Токму вакви снимки треба секојдневно да се емитуваат низ СиЕнЕн, Си-Спен, БиБиСи, но најважно на украинските национални телевизии, со ист, ако не и поголем интензитет со кој ги емитуваат нивните пропагандистички приказни и лаги, за Украинците да видат со сопствени очи како нивните сонародници се жртвувани на олтарот на воениот профитеризам на западните нео-империјалисти, либерал-фашисти и нео-нацисти.
Секоја украинска мајка, ќерка, сестра, сопруга, роднина, мора да види како и зошто нивните сонародници од машкиот пол забрзано стануваат уште помало малцинство во Украина, општо е познат фактот дека жените се мнозинство на планетава, тоа е особено истакнато во Русија и во Советскиот Сојуз после Втората Светска Војна во која загинале над 90% од сите мажи родени помеѓу 1920 и 1922 година, а сега повторно станува истакнато во Украина.
Украинците и светот мораат да дознаат што значи "најдобрата зделка" на САД која воено-профитерскиот крвожедник Линдзи Греам ја слави исклучиво и само затоа што и Руси гинеле во Украина, без никакво обрнување на внимание на цехот кој обичниот украински смртник го плаќа за "најдобрата зделка".