Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.779
Поени од реакции
30.640
Се што сакам е во моментов да влезам во менталниот склоп на луѓето кои ја величат Русија како некоја славјанска суперсила, заштиничка на православието , што им се случува во глава кога читат за веста дека 10 000 а веќе и повеќе Чеченски исламисти кои војуваа во 2001 против нас, се испратени да убиваат и колат други славјани големиот дел од нив православни, е тој ментален склоп сакам да го разберам, посебно што поголемиот дел (речиси сите) од нив гледам се радуваат на таа вест, се трудам ама никако не ми оди.
Муслимани има и на другата страна, за нив е тоа работа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.202
Многу големи загуби трпат Русиве од man pads како Џавелин и NLAW анти тенковската ракета на Британија. Веќе почнаа со видеа како се шетаат украинциве со Џавелини и 'ловат' руска техника. Ме чуди како немаат подршка од авијација русиве кога напредуваат кон некој регион, многу меко играат некако несигурно како да ратуваат со Македонија а не со Украина која 8 год е тренирана за ова.
Вчера изгубија еден тон техника ради тој пристап, денес имаат повеќе среќа пошто ваљда им снемало џавелини. Не знам кој ги команда, али никаква придружба од ваздух немаат освен доле кај крим и антонов аеродромот.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
"Воениот" дел од оваа војна е веројатно веќе завршен. Ама тоа не беше воопшто спорно уште од старт. Никој не очекуваше дека на ваква географија и диспаритет во воена моќ, Украина ќе успее да даде некој долг отпор. Дури, мислам дека и самите Руси се изненадени од отпорот што украинската војска го дава досега. Веројатно затоа и ги спроведуваат операциите со само дел од расположливите единици. Можеби и самите си поверуваа во сопствените скувани митови, дека мнозинството население во Украина е со про-руско расположение и ќе ги дочека како ослободители.
Претпоставувам очекуваа дека украинската војска и централна власт ќе се распадне и дека само ќе се прошетаат до Киев и брзо ќе постават ново, лојално раководство. Сега се заглавени со вистинска воена окупација и да бидат перцепирани од целата светска јавност како воен агресор.

Сеа почнува тешкиот дел од оваа војна, политичкиот дел. Тоа ќе одлучи дали Русија ќе има некаков бенефит од војнава, или ќе се претвори во вистинска катастрофа. Прашањето е дали Русија сега може да ја пацифицира Украина и тоа за брзо време. Мене тоа ми изгледа многу неверојатно во моментов, особено со тоа како се развива интервенцијава. Тоа би подразбирало дека ќе има нула герилски отпор од релативно хомогено мнозинско население кое се перцепира себеси како окупирано, а не ослободено. Со веќе стотици, можеби и илјадници жртви и со организирана војска која активно давала отпор. Плус, може да се претпостави дека ќе добиваат неограничен доток на лесно вооружување од Западот во догледна иднина, се додека има луѓе волни да умираат во борба. Ова ќе им дојде како кец на десетка на САД и целиот Запад, кои можат потенцијално да ја заглават Русија во конфликт кој нема како да го добие.
Дури и да инсталираат своја гарнитура, нема никаква гаранција дека ќе преживее, после моментот на повлекување на последниот руски војник од украинска територија.
Ако не успеаат да пацифицираат Украина, Русите се бутнаа во вистинска септичка јама. Во најдобар случај ќе добијат failed state на својата граница, што е комплетно во прилог на САД и пријателите, во најлош случај ќе се повлечат како поразени и ќе добијат вечен непријател на граница, полн со огорчен наоружан народ, кој се децении ќе биде про-западно ориентиран.

Мене ми изгледа сулудо да се обидеш на таков начин на вратиш држава во твоја орбита, практично со окупација и пацификација на населението преку сила. Тоа е метод од 19 век и не знам дали некогаш, во модерна историја, успеал во Европа. Не само Европа, имаме директни примери од овој век, од Азија, со етнички нехомогени држави, без некоја изразена национална свест кај населението и без долга традиција на државност (Ирак и Авганистан). И тоа обидот беше од САД, (веројатно) најмоќната империја во историјата, во врвот на својата финансиска, политичка, економска и воена моќ. Па пак, двете окупации завршија како комплетни фијаска и геополитички катастрофи за САД. Веројатно, со нив, самите си ставија клуч на нивниот "американски" век. Русија нема ни еден адут, кој САД го имаше тогаш. Јавното мислење на светската јавност е полошо со секој изминат час на оваа интервенција. Немаат никакво влијание во медиумскиот простор и се портретираат како експанзионистичка сила, што во Европа ја немало од 45та. Ако претходно некој имаше симпатии кон нивните аргументи, сега никој не се ни осудува да ја фати нивната страна.

