- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.286
- Поени од реакции
- 26.168
Целта на Русија е Украина како држава да престане да постои. Ако тоа може да се случи во 2030та, убеден сум дека ќе војуваат до 2030та. Политички и економски нивното општество може да го издржи тоа.Ако стратешката цел била неутрализација на заканата која доаѓа од Украина кон Русија со воени средства па од таму да изнудат политички договор со САД каде што ќе се затвори украинското прашање во полза на Русија и САД ќе ја легитимира таа територија за руска зона, во тоа целосно потфрлија. Во моментов и не гледам како би го изнудиле тоа. Изгореа воени ресурси создавани со децении од гигант како СССР, а Русија нема економски капацитети да ги надомести тие загуби во скоро време и да создаде повторно офанзивна моќ за повторно воено да ја смени ситуацијата на терен. Иако одлично ги издржаа и ги издржуваат санкциите, за да се надомести изгубеното треба многу повеќе.
Гледам единствено две можности за Русија тука. Слабостите на западните демократски системи да изиграат во полза на Русија и Украина да падне жртва на внатрешно политички превирања во САД, и второто е похрабро и по директно вклучување на Кина во конфликтот (не воено туку во смисла на големо снабдување со ресурси и пари). Првото ми е помалку веројатно зашто САД моментално поминуваат многу ефтино за тоа што го добиваат и секој американски политичар го знае тоа. Втората можност со Кина ми е голема енигма иако до сега Кинезите историски се покажале многу резервирани за вмешување во вакви ситуации.
Дека губат оружје, губат. Ама тоа што го добиваат за возврат не е наивно. Територија пребогата со ресурси, и тоа од истата тешка индустрија што е потребна за да се реобновиш. Единствен начин САД да го спречи тоа тивко гинење на Украина е директно да се вмеша во војната, па оружјето што го губи Русија да се покаже како опасно по нив. Вака, не се чувствуваат загрозени.
Ама не мислам дека тоа е целта на САД. Мислам дека САД ќе се задоволи со тоа што се западно од Украина ќе стане нивна кучка, без право на збор, Русија ќе ја изгуби воената сила за нова офанзива и затоа што не ги загрозиле директно руските интереси, ќе може да ги сметаат како сојузник во некоја тивка соработка против Кина. И да, што Кина ќе направи тука ќе биде многу интересно да се гледа.