Воен Удар во Турција

Член од
17 август 2011
Мислења
10.249
Поени од реакции
18.191
Крцкај си, нити Рим не бил изграден за еден ден. Курдите си прават проблеми таму па ајде да речиме од секогаш. Не е тоа нешто ново. Но не заборавај дека атентат на Израелскиот Премиер не му извершија Палестинците туку Израелците, па влечи од таму паралели.
Граѓанската војна заврши со неуспешниот воен удар. Тие што сакаја граѓанска војна, што сакаја да срушат легално избрана влада сега свират клавир зад решетки и си ги бројат деновите до судење и се надеваат дека нема пак да се воведе смртна казна и наместо тоа ке добијат 100 доживтни и 200 години плус над тоа и тоа ако имаат добро поведение.
Зборев за курдите,не за пучот. Нив ги има во голем процент и изборот им е или да напраат некоја отстапка или да бидат во константна граѓанска војна. Нема едноставно решение на проблемот,освен да бапне 20 милиони луѓе во логори.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.802
Поени од реакции
23.146
Зборев за курдите,не за пучот. Нив ги има во голем процент и изборот им е или да напраат некоја отстапка или да бидат во константна граѓанска војна. Нема едноставно решение на проблемот,освен да бапне 20 милиони луѓе во логори.
Нив ги имало во голем процент и многу векови претходно , најверојатно ке ги има во голем процент и многу векови во иднина. Си правеле тие проблеми и порано, доста веројатно ќе си прават и во иднина, барем дел од нив. Ништо ново и невидено, посебно не е нешто со што државата не може да се справи како и многу пати досега, посебно сега од кога ги исчистија своите редови. Сега ако зборуваме за симпатии према Курдскиот народ и нивната судбнина која е малце полоша од нашата тогаш е друг муабет, но не е за тоа темата, туку внатрешните односи во Турција и како таа како држава се справува со нив а не дали тоа мене или тебе ни се допаѓа или не. Тоа се две неповрзани работи.
 
Не неам симпатии,ме иритираат подеднакво и они и Турците. И пак ги спомињаш чистењата на своите редови,проблемот со Курдите ќе го има и Ердоган и кемалистите и овие на ѓулен. Значи тргни го тоа на страна.
Ти спомна дека со апсењето на тие курдските политичари Турција решава некој проблем,а се случува баш спротивното. Еден терористички напад во Истамбул им прави штета што ни 100 уапсени курди не ја оправаат. А со вакви постапки баш се стимулираат тие напади.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Нив ги имало во голем процент и многу векови претходно , најверојатно ке ги има во голем процент и многу векови во иднина. Си правеле тие проблеми и порано, доста веројатно ќе си прават и во иднина, барем дел од нив. Ништо ново и невидено, посебно не е нешто со што државата не може да се справи како и многу пати досега, посебно сега од кога ги исчистија своите редови. Сега ако зборуваме за симпатии према Курдскиот народ и нивната судбнина која е малце полоша од нашата тогаш е друг муабет, но не е за тоа темата, туку внатрешните односи во Турција и како таа како држава се справува со нив а не дали тоа мене или тебе ни се допаѓа или не. Тоа се две неповрзани работи.
Курдите се пред најголемата шанса во историјата да добијаат своја држава.
Држава која би зела делови од 3 држави (и многу мало делче од Иран).
Што се случува? Долго време Курдите се потиснувани во обидот да направат своја држава токму од овие три земји, Ирак, Турција, Сирија. Но веќе во Ирак, Курдите имаат целосна автономија, се што им фали е референдум за независност, кој е одложуван веќе извесно време заради ИСИС. Курдите во Сирија веќе имаат целосна контрола над својата територија. Останува уште делот од Турција.

Што мислиш, каде ќе се префрлат сите тие искусни борци, огромниот број на оружје и логистика по завршувањето на конфликтот во Сирија и Ирак?.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Курдите се проект на САД, дури и Старфор предвидуваше или планираше курдска држава. Главнот планер е Хабад, САД беа исполнители, но веќе има промена во САД, за месец дена Обонго ќе биде на некое дрво и ќе љупи банани. Курдиве во повеќето случаи се бореа против ИСИС иако има случаи на сојузи или симбиоза.
Никој од ИСИС нема да гине за курдска држава, освен овие професионалните џихадисти,саудијци,чеценци и слично, но тие не се толку многу. Гледаме во Алепо локалните борци на ИСИС вчера се предадоа денеска амнестија и се враќаат во нормален живот, со што ќе го натераш тој човек сириец да се бори за курдска држава.
Курдиве ако се паметни може да добијат повеќе права, да си зборат курдски, работат, живеат мирно во три држави, ако не ќе бидат згазени, нема повеќе големи Албании, шефот се смени и светот се промени.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ти Баче си против курдската држава, поарно е да бидат под јарем на Турците и арапите, веројатно 1903 да те прашаа ќе речеше македонците да се паметни ќе добијат повеќе права, што се глупираат и гинат за незвисност.

Независна Македонија чиј проект беше, не беше подржана од САД, сигурно пијандурите и психопатите од Кремљ беа за независна македонска држава според тебе.

Кој кур фактор си ти да спориш на десетици милиони луѓе дали треба да имаат држава или не заради твојата болна иделогија.
 
S

silmarillion

Гостин
Чекај Курдите сега нечинат, а кога го срушија Турците рускиот авион имаше палења до типот - леле сеа Русите ко ќе удрат со Курдите заедно па пола Турција во Курдистан ќе оди. Па имаше видеа од храбрите Курди кои се борат со сите сили во рововски битки против ИСИС и нивните тајни поддржувачи Турција (Лавров и снимките дека синот на Ердо шверцал нафта од ИСИС).
 
G

Goldie

Гостин
Курдите се пред најголемата шанса во историјата да добијаат своја држава.
Држава која би зела делови од 3 држави (и многу мало делче од Иран).
Што се случува? Долго време Курдите се потиснувани во обидот да направат своја држава токму од овие три земји, Ирак, Турција, Сирија. Но веќе во Ирак, Курдите имаат целосна автономија, се што им фали е референдум за независност, кој е одложуван веќе извесно време заради ИСИС. Курдите во Сирија веќе имаат целосна контрола над својата територија. Останува уште делот од Турција.

Што мислиш, каде ќе се префрлат сите тие искусни борци, огромниот број на оружје и логистика по завршувањето на конфликтот во Сирија и Ирак?.
Прашање е колку навистина ќе заврши конфликтот во Сирија и Ирак доколку Курдите имаат план за комплетна независност..
Реално нема така лесно да дозволат Сирија и Ирак па ниту Иран да овие добијат комплетна независност, додај ја тука и Турција која сепак е моќна регионална сила и попрво би се свртеле комплетно да го подржат Асад отколку Курдите да добијат независност. А и измеѓу себе Курдите не се баш сложни, пример Барзани е доста критикуван од Курдите во Сирија и Турција
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Ти Баче си против курдската држава, поарно е да бидат под јарем на Турците и арапите, веројатно 1903 да те прашаа ќе речеше македонците да се паметни ќе добијат повеќе права, што се глупираат и гинат за незвисност.
Независна Македонија чиј проект беше, не беше подржана од САД, сигурно пијандурите и психопатите од Кремљ беа за независна македонска држава според тебе.
Кој кур фактор си ти да спориш на десетици милиони луѓе дали треба да имаат држава или не заради твојата болна иделогија.
Работата е во тоа што идејата на кукловодите е никој да нема своја држава, постојани војни, депортации и мешање на народите додека не дојде мошето и сите да се клањаме на царот и богоизбраниот народ. Ако привремено добиеш држава од тие луѓе и со таа цел, ако си паметен ќе кажеш фала не сакам.
Кој мислиш дека ги вооружуваше и негуваше курдите во Турска последните 50 години, НАТО и операција Гладио. Мислиш дека ќе беше убаво ако успееше пучот во Турска, делење на Турска на 3 дела и крвава бања, влегување на ИСИС во Европа, нови 20-30 милиона бегалци.
Ситуацијата со курдите е слична со западна Македонија и Косово, јудеомасоните решиле како да го движат планот Калерги и дават територии, прават конфликти, но целта не е за ничие добро. Донекаде ми е жал за курдите, не добиле држава, големите порано не им дале, истите тие јудеомасони сега решиле да им подарат држава, чисто од љубов?
Кога тотално капитулира Новиот Светски Ред, сите тие престапници од Хабад и нивните локални марионети обесени по плоштадите,тогаш може да збориме за праведен мир, делумна поправка на некој историски неправди од типот на курдска држава.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Што има врска воениот удар со апсењето на голем дел од пратеничката група на ХДП, како и градоначалници избрани од редовите на нивната партија?!Па ХДП од самиот старт не го поддржа актот на пучистите.
А тоа како ја средуваат државата во последно време, може да се види по сите параметри, сто и десет илјади луѓе отстранети од работа, четириесет илјади притворени, речиси сите курдски медиуми затворени, меѓу кои како голема опасност за државата и телевизија со содржни за деца, голем дел про-опозициони истотака, куп закони донесени за зацврстување на диктатурата и исламистичкиот режим, југоисточна Турција со воени судири бетер од Сирија, и да не набројувам повеќе.
Така што, добро е да се информирате подобро сите, кои лиферувате вакви евтини приказни и небулози.
..у право си. А овој Ердоган ко Хитлер. Да ослободи ресурси и ги здроби Курдите, напраи пакт со Русите за да се релаксира на таа страна. Се надевам Путин читал историја... :) :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Прашање е колку навистина ќе заврши конфликтот во Сирија и Ирак доколку Курдите имаат план за комплетна независност..
Реално нема така лесно да дозволат Сирија и Ирак па ниту Иран да овие добијат комплетна независност, додај ја тука и Турција која сепак е моќна регионална сила и попрво би се свртеле комплетно да го подржат Асад отколку Курдите да добијат независност. А и измеѓу себе Курдите не се баш сложни, пример Барзани е доста критикуван од Курдите во Сирија и Турција
Асад и Турците беа во сојузништво против Курдите. Убаво им одеше, двете земји го задушуваа и најмалиот обид за бунт. Во Ирак беше уште полошо, не можеа да мрднат од Садам. Но Садам одамна е мртов, сојузништвото меѓу Сирија и Турција е сега непријателство, а еднаш стабилните Сирија и Ирак се во комплетен хаос со години.