Дури и да ги добијат отстапките што наводно се на маса, признавање на Крим и Донбас како руски територии, не знам што е бенефитот што ќе го добијат од интервенцијава. Останатиот дел од Украина останува, доволно голем за да ја мрази Русија. Нема политичка гаранција, што ќе ја спречи Украина да биде про-западен столб во ИЕ, слично ко Полска. За тоа не ни мора да е Украина во Нато. Пак ќе кажам, јас стварно не знам што сакаат да добијат со војнава.
Санкциите ставаат уште една шајка во ковчегот на соновите за растечка Русија во 21 век. Финансискиот сектор им го вратија во камена доба. Ќе им треба деценија и повеќе да се вратат во ситуацијата во која беа пред 2014. Го пресекоа каналот до тоа што најмногу им треба после распадот на СССР, инвестиции. Очајно потребни за технолошки да фатат чекор со Западот и Кина. Тоа, за нивна жал, во моментов може да го обезбеди само Западот.
Не знам, ќе добиеме појасна слика за развојот на настаните во следните неколки месеци, ама мислам дека многу лесно се фатија на мамец, што не требаше да го проголтаат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Многу јасно дека има и точни информации, ама вчера имаа ифно некое за загинати каде соодносот беше на 1 украинец 10 руси одприлика. Нешто под 300 украинци, а 2800 руски војници. Тоа значи масакар ги направиле што воопшто не соодветствува со тоа што се случува на терен.
Да тоа нема теоретски шанси. Генерално читаме западни медиуми и не ги објавуваат нивните загуби, ама чим мобилизираат све од 18-60 не изгледа сјајно и за нив. Сепак руските загуби сметам дека болат поише, зашто се далеку од дома.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Не знам само како Путин ке се извади од овој имиџ на вампир плашило што западот му го приреди. Очигледно дека 90% од западов не гледа широко и длабоко и го куди Путин. Не знам и внатре како ќе се испере.
Абе тие талибанците за 2 дена ги направија позитивци, кога се повлекуваше Америка со оние видеана, па не па Путин. Тие на твитер се ботови куртонски, што им сервираш тоа конзумираат.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Чеченците ја посрамотија Русија во првата војна, но после втората сфатија дека ги чека иста судбина како поранешните нивни соседи Черкезите пред 2 века. Черкезите пред 2 века ем се биле далеку побројни од Чеченците пред 20+ години, ем тогаш Черкезите војувале со руската империја која не наследила оружје кое е трупано 45 години за војување против најмоќната земја(УСА). Резултатот е ген
Паметен избор на Кадиров беше да застанат со Русија и сега ќе се лојални. За возрат си имаат шеријат што е финансиран од русите и Грозни центарот изгледа подобро од нашиот скопски центар. Ок ,освен најголемата факинг џамија. Секако ова од нос ќе им се удри на Русите за 50тина години кога овие ќе се накотат како зајци и веќе чеченската мафија им ровари по градовите.

И вака што фрлате бројки со БДП, да знаете има номинален и куповна моќ. Вие тој што го спомнувтате е номиналниот. Идете објаснете им на Украинците да не се секираат затоа што Италија имала поголем номинален ГДП од Русија затоа што тоа е битно, а не тоа што имаат оружје и за 24 часа им стигнаа до Киев. Чисто кога сте кај ова, факинг Иран што е 50 години со санкции, изолации и имаше 8 годишна војна во 80тите има поголем номинален ГДП по глава на жител од НАТО членките Бугарија и Македонија. Едната од овие е и 15 години во ЕУ. Гарант иранецот вика види ги ропациве имаат помал ГДП од нас додека живее во шеријат.

