Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.006
Поени од реакции
83.389
Уште тогаш пишав дека е лош договорот за Русија, ама кој ги знае, очигледно е дека не планираат да се борат и сега само би ишле назат.
Не е лош.
Доњецк, Луганск, Крим и копното помеѓу нив, IMO, сосема e доволно за руската страна, заедно со нетериторијалните барања, како неутралност или демилитаризација.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
брат те молам не треси „факти“ од ракав
Во Ирак имаа 100% освоена територија, немаа контрола на населението и герилата. Македонија има 30 години независност и апсолутна контрола на територијата па не може да спречи диверзантски или терористички акции во секое време секаде. Не мешај баби и жаби
Во Авганистан имаа 100% контрола над поголемите градови, немаа контрола во провинција и планинските предели
фан факт, во Танушевци се уште џандар нема штрапнато
Еве од прилика јас да не тресам зелени од ракав, што тресе официјална америка од ракав:

Country Summary: U.S. citizens in Iraq are at high risk for violence and kidnapping. Terrorist and insurgent groups regularly attack both Iraqi security forces and civilians. Anti-U.S. sectarian militias threaten U.S. citizens and Western companies throughout Iraq. Attacks using improvised explosive devices (IEDs) occur in many areas of the country, including Baghdad.

Ова е во важност веќе 19 години. Толкава е од прилика контролата врз територијата.

.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.408
Мислиш на наведувани проектили?
Ти се прв што тврдиш дека Русите не гаѓаат со такво оружје. Затоа што не си информиран, пребарај со kalibr Cruise missiles attack ukraine summary
И тоа како користат наведувачки проектили, всушност мислам дека во војнава секако е поставен рекорд за нивна употреба. Не дека лесно се наоѓа статистика.

Тепих бомбардирање е американски метод. РФ гледа да минимизира цивилни жртви во Украина

Да знаеш само какви проблеми и штета им праваат тие ирански „петарди“.
Цивилно население во поле рамно ко тепсија?
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.866
Поени од реакции
12.965

Наредно повлекување на Русите од овој дел. Им отиде цела операција ко гомново мое кога ќе го прочитам оној Локван ќе го исерам и пуштам низ шоља :pos:

Се што завзедоа, 80.000 жртви им ојде низ вода.
Ај ќе го продадат демек Крим го бранеле.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.687
Поени од реакции
33.858
не се прави на мутав, фино си пишав после 8 месеци, војната не е завршена, ама ниту нивните цели не се остварени
неостварени цели = неуспех
Неостварените цели може да заклучиш дека се неостварани кога ќе заврши војната.
Сам кажуваш дека да, не е завршена војната. Значи додека не заврши војната нема неуспех, сеуште.

И не, не се правам мутав - ти ме (не) правиш мутави. :)

Мал милион пати замоливме да не одите офтопик, упорно продолжувате.
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
131
Поени од реакции
193

Изреволтирани се луѓето од слабиот напредок на русите.. Нема каде да го споделат револтот .. А и реално во право се и јас лично сум разочаран до сега требаше пепел да направат.Ако постојано се на кочница вака поради цивилни жртви ништо не прават, војна е секако ке има штета и по население и по инфраструктура. Додека не завиорат ТУ со карпет бомбинг да им покажат заби ке си тапкаат во место само и ке си склучуваат мировни договори.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Пошто темава е саде воена перспектива видеа мапи малце да појачаме со видео контент

Руска Ми-24ка заробена

Залиха на муниција оставена од русите

Украинците уништуваат руска техника и војници

Мислам дека во оваа војна најмногу терор извршија квадкоптериве и слични дрончиња што фрлаат подцевни гранати и 60мм-ки минобацачки. Доживотна траума ќе си носат и едниве и другиве од ова говно од оружје - украинци уништуваат персонал руски со квадкоптер

Украински војнцици на обука во Англија, обуката ја вршат шведски инструктори

Уништена руска техника во херсонско

Напуштена Руска техника, пошто некој зачудени беа дека немало оставено ништо :icon_lol:

ПОВ снимки екс француски легионери блиска борба, најверојатно грото полјаци сега дел од интернационалната украинска легија

