенетрација, што личи баш како на сликата погоре (полнењето мора да е заштитено со дебел слој на метал за пенетрација), и кај скоро секоја ракета полнењето не е на врвот на ракетата, туку повеќе поблиску до средината.