Ке видиме, јас не би се кладел со големи пари околу тоа.
Да не ме сфатиш погрешно , немам ништо против Курдите нити пак посебно сум засегнат дали ке добијат или не држава. Ништо посебно мене не ми менува тоа. Јас само пробвам да ја доловам ситуацијата од турска гледна точка а не моите желби и очекувања, а таа кажува дека после неуспешниот воен удар и неутрализирањето на пучистите Турција на внатрешен план е многу постабилна држава и има многу помали скоро никакви шанси да и се случи истото сценарио како на Сирија , Либија, Ирак ...Повеќе нема кој да и ровари од внатре, повеќето се или во затвор или во егзил. Ете тоа е реалноста му се допаѓало тоа на некој или не. Кога некоја држава е политички стабилна на внатрешен план толку се помали шансите некој од надвор да и диктира што е добро за нејзе и што е или не е во нејзин интерес.
Ехх и Сирија беше стабилна земја, со децениски економски раст, многу полиберална од северниот сосед...
Но не требаше многу, мали вооружени групи поддржани од надвор да предизвикаат конфликт кој трае со години, вклучува повеќе земји меѓу кои и двете светски сили и има преку пола милион загинати...
Стратегијата на Западот е да се држи регионот што е можно поконфликтен и порасцепкан, бидејќи така би бил полесен за владеење. Во никој случај не смее да се дозволи моќен играч, па тоа бил и сојузник.
Колку е добра чистката што ја прави Ердоган во корист на Турција не знам. Елиминира добар кадар на сметка на послушници. Тоа можеби ја јакне неговата позиција и национализмот, но колку реално и дали ја јакне позицијата на Турција?
Ќе каже времето, но регионот е преполн со добро вооружени и организирани групи, кои можат комотно да поразат држава. Впрочем тоа ќе им се случеше на Сирија и Ирак доколку не реагираа светските сили.
Треба да се случи Армагедон за да ја делат џинот на исламскиот свет Турција. Што во никој случај не е ниту Ирак ниту Иран ниту Сирија, Авганистан или Саудиска Арабија или било која земја во Блискиот исток освен Израел. Мада дури и тие се пазат од Турција.
Ирак во осумдесеттите беше третата најголема и најдобро опремена армија после САД и СССР, со вооружување од Европа, САД и СССР. Денес Ирак не владее со половина своја територија, терористите беа на работ да го освојат Багдад, се наоѓа пред распад.
Во Турција живеат близу 20 милиони Курди. Моментално на југоистокот на Турција се води војна во која секојдневно гинат борци на двете страни. Кога и ако на тие борци се приклучаат и далеку поискусните и многу подобро вооружени Сириски и Ирачки Курди, Турција ќе наликува на она што денес е Сирија и Ирак.
Земи во предвид дека во целиот тој хаос ќе изникнат џихадистички срања со желби за калифат (ги има секаде срањата каде што има конфликт, Либија, Ирак, Јемен, Пакистан, Авганистан итн.), Турција многу брзо ќе потоне во многу тешка ситуација од која нема да излезе цела.