Се надевам што побрзо да заврши ова и да се постигне договор набрзина затоа што заради мерењето на западот со Русија настрадаа украинците. Огромни штети се нанесени на украинската држава. И кгоа ова ќе заврши парите што ќе стизаат за обнова ќе завршат кај Зеленски, Порошенко и слични. Голема држава по површина, добра бројка на население и нека изиграат политички со Русија и нека се повеќе фокусираат на ЕУ него на НАТО. Русите ќе си бидат уште посиромашни откако ќе заврши ова.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.830
Поени од реакции
36.862
Се што сакам е во моментов да влезам во менталниот склоп на луѓето кои ја величат Русија како некоја славјанска суперсила, заштиничка на православието , што им се случува во глава кога читат за веста дека 10 000 а веќе и повеќе Чеченски исламисти кои војуваа во 2001 против нас, се испратени да убиваат и колат други славјани големиот дел од нив православни, е тој ментален склоп сакам да го разберам, посебно што поголемиот дел (речиси сите) од нив гледам се радуваат на таа вест, се трудам ама никако не ми оди.
Можеби е само заплашување. Мене ми е комплетно не логичен тој потег зошто на Путин му треба брза војна и политички договор кој некако ќе биде прифатен и од народот во Украина. Со вакви животни што ќе колат и силуваат тешко дека ќе дојде до договор.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
@loophole Тоа што си го напишал е само Руското best case scenario. А може и полошо од тоа, односно и воениот дел да им заглави. Може и тоа е подобро за обичните луѓе, ќе падне путин од власт и ќе ги инкорпорираат во својата зона на влијание. За која цена, тоа не знаеме.
Не ми се веруваше дека ќе нападнат зашто стварно не ми е јасна придобивката од ова. Буквално времето работеше за нив, западот во криза, светот станува мултиполарен и тн. Успеаа да го фатат последниот брод.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Се што сакам е во моментов да влезам во менталниот склоп на луѓето кои ја величат Русија како некоја славјанска суперсила, заштиничка на православието , што им се случува во глава кога читат за веста дека 10 000 а веќе и повеќе Чеченски исламисти кои војуваа во 2001 против нас, се испратени да убиваат и колат други славјани големиот дел од нив православни, е тој ментален склоп сакам да го разберам, посебно што поголемиот дел (речиси сите) од нив гледам се радуваат на таа вест, се трудам ама никако не ми оди.
Украина е моментално Американска марионета. Е сеа ја сакам да влезам у менталниот склоп на доста од Македонците (ти нз дали спаѓаш тука) кој ја бранат и се радуваат на американската надворешна политика, иако истата не комлетно не изеба у неколку наврати. Тоа е на кратко. Не дека нешто не заболе за словените или православјето, ко да сме виделе фајде од нив некад.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
956
Поени од реакции
1.566
Чим макрон рече ќе биде долга војна, ваљда се одлучија да ја тераат дп крај и да ја жртвуат украина со цел пад на путин и да го фанат на кондиција.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.781
Поени од реакции
11.630
На секој со два грама мозок му е јасно дека не можеш да си анти-руски и про-нато настроен кога се граничиш со Русија и имаш големо руско малцинство во земјата и дека не смееш да му стегаш на втората најсилна армија во светот, посебно кога си небитна бафер зона.

И што прави куртонот Зеленски? Секој втор збор му е НАТО,НАТО,НАТО, се стега дека Украина ќе се нуклеализира, дека не се плашеле од Путин, дека не сака да преговара со Русија и тн. Зеленски е многу поголем кривец за војнава од Путин, секој загинат Украинец, цивил или војник оди на негова душа. Украинците да се паметни треба да го фатат и да го обесат на плоштад и да седнат да преговараат со Путин кој безразлика што е бескрупулозен макијавелист сепак е калкулативен и знае дека долга и голема војна не му е во негов интерес. Треба да се седне, да се прогласи Украина за воено неутрална земја и ова да се заврши што е можно побрзо.

НАТО ги премина сите граници, соборуваше режими и уништуваше земји кои се блиски до Русија, а сега сака да им дојде на граница, да ја нуклеализира Украина и да го загрози нивниот опстанок. Ја напикаа мечката во ќош и не им дадоа друг избор освен ова. Само жал ми е за украинскиот народ таму, ќе страда и ќе гине за интересите на политичари кловнови и нивните западни господари, додека оние што треба да завршат како Мусолини ќе пребегнат во Лондон, Брисел или Њујорк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom