Зошто знаев дека од толку едноставно прашање и одговор, ке почнеме со демагогии и комплицирање.
Се читам бе брате. Кажи ми дали ти се читаш??
Те прашувам затоа што го подржа
Елехмк кој за Тито напиша:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2532154&postcount=33
Ај сега објасни ми како тоа он морал да прифати создавање на македонска држава??

Никоја голема сила не го присилувала да прифати создавање на Македонска држава!!( Твоето писмо го потврдува тоа) Така да он можел како и Кралството Југославија пред него да не дозволи да се формира Македонска држава.
А од друга страна да тврдиш дека Македонците биле воено толку силни, па затоа Тито морал да им ги прифати нивните барања е смешно.
Точно, ги ликвидира затоа што не му одговараше Македонија да биде независна држава. Му одговараше да биде федерална држава во рамките на СФРЈ. Затоа
одобри да се создаде федерална Македонија и не одобри да се создаде независна Македонија.
А ти да беше претседател на независна Македонија во 1945 што ке направеше? Ке им објавеше војна на Грција и на Бугарија знаејки дека големите сили се против таа идеа?? Ке придонесеше за смрта на илјадници Македонци без притоа да ја оствариш целта за обединета Македонија?
Сам си се фаќаш во стапици.Од една страна викаш дека Тито ништо не одобрил, а од друга дека Македонците се бореле за Независна Македонија. Ако се бореле за независна Македонија тогаш ај објасни ни на сите нас зошто тоа не било остварено? Да не е можеби затоа што на
Тито не му одговарало и не го одобрил??
ПС: Не сите Македонски интелектуалци се залагале за независна Македонија. Огромен дел од нив се залагале за Македонија да биде вклучена во федерација, дали е тоа Балканска или Југословенска. Тие луѓе биле многу практични, затоа што знаеле дека Независна Македонија ке имала многу повеке проблеми, нешто за што сме сведоци денес. Постоиме како независн држава ``веке`` 18 години, а со сите соседи имаме огромни нерешени проблеми.
Изгледа не си ја прочитал декларацијата донесена на заседанието на АСНОМ. Тамо е одлучено Македонија да биде федерална држава во рамките на Југославија
Абе момче ако имаш забелешка на кажаното тогаш почни конкретно да дебатираш.
Ако не ке ти советувам да не се брамираш со речникот на Љубомир Фрчковски, кој самиот по себе е трагичен, а камоли кога ти го употребуваш.