Центар за управување со кризи

Сузана Салиу
На чело на Центарот за управување со кризи е Сузана Салиу. На оваа позиција доаѓа на предлог на ДУИ, како нејзин истакнат функционер. Таа завршила
Правен факултет во Приштина и постдипломски студии на ситиот факултет на тема: „Омбудсман – европските искуства и искуствата во Македонија”
Работела како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје, а од 2011 до 2015 беше пратеник во Собранието на РМ. Од почетокот на поплавите до денес, Салиу не се појавила да каже ниту збор во јавноста.
Дирекција за заштита и спасување

Шабан Салиу
Со дирекцијата за заштита и спасување раководи Шабан Салиу, дипломиран правник на
Правниот факултет во Скопје. Доаѓа од партијата „Обединети демократски сили на Ромите“. Работел во Суд за здружен труд, во Основниот суд во Гостивар, а и тој во еден период беше пратеник во Собранието. На јавноста и е познат по своето ривалство со Амди Бајрам.
Управа за хидрометеоролошки работи

Оливер Ромевски
Најизвиканата институција деновиве, која ниту најави, ни предупреди за невремето ја раководи Оливер Ромевски. Тој на чело на УХМР дојде како кадар на ГРОМ на Стевче Јакимовски.
Ромевски по образование е
огдипломиран политикол по меѓународни односи и дипломатија.
На јавноста Ромевски и е познат како спикер на вести, водител на телевизиски емисии, меѓу кои и за готвење, а е автор на романи. Во минатото најавуваше дека Жан Клод Ван Дам, познат холивудски актер, ќе снима филм по негово сценарио.
Ј.П. Водовод и канализација

Александар Атанасов
Прв човек на ЈП „Водовод и канализација“ е Александар Атанасов (ВМРО ДПМНЕ) кој е роден во 1985 година и има завршено факултет на Њујорк колеџот во Солун во Грција на отсекот
“Бизнис администрација и менаџмент”. Истиот има работено во областа на односите со јавноста, а бил и на функцијата Генерален директор за шински возила Велес. Оваа институција беше мета на критики во јавноста, особено по поплавите, поради изградбата на барокната нова административна зграда на Водовод во износ од 20 милиони евра.
Ј.П. Улици и патишта

Синиша Ивановски
Синиша Ивановски на оваа позиција доаѓа на предлог на советничкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје. Своевремено беше прогласен и за еден од најпосакуваните ергени директори, на чело на Улици и патишта дојде од приватна фирма каде работел како маркетинг и ПР менаџер.
Ивановски е дипломиран политиколог.
Ј.П. Комунална хигиена

Ракип Дочи
Директор на Комунална хигиена е Ракип Дочи кој има завршено природно математички факултет, отсек Хемија, во Скопје. Тој бил новинар во Радоо Скопје и професор во гимназијата Зеф Љуш Марку. Дочи бил заменик министер за економија пред да биде назначен за директорската функција во Комунална хигиена.