Интересно видео од украински специјалци наводно преку дњепар

Наводно уште една Су 34ка турнале, фатени 2ца пилоти, ако она назад им се комбилизоните најверојатно морнарички
Автоматски споено мислење:

https://twitter.com/raging545/status/1591868270835290112
Којзнае кое видео по ред деновиве од воени гробишта во русија, интересно е што и на ова видео повеќето имаат знамиња од ВДВ. Штета е какви единици потрошија во какви глупави операции. Никоја армија нема такви војници на претур
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.866
Поени од реакции
12.965
Изреволтирани се луѓето од слабиот напредок на русите.. Нема каде да го споделат револтот .. А и реално во право се и јас лично сум разочаран до сега требаше пепел да направат.Ако постојано се на кочница вака поради цивилни жртви ништо не прават, војна е секако ке има штета и по население и по инфраструктура. Додека не завиорат ТУ со карпет бомбинг да им покажат заби ке си тапкаат во место само и ке си склучуваат мировни договори.
Ту23 Русија има околу 60. 50% од нив се не се оперативни во моментов и се работи на нивна модернизација. Ги модерназираат да носат од новиот тип ма КХ - 32 проектили.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Не е лош.
Доњецк, Луганск, Крим и копното помеѓу нив, IMO, сосема e доволно за руската страна, заедно со нетериторијалните барања, како неутралност или демилитаризација.
Неутралност и демилитаризација тоа нема да го добијат во никој случај. Доњецк е 55% заземен а не гледам сценарио каде што Украинците ќе им го отстапат на добра волја.

Најдобар договор во моментов што Русија може да го добие е понуда за враќање на границите како пред 24 февруари.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.687
Поени од реакции
33.858
Најдобар договор во моментов што Русија може да го добие е понуда за враќање на границите како пред 24 февруари.
Да се повлечат, а овие да ветат дека нема да идат на Москва? :unsure:
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.866
Поени од реакции
12.965
Неутралност и демилитаризација тоа нема да го добијат во никој случај. Доњецк е 55% заземен а не гледам сценарио каде што Украинците ќе им го отстапат на добра волја.

Најдобар договор во моментов што Русија може да го добие е понуда за враќање на границите како пред 24 февруари.
Кон тоа и оди приказната. Сепак треба да се остави простор за изненадување. Украинците имаат енормни човечки загуби. Иако во последен период се средија на тоа поле.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Да се повлечат, а овие да ветат дека нема да идат на Москва? :unsure:
Украина нема никаква мотивација да понуди добар договор на Русија во моментов. Тоа што имаат да им го понудат, е толку понижувачко што Русите ќе мора да го одбијат зашто ќе биде дефакто признавање на пораз.

Затоа договор нема да има, ама притисокот е кај Русија и најверојатно зимава само ќе расте.
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
131
Поени од реакции
193
Ту23 Русија има околу 60. 50% од нив се не се оперативни во моментов и се работи на нивна модернизација. Ги модерназираат да носат од новиот тип ма КХ - 32 проектили.
Просто е не им треба суперсонични авиони и крстосувачки ракети, ТУ 95 имаат и обични бомби... со 20 такви има селцата пепел да ги направат.. вака ги тепаат со артилерија по цели месеци а украинциве како мравки им се кријат од кукја во кукја и пак иста штета е направена на крај..
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.687
Поени од реакции
33.858
Украина нема никаква мотивација да понуди добар договор на Русија во моментов. Тоа што имаат да им го понудат, е толку понижувачко што Русите ќе мора да го одбијат зашто ќе биде дефакто признавање на пораз.

Затоа договор нема да има, ама притисокот е кај Русија и најверојатно зимава само ќе расте.
Украина нема никаква мотивација?

Украина е нон-фактор малтене. Да е до Украина, ќе потпишеа договор уште за опсадата на Киев пред западниве да го испратат Борис да им објасни што треба. Размислувај дали САД има мотивација за мир, или барем примирје. Нормално и кои се намерите на Русија. Дали примирјето би водело кон договор и мир, или само купуваат време.

Зошто сметаш дека Русија би прифатила договор за мир и со овие граници каде држи 10% од Украина - а без гаранции и договор за демилитаризација и невлегување во НАТО. Навистина веруваш во пропагандата за крахот кој само што не се случил?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Украина нема никаква мотивација да понуди добар договор на Русија во моментов. Тоа што имаат да им го понудат, е толку понижувачко што Русите ќе мора да го одбијат зашто ќе биде дефакто признавање на пораз.

Затоа договор нема да има, ама притисокот е кај Русија и најверојатно зимава само ќе расте.
Зошто мислиш дека Русите се заинтересирани за нешто помалце од новите 4 области ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom