Воени злосторства на терористите од УЧК

Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Еве друг пример

Виктор Ангелковски (Арачиново 2001)
Прегледај го приврзокот 73910

Роден на 25.6.1977 бранител(татко и син) кој доброволно ја бранеше татковината,беше во првите воени линии околу Арачиново.Ја преживеа војната и се врати на семејството, а меѓу другарите беше посебно почитуван како бранител на Македонија.Но тука започнува големиот заплет во неговиот живот.Списокот за бранителите-доброволци паѓа во рацете на албанските терористи, започнува одмаздата од страна на терористите над нашите бранители а еден од нив е и Виктор Ангелковски па со монтирана сообраќајна несреќа загина на 14.10.2006.Почивај во мир и вечна ти слава БРАНИТЕЛЕ!
Drugar da ne se zaboravat i site onie koi patat od postvoen sindrom na site koi im se smenil zivotot za 365 stepeni i samo kolku samoubistva imase od ucesnicite vo vojnata .
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
Денес се навршуваат 11 години од убиството на 18 годишното момче Ванчо Јосифовски од Тетово. Подмолно беше убиен на 19 октомври 2002 година, од паравоените Aлбански екстремистички банди, кои се бореа за наводни човекови права.

Македонските медиуми не објавија ниту збор за годишнината од егзекуцијата!

1380669_10202055000233657_470872444_n.jpg
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
На 8 Август 2001 година, тригодишнaта Душица Павловска заедно со татко и Горан беа ранети на улицата Моша Пијаде во Тетово од таканаречените "борци за човечки права". Тогаш во нив од автоматски пушки бил отворен жесток оган кога таткото Горан и Душица се движеле со нивниот автомобил. Испуканиот куршум Душица ја повредил во стомачето и и ги искинал дебелото и другите црева. Ранет бил и татко и. "Девојчето врескаше. Не забележав крв и помислив дека плаче од пукањето. Колата беше изрешетена со 40-ина куршуми", се присетува таткото Горан. По четири извршени тешки операции, животот продолжи да го живее со две пластични ќеси.



Малата Душица била смртно ранета, но ја победи битката. Како живее денес, не знам, ама баш сакам да знам. За жал ништо не се чита за неа. Еве неколку стари вести:
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
Киднапирање на Македонци од страна на терористите на УЧК. Биле малтретирани, физички и психички.
Panter vo forum za uCK.jpg
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Љуботен: Терористи ја палат црквата во селото на 12 Август 2001 година.

 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Благојче Крстаноски

На 07 април 1999 г. беше убиен нашиот херој Благојче Крстаноски од с. Ливоишта, Охрид од страна на косовските терористи. Тој беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.

Почивај во мир и вечна ти слава!

1006198_565046776870283_2116097342_n.jpg
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Ова не се однесува само за Албанците, туку колку за нив, се однесува повеќе за нас - тренирање мускули...
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
Стојанче Ангелов

ВОЈНАТА ОД 2001 ГОДИНА – 13 ГОДИНИ ПОДОЦНА

Пред точно 13 година, на 22 јануари 2001 година, во 02.00 часот по полноќ, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Тројца полицајци беа ранети а Момир Стојановски загина. Нека му е лесна земјата...

Наредниот ден, одговорноста за нападот ја презема ОНА. Интегрален текст од комуникето број 4 на ОНА:
“Вчера, на 22 јануари 2001 година, во Теарце Tетовско, една единица на специјалниот оддел на ОНА, поддржана од една група набљудувачи, ја нападна, со ракети и автоматско оружје, славо-македонската полициска станица. За време на нападот спротивните сили не пружиле отпор, додека други славо-македонски сили, од други правци, не се доближиле на време на местото на настанот. Нападот беше ограничен и имаше предупредувачки карактер, за македонските освојувачи и нивните Албански говорници. Униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ. Ги повикуваме сите полицајци да се вратат кај нивните фамилии за да не ги загубат животите, служејќи им на македонските планови за доминација над албанското мнозинство”.

Поими кои се користат во ова “комунике“: специјален оддел на ОНА, славо-македонска полициска станица, славо-македонски сили, македонски освојувачи, униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ, македонски планови за доминација над албанското мнозинство, итн...

Братство и единство, љубов и мир, разбирање и соживот... Не знам што попрво човек да каже. Овие кои денес не убедуваат дека сакаат соживот и дека се бореле за права, излегле од дома, облекле униформи на УЧК, зеле фрлач на ракети и неколку автоматски пушки, дошле во близинана полициската станица, убиле еден полицаец и раниле тројца... Зошто??? За права??? За соживот??? Или, за подобар живот???

13 ГОДИНИ ПОТОА. 22 јануари, 2014 година. Република Македонија...

Паралелен премиер или премиер во сенка е командантот на УЧК, Али Ахмети.

Министер за одбрана е командантот од УЧК, Талат Џафери.

Градоначалник на Кичево е командантот од УЧК, Фатмир Дехари.

Директор на Македонски Пошти е командантот од УЧК, Рафиз Алити.

Во чин мајор е унапреден командантот од УЧК, дезертерот од АРМ, Eтеми Шеваљ – Ваљони, осомничен за киднапирање, малтертирање, тепање и силување на мавровските работници.

Голем број на припадници на УЧК станаа пратеници во Собранието, советници во општините, директори на јавни претпријатија, началници и командири, полицајци и војници... Во истата полиција и истата армија против која се бореа во 2001-та. Во истата полиција и истата армија чии војници и полицајци во 2001-та ги убиваа...

КАДЕ СЕ ДЕНЕС ПРИПАДНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ???

Началникот на ГШ на АРМ во 2001 година, генералот Панде Петровски е мртов. Умре во 2007 година од срцев удар. Нека му е лесна земјата...

Началникот на униформираната полиција во 2001 година, генералот Ристо Галевски е мртов. И тој умре во 2007 година од срцев удар. Нека му е лесна земјата...

Командантот на одбраната на Тетово во 2001 година, генералот Јосип Бошевски е мртов. Умре во 2010 година, по кратко боледување. Нека му е лесна земјата...

Министерот за внатрешни работи во 2001 година, братот Љубе Бошковски, по втор пат е во затвор. Најпрво во Хашките а потоа и во занданите во Идризово. Осуден на долгогодишна робија...

Командантот на Лавовите, генералот Горан Стојков, по втор пат е во затвор... И првиот, и вториот пат, во истражниот затвор во Шутка...

Заменикот командант на Лавовите, полковникот Бобан Утковски, имаше повеќе среќа. Не беше во затвор. Беше “само“ во притвор. Една година... Откако виде со кого си има работа, замина... Замина далеку од Македонија. Во Авганистан... Најверојатно таму, со Талибанците, се чувствува побезбедно отколку овде...

СУМА СУМАРУМ

Екстремистите кои ја нападнаа македонската држава, заедно со злосторниците кои убиваа и се изживуваа врз недолжни цивили, денес се живи и здрави, среќни и задоволни, распослани на сите можни државни функции...

За разлика од нив, македонските бранители гнијат во црната земја и мрачниот затвор... Или, ниту едното, ниту другото. Заборавени и отфрлени, деградирани и понижени, работат... Работат или се молат за работа... Во зависност од к‘сметот... И молчат. Молчат и трпат... И тивко, тивко, во себе, ја колнат својата судбина. Колнат, но се тешат. Барем останале живи... Понижени и деградирани, со згазено борбено достоинство, но живи... А тоа не е малку. Бидејки, само живи, вака или така, на овој или на оној начин, порано или подоцна, ќе соберат сили, и сите заедно ќе ја исправат големата неправда која им се случува!!!

22.01.2014 година
Генерал Ангелов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom