Воени злосторства на терористите од УЧК

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Која култура човече, тоа сигурно од улиците на Ѓорче ти е , сите до еден патриоти... изчезнати и малтретирани имаше од двете страни, од иста сорта на нелуѓе е дадена наредбата од двете страни, и за убивање и за малтретирање, ама тебе едното око ти е затворено.
Прво и едно да ти биде јасно, не сум партиски, патриотски, и останат полтрон. Размислувам на начин кои што сметам дека е најреален. При тоа имун не сум оставил ни еден народ. Критиката е добра ствар, таа ги потикнува нештата да размислат и да ги потикне на самоиспитување кон процес на подобрување.
Ама очигледно нема потреба од филозофирање, се знае кај вас таа _________________ и гледам немате многу мрдање. Сведени сте на една затворена филозофија како народ и никој не отстапува од тоа, тие што ќе пробаат не сакам да помислам што може да им се случи.

Конкретно јас ти реков знам што се случуваше, ама што ако си толку фраер меѓу твоите не кажеш кој беше таму и ја даде наредбата за стрелање? Пошо јасно е дека после тоа им се заканувале на цел Дреновец дека ако писнат ќе им се е**** м*****.
Пријател на татко ми го земаа од УЧК на сила (среќа при крај) зошто немаше да плати 20 000 Еура. Истото се случуваше низ цела зона. Кој не плати во рок од 24 часа ќе треба да даде по 1 човек-борец од семејство.
Ама ти пак си тераш по свое. Сепак ние не мавнавме сами по државава, а како одговор на тоа што си го баравте нормално е да се очекуваат жртви. Иначе по обичај цивилите се обичниот народ, сиромашен. Тој што има пари ќе избега надвор ќе се спаси. - Тоа од било која и страна да е.

Жал ми е, ама тие се убиени. А убиецот нема закон кој што може да го заштити. Барем во нормална држава.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.442
Голема уста имаш...којзнае за што ти служи???
За лапање курови од учк, нели:D хахахахахаха :D :D :D

Сериозно сега, гледам дискутираш цивилизирано. Дали ти сериозно веруваш во тие бројки на википедиа ?[DOUBLEPOST=1409873328][/DOUBLEPOST]
Пријател на татко ми го земаа од УЧК на сила (среќа при крај) зошто немаше да плати 20 000 Еура. Истото се случуваше низ цела зона. Кој не плати во рок од 24 часа ќе треба да даде по 1 човек-борец од семејство.
Јас ова го имам слушнато од високо образован, паметен албанец, на позиција во едно од министерствата. Во една прилика, тој самиот рече - на голем дел од моите треба да им се фрли атомска бомба. Само не сум сигурен за износот на кешот, мислам дека не беше толку многу. Ама сепак, тоа се случувало. Гревови.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ако било пропуштено, потсетување:



УЛОГАТА НА САД ВО МАКЕДОНСКИТЕ ГОЛГОТИ - (1991-2013)

Ристо Никовски



V - 2001-та – КЛУЧЕН КАМЕН ВО МОЗАИКОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА

или

И ЗА КОСОВО, И ЗА МАКЕДОНИЈА – „ХУМАНИТАРНИ" ВОЈНИ!



В. ДРАГОЦЕНИ СВЕДОШТВА НА ГЕНЕРАЛ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ


24. За целосно да се сфати американската улога во војната во 2001-та, мора да се прочита книгата „Сведоштва" на покојниот генерал Панде Петровски (Битола, „Киро Дандаро", 2006). Тој дава исклучително значајна димензија на американскиот однос кон Македонија, која не остава никакви дилеми. Петровски е учесник во војната од 2001 година. Цитатите од книгата разјаснуваат многу работи.



24. 1. „...Тогашната влада на Македонија потпиша договор со САД, односно со МПРИ, тим на инструктори, пензионирани воени ветерани од САД...", пишува Петровски, на страница 7, и продолжува – „МПРИ предложи свој план за реорганизација на АРМ – кој од Генералштабот и Министерството за одбрана не беше прифатен. Според предлогот, Македонија требаше да има армија со една бригада – т.н. лесна пешадиска бригада – со два лесни баталјони и дел од специјалните единици (да нема артилерија, оклопни едници, воздухопловство итн.)".



И без да се биде воен експерт, меродавно може да се заклучи дека генералот Петровски ни порачува дека предлогот на МПРИ значел Македонија, всушност – да нема сопствена армија! Тоа открива суштински елементи на американската стратегија кон земјата бидејќи зад МПРИ стои американското Министерство за одбрана. Така се затвора кругот: земјата ја подготвуваат за пораз во 2001-та.



24. 2. На истата страница (7), Петровски констатира: „Набргу по тоа, односно во јануари 2000, беа пензионирани околку 500 старешини меѓу кои и сите генерали, т.н. ‘кочничари’ на реформите". ...„По нивното заминување во пензија, бил прифатен одбиениот план за реорганизација на АРМ, предложен од тимот на МПРИ, и во 2000 година отпочнала неговата реализација, под нивна контрола".


Како и зошто тоа се правеше, генералот го објаснува на стр. 8, каде вели: „На почетокот од 2001-та, пред кризата, АРМ беше во завршна фаза на преформирање, односно ‘расформирање’ (3. АК, расформиран, 2. АК – битолски во фаза на расформирање, тенковските и артилерските единици расформирани, воздухопловството расформирано), граничната бригада во фаза на формирање...". Со други зборови, МПРИ подготви сè за војната „успешно" да започне.



24. 3. Во групата пензиниорани генерали бил и Панде Петровски. Меѓутоа, кога започна војната со наши несфатливи грешки и порази, претседателот Борис Трајковски побарал тој да се реактивира. Изненаден од гестот, во погодна пригода, Панде го прашал Борис – „Зошто ме пензиониравте, претседателе, кога немав услови за тоа?" Очигледно искрено, Трајковски му одговорил (стр. 15) – „Генерале, кога станав претседател, не ве познавав вас генералите. Ричард Грифитс, генерал-мајор од САД (шеф на МПРИ, во Скопје) ми донесе список кој на која должност да биде, а кој да биден пензиониран. Јас го потпишав списокот".



И не само што Грифитс пензионирал 500 (нај)искусни старешни туку и погрешни луѓе поставил на челните позиции во Генералштабот – за началник бил поставен инженерец, а за негов заменик – интендант! Сите овие потези на МПРИ и на Грифитс немаат друга квалификација, освен, директна саботажа! Однатре.



Во целина, невиден американски безобразлук! Сепак, грешката и вината се наши. Сме дозволиле таков однос.



25. Книгата „Сведоштва", на генерал Петровски, дава драгоцени податоци околу војната во 2001 година и улогата на главните фактори. На стр. 160 пишува дека „на 21 јули 2001 год. хеликоптер на КФОР SH-47 во 16,45 до 17,05 часот во Шипковица слета и истовари опрема и луѓе, во исто време хеликоптер SH-47 слета и во с. Бродец..."; „на 25 јули 2001 во 13,53 до 14,30 ч. хеликоптери на КФОР SH-47 и SH-53 слетале во с. Бродец. Сите овие слетувања на КФОР не беа најавувани од нивна страна..."; „Во суштина тоа беа подготовки од КФОР за пребазирање на командното место на т.н. ОНА од Призрен во Шипковица..."; „Во разговорот, кога му посочив некои факти, дека сепак КФОР го префрла командното место на т. н. ОНА од Призрен во Шипковица (генерал Ланге од командата на НАТО во Македонија) само ми одговори: „Вие сте во право, но сфатeте ме дека јас сум професионалец и одвај чекам да заминам во пензија’"!



25. 1. Интересно е кажувањето на генерал Петровски и за однесување на Американецот Питер Фејт, кој фигурираше како личен претставник на генсекот на НАТО. На стр. 122, тој ни обелоденува – „Фејт директно контактираше пред сè со претседателот на РМ и настапуваше доста арогантно, па дури и дрско и ултимативно, што ми беше многу чудно. Во една прилика, пред целиот државен врв го прашав – господине Фејт, Вие да не сте командант на т.н. ОНА, што со толкава сигурност тврдите?" – а се работело за прекин на огнот. Можеби и несвесно, генералот ја погодил улогата на Фејт и неговите пајташи. Токму таква била нивната улога.



25. 2. Заслужува внимание и делот сврзан со операцијата во Арачиново. Откако безбедносните сили навлегле длабоко во селото и било само прашање на време кога ќе ги исчистат терористите, во близина на селото прво били пронајдени двајца ранети – Американци (стр. 107)!


Потоа, на 25 јуни, генералот бил кај претседателот Трајковски, кој го информирал дека НАТО ќе ги извлечел терористите од Арачиново. Генералот му одговорил – „Добро, но ние ќе продолжиме со нападот сè додека не се создадат услови за извлекување. Не, (реагирал претседателот) Робертсон (генсек на НАТО) ми кажа дека има нивни 30 лица таму во Арачиново!?! Го гледав претседателот (пишува Петровски) и не можев да го разберам. Кои се тие луѓе, го прашав? Од каде дошле во Арачиново? Не знам, му вратил Трајковски, но ми вети (Робертсон, нели) дека ќе ми даде список на тие луѓе!?!"



25. 2. 1. Каква непростива, катастрофална грешка! Во војна, врховниот командант на армијата на Македонија е информиран дека во место кое е опколено од неговите сили, меѓу агресорите има и „30 луѓе" на НАТО! Американци, се разбира. Тоа не му го соопштува никој друг, туку генсекот на алијансата!?! Тоа е доволно за претседателот на државата кој е, нели, и врховен командант, да преземе сè што е потребно за спасување на „заскитаните" наши „партнери"! Сигурно ја утнале страната!?! На сметка на фундаменталните интереси на сопствената земја, во воена операција која е клучна во војната која се води против агресорите, врховниот командант наредува нивна евакуација заедно со нивните американски сојузници! Според горното сведоштво, претседателот не прашал ни кои се тие, ни што бараат таму, туку само „обезбедува", се договара да му пратат список! Нормално, по операцијата за спасување.



Што мислат читателите – дали, по евакуацијата на американските платеници, по завршената работа за нив, некој му доставил таков список на претседателот? Дури и ако му пратил – за што (ни) послужил тој? Можеби, намерата била да им се испрати некаква благодарница?...


Сè е јасно – сме испаднале неподносливо недоветни. Си играле со нас како со последни шушумиги.



25. 2. 2. За сè да биде појасно и неспорно, кога се подготвувало Арачиново, Трајковски го известил Петровски дека операцијата има ограничено време до два дена (стр. 101). Генералот не го сфатил претседателот – зошто само два дена, ние ќе одлучиме колку дена, му рекол. „Толку ни даде Робертсон", му вратил Трајковски!



Кога ќе се стават во контекст ова и претходното („30 нивни лица") – сè станува кристално јасно. Кој бил менаџерот и на Арачиново и на целата војна од 2001-та. Робертсон се вклучил во вториот дел, по петтото соопштение на ОНА, кога таа стана „хуманитарна" приказна (за деца). Претходно, тој беше надвор од супертајните операции.



Поширок коментар не е потребен. На едната страна имало слонови, на другата – мравки. Ситни, ситни, ситни...



25. 3. Во книгата „Сведоштва", на стр. 77/78, има уште еден важен податок. Во средината на мај 2001, претседателот му наредил на генералот да прифати некојси Дејвид Фоли, кој бил со дипломатско возило со уште две лица, и да го пушти во село Слупчане, наводно да преговара за извлекување на цивилите. И, еве што вели Петровски: „Наредив Д. Фоли да се следи со мои луѓе тајно кога ќе влегува во Слупчане и таму кој ќе го пречека. Истиот ден го добив следниот извештај – на влезот во селото го дочекале три лица со бради во униформи од УЧК, со секого се поздравил, се прегрнал и избакнал...".



Што да кажеме, освен – сигурно се знаеле од студии...



25. 4. Генералот Петровски дава и други исклучително важни сведоштва. На пример, на стр. 195, тој опишува како, при крајот на војната, НАТО инсистирал за повлекување на тешкото вооружување од кризните региони, особено на тенковскиот баталјон Т-22 кој беше набавен од Украина. „Знаејќи ја борбената моќ на оваа единица", пишува тој, „НАТО бараше по секоја цена баталјонот да биде дислоциран во Струмица. Со секојдневни притисоци од НАТО претседателот на РМ одлучи и нареди Тенковскиот баталјон со комплет стратешински и војнички состав да се дислоцира таму. За секое напуштање и на еден тенк од Струмица мораше да се бара одобрение од НАТО"!?!



25. 5. Иако било неспорно дека терористите воено релативно лесно можат да се уништат, претседателот Трајковски „уште на 14 јуни 2001 испратил писмо до генсекот на НАТО од кој побарал помош за разрешување на кризата" (стр. 98). Началникот на ГШ за тоа дознал на 5 јули 2001-та.



