This.
Вака, јас сосема ги разбирам родителите на Фросина, нивната болка, огорченост, тага, жал и се останато, ама некако ко да сакаат да креираат малце повеќе од потребното агресивен наратив околу случајов. Некња ја гледав КОД емисијата и интервјуто со таткото на Фросина, и на прашањето што има да каже за прес конференцијата на родителите на Васил тој рече дека не го признава тоа и дека е лицемерно, ајде ок можеби и е, не навлегувам подлабоко, а второ вика Васил стори убиство со умисла, поточно однапред го знаел тоа и планирал, нешто у тој фазон беше да не барам на видеото и да не цитирам сеа. Чекај малце друже, како тоа го планирал?? Планирале Палчо и компанија да ја упукаат Вања, а Васил не планирал ништо туку не размислувај со тоа лејката зелена дека може да направи беља. Да, убиство, да, треба да лежи максимално, ама дека планирал унапред да ја гази Фросина малце е безвезе констатација. Пак ќе кажам, сфаќам дека имаат огромна болка и дека ништо не може да ги утеши во моментот, ама вакви изјави не се во ред според мене. Со нив сум 100% за случајот да се истурка до крај и Васил да ја добие максималната казна, да не помисли некој дека го бранам Васил или слични работи.