Возењето во такси потреба или луксузирање?

Дали таксито е потреба или луксуз?

  • Потреба

    Гласови: 25 80,6%
  • Луксуз

    Гласови: 7 22,6%

  • Вкупно гласачи
    31
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Што е луксуз а што потреба никогаш нема да разберам. Нека дефинира некој....Ако е до цената тогаш за кого како и кога зависи.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.666
Поени од реакции
81.849
Работата ми е таква што морам да користам такси, дека понекогаш го шетам цел град натаму-наваму. Обавезно барам фискални за да се оправдам во фирма, такада скоро никогаш плаќам од мој џеб.
Цените им се плафон, ако до пред 2-3 години од Чаир до Центар беше 120 денари, сега ќе те фати +200. Страшно се покачени, и гледам дека немаат абер да ги намалат цените. Правењето муабет и пуштањето музика е посебна приказна, расправањето со диспечерките на радио врска такоџе :icon_lol: .

Возењето со такси освен ако не си во брзање, или за трчање по работа како мене, станато е луксуз. Откако ги качија цените на бензинот кога почна војната во Украина, од тогаш се станати изгор.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
Што е луксуз а што потреба никогаш нема да разберам. Нека дефинира некој....Ако е до цената тогаш за кого како и кога зависи.
лукуз е ако имаш избор автобус или такси и бираш такси.
пр. сега треба да иде некој човек од сити мол до центар за кафенце може со автобус со 25 денари, со такси 250 ден. и човек иде со такси.

потреба е ако немаш избор.
пр. од електро фак до германска амбасада има испит до 10 сат човек треба да заврши во 10ипол има закажано за виза нешто и ако е прилично блиску нема автобус, пешки за малце ке закасни, и мора со такси.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
лукуз е ако имаш избор автобус или такси и бираш такси.
пр. сега треба да иде некој човек од сити мол до центар за кафенце може со автобус со 25 денари, со такси 250 ден. и човек иде со такси.

потреба е ако немаш избор.
пр. од електро фак до германска амбасада има испит до 10 сат човек треба да заврши во 10ипол има закажано за виза нешто и ако е прилично блиску нема автобус, пешки за малце ке закасни, и мора со такси.
Побрзо е со такси ако сакаш да заштедиш време ќе одиш со такси. Некој може да си дозволи заштеда на време и тој оди со такси. Автобус е добра замена но такси е подобро.
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Зависи од местото на живеење и потребата. На пример, на интервју за работа или болница се оди со такси. На деловен состанок се оди со такси. Впрочем, зависи од секоја индивидуа различно. Факт е дека, пример, за човек кој што има повеќе состаноци денес и работа за свршување, е потребно приватно возило или такси. Барем кај нас, возењето со автобус е отепување, ниту безбедно, ниту со пријатен и свеж воздух како што треба да е. Условите се навистина ужас кај поголемиот дел. Имам роднини во Софија, кои буквално по 3-4 часа минимум секојдневно трошат на автобуски превоз. Така да, се зависи од потребата на секој посебно. Лично за мене, треба да користам неколку пати неделно меѓуградски автобуски превоз, но постојано патувам со сопствен автомобил и поисплатливо ми е, побрзо е, чисто, повеќе обврски завршувам и не сум ограничен временски.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.918
Поени од реакции
7.582
Зависи од потребата и човекот дали има воопшто автомобил.

Пример во помали градови каде сите работи се наоѓаат во центарот на градот не му треба превоз воопшто ама во случаи ако работи во некоја фирма надвор од градот се зависи дали се исплати. Некој фирми во тој случај имаат платен превоз а некогаш во случаеви ако касниш ќе ти треба такси или сопствен превоз.

Е сега такси финансиски е неисплатлив за премногу одалечени места а автомобил свој не знам затоа што не возам.

Но секако превоз во некој случаеви е потребен. Јас до сега не паметам често да сумсе возел со такси некаде затоа што се ми било близу но откако се вработив подалеку од градот сега има и платени превози автобуси од фирмата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom