sankerce
прогресиФ
Моментално е многу тешко да добиете возачка дозвола па дури и да сте нечиј татин син од владата, но последиците од тоа што секое копито дојде до возачка дозвола пред некоја година се чувствуваат сега.
Казните воопшто не се мали и полицијата навистина доста казнува но за некои е едноставно попусто.
Републичкиот совет за безбедност на собраќајот и патиштата направи неколку спота и одеа доста време на националните телевизии.
Need For Speed игрицата некој ја има сфатено премногу сериозно
.Колку и да е поскапено горивото луѓето упорно се развозуваат со своите автомобили и скутери,непрописно возат,сите брзат некаде,а и особено меѓу жртвите еден добар дел се во раните дваесетти.Па зар толку сме имотни како народ,за да си го дозволиме тоа?Државата и власта не прави никаков посебен напор за да ги стимулира луѓето да се вратат кон своите велосипеди,особено само еден ден во годината кога и Градоначалникот Трајановски дава пример,ама тоа е само тогаш за тогаш.Но се е поради акцизата на горивата од која и државата го полни буџетот,а додека од велосипедите не добива ништо.