Конфликтот можеби целосно нема да заврши, но со сигурност ќе дојде на ниво каде нема да го носи називот војна. Барем на кратко.

Реално, Курдите веќе владеат со своите делови во Ирак и Сирија. Во Ирак се држава во држава. Независноста таму е само парче хартија што треба да биде пополнето.
Во Сирија горе-долу ситуацијата е блиску да стане како таа во Ирак.

И Ирак беше регионална сила како Турција. Денес не постои И од Ирак.

Останува уште Турскиот дел од Курдистан. Имајќи предвид како добро ги вооружија Курдите, ќе им биде многу лошо на Турците во иднина.
Секако дека постои веројатноста за судир Асад-Курдите, но засега имаат слични интереси.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.285
Веројатност од судири помеѓу Асад и Курдите?
Па тие веќе се случуваат цело време, само што јавноста не им придава значење. Скоро се тепаа кај Хасака.
 
Што толку добро се вооружени курдите ? Лесно оружје и борци имаат ама немаат тешко оружје ниту авијација па дури и во Ирачкиот Кудистан како нај независен, а имаат таму и корумпиран лидер кој многу работи му се побитни отколку Курдските интереси. Во Сирија сведени се на милост да молат за муниција и опрема од САД/Русија па дури и Сиријската влада им даваше муниција и успат некој залутан тенк ако земат. Во Турција се уште побетер а не верувам ни дека некогаш ќе бидат подобри, се сведоа на герила борби и самоубиствени терористички напади во ИСИС стил
 
Вооружени се со истите оружја со кои се вооружени џихадистите во Сирија, па дури и со некои понапредни. Противтенковски ракети, тенкови, артилерија, тешки митралези. Но вистинска разлика на борбеното поле прават наведуваните противтенковски ракети. Најдобар пример за тоа е почетокот на 2015 година, каде Асад имаше голем напредок, но откога џихадистите добијаа еден куп наведувани противтенковски ракети, Асад не само што беше запрен, туку почна и нагло да губи територија, што предизвика Русија директно да се вмеша во војната.
Е Курдите не само што поседуваат такви ракети, туку имаат и многу понапредни, добиени од Американците, како системот Џавелин.

А тоа што се случува во Турција е само почеток. Впрочем, во југоисточна Турција веќе се води војна, каде секојдневно гинат борци од двете страни. Борби каде едната страна е вооружена само со калашникови и РПГ и по некоја експлозивна направа.

Веројатност од судири помеѓу Асад и Курдите?
Па тие веќе се случуваат цело време, само што јавноста не им придава значење. Скоро се тепаа кај Хасака.
Има судири, но има и соработки. Како што е моментално заедничката офанзива на Сиријците и Курдите за да го земат Ал-Баб пред Турците.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.285
Има повеќе соработка, отколку судири, но далеку од тоа дека нема/немало до сега судири.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom