Воени злосторства на терористите од УЧК

Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
затоа треба албанците да се КРСЊТАТ и да оставаат венци пред гробот на Трајковски оти ги спаси.

Сума сумарум тоа едно од најголемите велепредавства во нашата истоа е амнестијата на оние кои масакрираа палеа живи луѓе сечеа работници и убиваа цивили за само да овие останат на власт и така чучнаа во Скут на Ахмети а овој лека полека им го напика....епа боли.

Еден ебан потпис не можеше да стави на наредба за напад. Единиците спремни за напад во 04:00, а он во 23:30 се тресе целиот, не може да потпише ебан документ, божем он ќе иде на фронт да пука. -.- Обама потпишува наредба за СЕАЛ-с да нападнат у Пакистан, опкружени со милиони терористи, и бидејќи стравува за специјалците, сака уште еден тим во приправност.А овој нашиов у своја држава, на располагање и армија и полиција и специјалци, кога треба да се брани државата се тресе да потпише. Тие како Обама се големи луѓе со големо срце, храбри. Тие како нашиов, пацифистите и страшливците не им е место на такви функции. Истото важи и за грујо, и за б.ц. и за љубчо.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Да почиват во мир македонските воjници што беа убиени во борба со терористите.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
1005461_197219593776530_1781007294_n.jpg
На денешен ден пред точно 12 години загина нашиот Бранител ЦОКИ СТОЈАНОВСКИ (†28) од Тетово. Тој на дело покажа и докажа, како припадник на Македонските безбедносни сили како треба да се чува и брани Тетово и мила Македонија. Ноќта на 1 август 2001, одговори на својот последен предизвик, за одбраната на неговиот роден град Тетово. Истрел од куршум го усмрти Стојановски кој на пунктот лоциран пред поранешните простории на Радио Тетово. Беше на должност командир на реонот од наплатната рампа кон Гостивар до Станицата за безбедност на патниот сообраќај. Полицаецот Цоки Стојановски, беше познат како човек целосно посветен на службата и на должностите, кои ги извршуваше секогаш со иста совесност.
Во Тетово, на православните гробишта, под силно полициско обезбедување со оклопни транспортери, хермелини, во четвртокот беше погребан сообраќајниот полицаец Цоки Стојановски од Тетово, татко на две малолетни ќеркички кој беше подмолно убиен од албанските терористи на патот Тетово - Брвеница. Православните гробишта во Тетово каде беше погребан Стојановски се наоѓаат веднаш до населбата Дреновец 1, која е под контрола на припадниците на т.н. ОНА. Врз луѓето од погребалното претпријатие, додека го копале гробното место, терористите пукале врз нив, но никој не бил повреден. Ни по смрта немаа мир од УЧК !!!
Горди сме што во нашите редови имавме македонски бранител-полицаец кој го вгради својот млад живот на браникот на Тетово и на Македонија!

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

1006314_416991608418960_168195285_n.jpg

Цоки Стојановски, Тетово, 28
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Да беше жив РОБЕРТ ПЕТКОВСКИ денес би наполнал 38 години, но тој го остави своето семејство и го даде животот за да не одбрани од некои болни умови кои мислеа дека преку терористички напади ќе дојдат до територија!



ВЕЧНА ТИ СЛАВА РОБЕРТ МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ТЕ ЗАБОРАВААТ!

П.С Роберт е еден од 4 та припадници на ЕСН ВОЛЦИ масакрирани кај Вејце за тие што не знаат.
1239912_584968568211437_2103663407_n.jpg
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
09.04.1999, Горно Блаце
Благојче Крстаноски (26), Охрид, ПСО, загинат на самата граница од снајперски оган од Косовска страна

11.01.2000, Арачиново,
Ацо Ангеловски (26), Скопје
Ерол Готак (27), Скопје
Кирил Петрушевски (23), Скопје...сите полицајци од СВР Скопје, убиени во заседа

22.01.2001, Теарце
Момир Стојановски (31), Крива Паланка, ПС Теарце, минофрлачки напад - еден од учесниците во нападот го гледавме во денешното видео...

04.03.2001, Рамно, Танушевци
Кирчо Димитров (33), Виница, капетан во ВП на АРМ
Дејан Јакимовски (25), Куманово, водник во АРМ, двајцата загинати од нагазна мина

04.03.2001, караула Танушевци
Тодор Стојановски (23), Драчево/Скопје, АРМ, загинат од снајперски оган

08.03.2001, Брест
Горан Стојановски (28), Крива Паланка, ЕСЗ, нагазна мина

17.03.2001, Попова Шапка
Драганчо Илиевски (31), Скопје, постар водник во АРМ, напад на хеликоптер на АРМ

20.03.2001, Скопје
Дејан Богданов (20), Велес, воен обврзник во АРМ, несреќен случај

21.03.2001, Чаир
Јане Јакимовски (35), Крива Паланка, СВР К.П., пукан во грб
28.03.2001, Рамно, Танушевци
Љупчо Мирчовски (36), с.Русиново/Берово, капетан во АРМ, нагазна мина

26.03.2001, Караула Чашка
Игор Николовски (27), Скопје, резервист во АРМ, несреќен случај

23.04.2001, Алашевце
Дејан Денковски (25), Куманово, АРМ, несреќен случај

28.04.2001, Вејце
Марјан Божиновски(26)
Кире Костадиновски (24)
Бошко Најдовски (25)
Илче Стојановски (24) сите од Битола, ПЕП, заседа
Роберт Петковски (26), с.Бунарџик/Скопје, постар водник, ПСО
Бобан Трајковски (28), Куманово, водник, ПСО
Миле Јаневски (29), Македонска Каменица, водник, ПСО
Игор Костески (25), Кисела Вода/Скопје, водник, ПСО

03.05.2001, Ваксинце
Димитар Двојаковски (29), Нова Горица/Словенија, 1МПБ, АРМ
Влатко Петров (23), Штип, 1МПБ, АРМ

31.05.2001, Билјак, Блаце
Зоран Бубески (32), Берово, капетан во АРМ

05.06.2001, пат Гајре - Шипковица
Благојче Сиљанов (32), Битола,
Влатко Миленковски (28), Битола,
Пеце Матичевски (22), с.Новаци/Битола, сите тројца резервисти во АРМ загинати во заседа слична на Вејце

06.06.2001, Лавце
Никола Китанов (19), с.Сарај/Струмица, приправник во АРМ
Исак Руфати (42), с.Одри/Тетово, постар водник во АРМ, загинати од минофрлачки оган

10.06.2001, Слупчане
Синиша Стоилов (35), Скопје, СВР Скопје, снајпер

23.06.2001, Арачиново
Атанас Јанев (25), Струмица, ЕСЗ,
Никола Пехчевски (25), Берово, ЕСЗ
Александар Стојчев (30), Скопје, ПС Аеродром; сите тројца загинати од снајперски оган

25.06.2001, Попова Шапка
Коста Волкановски (40), Неготино, ПЕП, минофрлачки напад

28.06.2001, Арачиново
Оливер Китановски (21), Велес, ЕСЗ, повреда од шрапнели

01.07.2001, Тетовско Кале
Блажо Толев (20), Кавадарци, приправник во АРМ, снајпер

03.07.2001, караула Кодра Фура
Фејзо Џеладиновски (20), с.Елово/Скопје, приправник во АРМ, минофрлачки оган

23.07.2001, караула Рибница
Миле Гиноски (42), Кичево, резервист во АРМ, загинат во заседа од единица водена од поранешниот ни заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ

23.07.2001, Лешок
Ѓоко Лазаревски (30), с.Лешок, полициски резервист, снајпер

31.07.2001, Брвеница
Цоки Стојановски (28), Тетово, ПС за БПС Тетово, прострелни рани

01.08.2001, Рашче
Љубомир Акимовски (40), Скопје,
Ќамуран Шаќиров (40), Велес,
Александар Стојановски (27), Скопје, тројцата резервисти, загинати во несреќен случај

08.08.2001, Карпалак
Сашо Китаноски (39), поручник во рез. состав на АРМ
Нане Наумоски (48), капетан во рез.состав на АРМ
Бранко Секулоски (42),
Ердован Шабаноски (20),
Марко Деспотоски (27),
Горан Миноски (29),
Љубе Грујоски (31),
Веби Рушитоски (26),
Дарко Велјаноски (27),
Пеце Секулоски (29), сите од рез. состав на АРМ, загинати во заседа

09.08.2001, Ратае
Душко Синадиновски (41) , Тетово, полициски резервист, прострелни рани

10.08.2001, Љуботенски Бачила
Томе Брдаревски (33), Скопје
Бранко Јанев (36), Скопје
Маријанчо Бошковски (28), с.Волково/Скопје
Раде Јанковски (32), с.Волково/Скопје
Гоце Чанкуловски (39), с.Љубанци/Скопје
Томислав Настевски (27), Ѓорче Петров/Скопје
Ивица Златевски (24), Скопје
Томе Димовски (37), Скопје, загинати по активирање на нагазни мини

16.08.2001, Тетово
Сашо Соколов (27), Скопје, СВР Скопје, снајпер

27.10.2001, Скопје
Александар Серафимов (21), Свети Николе, ЕСЗ, починат како последица на голем број шрапнели здобиени во Матејче во Мај 2001

11.11.2001, Требош
Драго Маневски (35); с.Марино/Скопје,
Оливер Петрушевски (23), Куманово,
Бобан Трпков (33), Драчево/Скопје, сите 3 припадници на Лавовите убиени во заседа при обезбедување на патот до наводната гробница за исчезнатите Македонци

02.09.2001, автопат Тетово - Скопје
Трајче Стојкоски (21), Тетово, СВР Тетово, прострелни рани

12.09.2001, Боговиње
Фикри Елмази (35), Тетово, СВР Тетово, убиен поради униформата во која работел

26.08.2002, Гостивар
Даил Јанкоски (46), Гостивар,

06.04.2002, Скопје Север
Петре Кадроски (33), Скопје, СВР Скопје
Чедо Додевски, Куманово
Коце Крстев, Радовиш
Сашко Манасков, Велес
Србољуб Спасовски, Куманово
Душко Гоцевски, Скопје
Воислав Милошевски, Гостивар, сите загинати во несреќни случаи
на почетокот имаш напишано го имаше во денешново видео ?кое видео ?? можеш да ми кажеш те молам
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
И дојде ред овие што убиваја да бидат власт.... ехххххххх оваа моја чудесна земјаа....
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Македонија 2013

СРЕДБА НА КОМАНДАНТИТЕ НА УЧК ВО МИНИСТЕРСКИ ОДЕЛА

talat_ceku913.jpg

Двајца поранешни команданти на УЧК, денеска се сретнаа во Скопје, но сега во функција на министри за одбрана на Македонија и Косово. Талат Џафери, познат и како командант Форина и Агим Чеку, некогашен шеф на штабот на УЧК, повторно ќе имаат воена соработка, за што потпишаа и меморандум. Но, овојпат, таа соработка се однесува на размена на искуства од областа на одбраната и образованието, преку заеднички вежби, средби на експерти, спортски натпревари и користење на капацитетите на „Кривлак“ и Воената академија. На прашањето, зошто на Aкадемијата се примени лица кои не ги исполнуваат потребните критериуми, освен тоа што се од албанска националност, министерот Џафери одговори дека, се` е во рамки на законот.

На прашањето, пак, дали нарушената безбедносна состојба во Косово може да се прелее и овде, Чеку тврди дека Косово и Србија се во нова фаза на односите и дека имаат само повремени инциденти. За црногорскиот предлог,пак, за формирање т.н. западнобалканска шесторка, вели дека такво нешто може да биде само на полето на економијата и никако поинаку,затоа што перспективата на балканските земји е во Европската унија. Чеку, кој е и поранешен артилериски капетан на ЈНА,кој подоцна се бореше на хрватска страна, а Србија го обвини за многубројни воени злосторства,дел од своето искуство им пренесе и на питомците на Воената академија во Скопе.

- Секогаш бидете подготвени за војна.Никогаш не мислете дека нема да се соочите со тешки предизвици, загуби, страдања и жртви. И ние на академијата каде што учев мислевме дека нема да се соочиме со тоа, па ни се случи војна. Концептот на војната денеска е сменет во целост, нас не учеа дека имаме непријатели и на Запад, дека наша цел е уништување на непријателот, вие ќе се борите против тие што сакаат да предизвикаат хаос во светот.Денеска не се брани само својата татковина, туку и интересите на земјата и НАТО во Ирак и Авганистан,рече Чеку.


Пред обраќањето, косовскиот министер имаше кратка средба и со четворицата питомци од Косово, кои студираат на Воената академија во Скопје.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
06.04.2002, Скопје Север
Петре Кадроски (33), Скопје, СВР Скопје
Чедо Додевски, Куманово
Коце Крстев, Радовиш
Сашко Манасков, Велес
Србољуб Спасовски, Куманово
Душко Гоцевски, Скопје
Воислав Милошевски, Гостивар, сите загинати во несреќни случаи
21 Ноември 2003 Цветан Крстевски (22) Велес, загинат, затворен како несреќен случај

После војната имаше барем десетина војници од специјалните единици кои загинаа во „несреќни случаи“
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Срце Јуначко не издржа па најде начин како да го унапреди е вака Албанците сложни се и дел по дел освојуваат и завземаат позиции и територии!!!

Командант Форина сепак го унапреди командант Ваљони!

Капетанот Шевал Етеми, алијас командант Ваљони, сепак добил чин мајор и тоа лично од министерот за одбрана Талат Џафери. Указот за унапредување кој за Денот на АРМ 18 август одби да го потпише началникот на ГШ генерал-мајор Горанчо Котески, добил министерски параф откако Етеми бил прераспределен на нова работна задача-советник во Министерството за одбрана.

Тоа, велат извори за Вечер, бил единствениот начин за да се изврши најавеното унапредување на некогашниот командант на УЧК, човек осомничен за малтретирање, силување, тепање и шарање со нож по грбовите на мавровските работници, а кој во изминативе години како амнестиран беше дел од активниот офицерски тим на армијата. Со новиот чин на рамо Етеми го напушти активниот состав на АРМ и премина во повлијателниот, но канцелариски дел на одбраната.

- Она што беше спречено да се случи на Денот на АРМ кога на барање на првиот човек на Армијата, генералот Котески, од списокот за унапредување беше избришан капетанот Етеми е средено по друга линија. Министерот Талат Џафери го искористи правото да го повлече во министерството, да го постави на советничко место и да го промовира во мајор, велат изворите на Вечер. Според истите извори, на овој чекор министерот Џафери морал да се одлучи по силните притисоци и критики, кои наводно, ги имал во својата матична партија. Дури се шпекулира дека, наводно, за мајорскиот чин на Ваљони ургирал и лично лидерот Али Ахмети.

Најновото унапредување во македонските одбранбени сили, за жал, официјално не ни беше потврдено, ниту од ГШ, ниту од МО.

Како што веќе пишувавме, случајот “Мавровски работници” е еден од четирите случаи кои Хашкиот трибунал им ги врати на македонските судови и единствен за кој почна судски процес. Според обвинението, Етеми и уште неколкумина во 2001 година киднапираа работници на градежната компанија “Маврово” и по неколкудневно ѕверско измачување ги оставија на патот.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
21 Ноември 2003 Цветан Крстевски (22) Велес, загинат, затворен како несреќен случај

После војната имаше барем десетина војници од специјалните единици кои загинаа во „несреќни случаи“

Еве друг пример

Виктор Ангелковски (Арачиново 2001)
1043857_564652776909683_1474591517_n.jpg

Роден на 25.6.1977 бранител(татко и син) кој доброволно ја бранеше татковината,беше во првите воени линии околу Арачиново.Ја преживеа војната и се врати на семејството, а меѓу другарите беше посебно почитуван како бранител на Македонија.Но тука започнува големиот заплет во неговиот живот.Списокот за бранителите-доброволци паѓа во рацете на албанските терористи, започнува одмаздата од страна на терористите над нашите бранители а еден од нив е и Виктор Ангелковски па со монтирана сообраќајна несреќа загина на 14.10.2006.Почивај во мир и вечна ти слава БРАНИТЕЛЕ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom