Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.342
Поени од реакции
31.214
Изгледа во офанзивата Украинците ги заобиколувале населените и утврдените места и брзо напредувале. Наводно и вечерта продолжиле што значи имале и опрема за ноќно гледање.

Интересни се споредбите со битката кај Ардените. Се разбира ова е на многу помала скала ама паралелите можат да се повлечат. Тогаш Хитлер сонувал за нов Блицкриг и навистина имале голем успех на почеток, посебно пошто Сојузниците биле „растегнати“ таму кај Ардените, но за некое време недостатокот од подршка и посебно логистика си го направиле своето. Ако повторно изгубат Украинците ќе може да направиме и паралела со фактот дека после Ардените Германија дефакто ја губи војната.


За успех Украинците ќе мора да ја поместат артилеријата и да направат логистички канали. Русија треба да не ги сруши мостовите за да функционира логистиката. Што засега не го прави. Претходното трупање на толку војска не е лесно да се скрие од противник со сателитско покривање на теренот. Освен тоа тој регион го бранеле од полицајци од ЛНР... Сакам да кажам дека сега ќе следи или развој со пинцер движење и голем обрач/котел, или ќе има незгоден блам за руската страна.

На крај што и да се деси нема нешто многу да смени во крајниот исход.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.300
Не делува дека е ова некоја стапица на русите баш. За разлика од некои претходни обиди на украинците за поврат на територија, кога нападите им беа на на мал дел од форнтот, па лесно и беа одбивани, сега добро го раширија фронтот, од од југ до север. Пробаа кај Херсон, имаа некои успеси, со доста големи загуби, колку им упали не знам, ама затоа им упали кај Изјум. Најдоа таму слаба точка и го зголемуваат бројот на војска во тој дел константно. Од друга страна, русите ептен лабави, ко на спиење да ги фатија. Кажуваше и оној Бериќ за тој дел. Дека тој што бил одговорен за тој регион ептен потфрлил, наместо да побара дополнително засилување, некој ден глумел лудило, иако на сите им било јасно дека нема да можат да издржат и ќе мора да се повлечат.
Еве ги сеа со закаснување праќаат засичување, па во следните денови ќе биде и појасно каква ќе биде ситуацијата таму и колку ќе успее контраофанзивата на украинците.

Ако не им успее оваа контраофанзива, раширена од југ до север, а дефинитивно огромен број војска жртвуваат, им гине и се спремни да им погине, не знам колку би имале сила, спремна војска и мотивација кај војниците за слена некоја голема офанзива. Затоа ќе им биде од огромно значење ако ова им успее. Не знам дали ќе имаат во иднина ваква шанса да ги начекаат неспремни русите и колку нивната војска би била спремна да иде во сигурна смрт, ако ова не им успее.

До дечките што пратат повеќе, дали до сеа употребија русите тремобарични ракети, има некое инфо?
Не да употребија… маме е*аа!
Солнцепек ака ТОС-1 ти е најчесто употребуван со термобарички глави.
Авијација исто (и често) користат термобарички…
Торнадо/Смерч/Ураган исто имаат термобарички ракети!
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.402
Поени од реакции
36.336
Ситуацијата кај Купианск од руски извори.

1B8C2125-5A13-4FF4-AA49-E801F3E0D1FD.jpeg

Отиде мостот јабана.

 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Изгледа во офанзивата Украинците ги заобиколувале населените и утврдените места и брзо напредувале. Наводно и вечерта продолжиле што значи имале и опрема за ноќно гледање.

Интересни се споредбите со битката кај Ардените. Се разбира ова е на многу помала скала ама паралелите можат да се повлечат. Тогаш Хитлер сонувал за нов Блицкриг и навистина имале голем успех на почеток, посебно пошто Сојузниците биле „растегнати“ таму кај Ардените, но за некое време недостатокот од подршка и посебно логистика си го направиле своето. Ако повторно изгубат Украинците ќе може да направиме и паралела со фактот дека после Ардените Германија дефакто ја губи војната.


За успех Украинците ќе мора да ја поместат артилеријата и да направат логистички канали. Русија треба да не ги сруши мостовите за да функционира логистиката. Што засега не го прави. Претходното трупање на толку војска не е лесно да се скрие од противник со сателитско покривање на теренот. Освен тоа тој регион го бранеле од полицајци од ЛНР... Сакам да кажам дека сега ќе следи или развој со пинцер движење и голем обрач/котел, или ќе има незгоден блам за руската страна.

На крај што и да се деси нема нешто многу да смени во крајниот исход.
Блицкриг без силна воздушна поддршка е банзаи напад со оклоп - не работеше тогаш, нема ни сега
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
5000 украинци почнале напад на Лиман. Има инфо може е шпекулација дека за брзо ќе ја видиме најголемата војска од втора светска војна наваму - руска.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.743
Поени од реакции
21.774
Наводно ВСРФ ги повратила ВСУ кај Купијанск и над Изјум.

Претпоследната мапа.

FcOBpKBXoAErwzm.jpeg

Последната мапа.

IMG_20220909_200858_192.jpg
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Дири не го срамни со земја Лавов и др западни градови - ова ќе му се случува. Украина има нон стоп дотур на техника и луѓе. Пола тенкови во оваа офанзива полски биле.
Нека учат од америве како треба ако сакаат светска сила да се, ако неќат нека си се вратат назад.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Ете зошто е битно да се нема милост кога се бориш против олицетворението на злото и неговите слуги. Ја повратија малку контролата Русите врз ситуацијава ама вакви работи не смеат да дозволат да им се случат затоа што само преку овие лажни ПР победи се мачкаат очи за поразот. А со тоа се манипулира народот во западните земји да трпи и да се стиска затоа што божем Украина ја презела иницијативата. Почнаа Русите да праќаат засилување што е добро ама повторно и тоа можеби нема да биде доволно. Според мене, потребни се околу 500 до 700 000 војници за да Русија може да ги чува териториите и истовремено да напаѓа. Со помалку од 250 000 војници е многу тешко да се држат територии и да се напредува. Непријателот е побројчан, користи герила, партизани, саботажи и гнасни атентати. Истотака едвај се држи армијата, но бидејќи е бројчано супериорна, нема грижи да фрла војници како топовоско месо. Нешто што СССР го практикуваше во борбата против Нацистичка Германија. Затоа Русија треба два главни фактори да исполни ако сака да биде поуспешна, а тоа е да собира што повеќе војници и да го зголеми уништувањето на витални објекти, како и на испораките од Запад.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.743
Поени од реакции
21.774
Во меѓувреме ВСРФ почнаа да напредуваат од скоро заземената Кодема кон околните места.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom