Ниту едно навивање, ниту за едната ниту за другата страна не носи некоја дополнителна вредност како на форумов така и за самите навивачи. Повеќе придонесува за погрешна слика за реалноста а со тоа и лоши одлуки на своја сметка.
Фамата за блицкриг на русите беше однапред испланирана пропаганда за да се претстави неуспешноста на операцијата.
Ако се прегледаат буквално сите изјави од сите претставници на Русија од почетокот, 100% од нив се дека операцијата ќе трае до исполнување на задачите и целите.
Што тоа значи? Поставените стратешки точки од планот имаат само почеток, немаат рок за постигнување. Само нивно комплетно исполнување колку и да треба да трае тоа.
Зошто? Тоа и дава можност на војската да работи методично и детално, без притисок на фактор време и можност за грешки и непотребни загуби, како на војници така и на цивили.
Како? По првичните јуриши кон однапред поставените позициони стратешки позиции кои ги завзема руската војска (ова остави впечаток на блицкриг, а беше само брзо зафаќање клучни точки), каде не застануваа у секое селце да чистат, кога и ги претрпеа најголемите загуби поради ранливоста од бочни и грбни диверзантски напади, следеше пешадиското и лесно артилериско зачистување на позадината. Паралелно онеспособувањето на добар дел од украинското пво во тој дел на операции на истокот и југот како и по согледувањето на реакциите од нато, еу и уса дека нема директно да се вклучат, русите ја добија потребната комоција да оперираат слободно и без брзање.
Најблизок хинт до некаква квази завршна фаза на операцијата што ако може уопште да се толкува како такво нешто е изјава на Шојгу кој најави организирање на прва меѓународна анти-нацистичка конференција на крајот на Август.
Барем јас така го толкувам тоа, дека до тогаш би сакале да е при крај или завршена операцијата и да се стават собраните докази собрани од истата на увид на цел свет.
Бонус: се побројни се пишувањата (од руска страна) за преземени конкретни чекори за формирање меѓународен трибунал за дела против човештвото (наравно со заинтересирани страни претежно од незападни држави, но не ограничено на нив)