И само овој податок е доволен за да се заклучи што сè, и како се случувало во Македонија во 2001-та.



Како во приказните – помош сме барале од егзекуторот!



25. 6. Сеќавањата од 2001-та зборуваат дека тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, се залагаше за прогласување на воена состојба. Од книгата „Сведоштва" станува јасно дека една таква одлука бргу ќе ја завршела работата. Ако било така, а така било, се наметнува прашањето – зошто до тоа и не дојде? Поточно – кои беа противниците? Не е спорно дека САД и нејзините сателити биле жестоко против таква мерка бидејќи така, релативно лесно, би се елиминирала ОНА. А тоа, во никој случај, не смеело да се дозволи.



25. 6. 1. Горното залагање на Георгиевски го потврдува и генерал Панде Петровски, но изнесува факти кои говорат за суштински разлики меѓу неговите зборови и дела (стр. 136): „Откако ќе се отпочнеше со воената операција, премиерот, пред истата да биде прекината, ќе дојдеше на командно место, а после ќе се прекинеше операцијата – класичен пример воената операција во Кумановско и Арачиново. Премиерот и некои околу него јавно се залагаа кризата да се решава со воени средства, а откако ќе се прекинеа операциите, не реагираа зошто се прекинале"!



Инаку, тој нема дилеми за ставот на претседателот Трајковски кој, според него (стр. 136) – „секогаш се залагаше кризата да се решава со политички средства и со поддршка на НАТО, ЕУ и ОБСЕ...". Тоа, најверојатно, бил и нашиот најголем хендикеп во војната. Тој што треба да ја води, смета дека – не треба да се води!



Ова се драгоцени податоци за историчарите.


26. Не е спорно дека претседателот Борис Трајковски беше чесен човек и патриот за што постојат и лични сеќавања. Ама, за голема жал, тој беше жртва на махинациите кои на Балканот ги правеше единствената велесила. Генералот Грифитс преку МПРИ, Роберт Фровик преку ОБСЕ, Пердју, Фејт и другите „олеснувачи" и „експерти", најчесто од редовите на ЦИА и други слични служби, спроведуваа јасно дефинирана американска политика, која беше погубна за земјата. А нашите им веруваа и ги следеа. Посебно – претседателот.



26. 1. Со добра намера, несвесен за големата игра во која е вовлечен, Трајковски очигледно беспоговорно ги следеше американските инструкции. А Вашингтон, бескрупулозно го искористи. Точно како што илустрира и генералот Петровски, со пензионирањето на плејада врвни воени старешини и поставувањето лица со неадекватни профили на главните функции во Генералштабот. Штетите кои следеа се огромни и непоправливи.



Трајковски премногу знаеше. Дали еден ден можеше да биде сведок за нечии недела и политички злоупотреби? Новинарката Лупевска, во ТВ емисијата КОД на Канал 5, на 26 февруари 2012 година, информираше дека – непосредно пред смртта, Трајковски рекол дека ќе ја кажел вистината за Косово! Дали самиот си пресудил?



26. 2. На стр. 175, генерал Панде Петровски заклучува – „Не сум сигурен кој ја планираше воената криза во РМ. Меѓутоа, кој и зошто ја контролираше и кој и зошто не дозволуваше истата да се разреши со воени средства беше повеќе од очигледно. Армијата сигурно не е...". На стр. 204 тој вели – „Бевме попречувани во секоја воена операција"!



* * * * *



27. Интересни видувања за војната дава и Г’зим Острени, началник на Генералштабот на ОНА, во неговата книга „Критично согледување на делото ‘Војната во Македонија во 2001 година’, на генерал Митре Арсовски, проф. д-р Стојан Кузев и генерал проф. д-р Ристо Дамјановски", лично издание, Скопје 2006 (ISBN 9989-2650-1-1).



27. 1. На страница 25 Острени уверува дека –



„... УНМИК и НАТО (КФОР) презедоа остри мерки за спречување на евентуално учество на припадници на Косовскиот заштитен корпус (КЗК) во структурите на ОНА". Дали авторот, очигледно не сакајќи, ни открива дека сè се подготвувало и крчкало на Косово? Ако тоа навистина било „востание" во Македонија, како што ни тврди Острени – каква врска со тоа имаат УНМИК, НАТО (КФОР)...? Нели се тие на Косово, не во Македонија? Зошто ја поврзува ОНА со нив, ако била автохтона, создадена во Македонија? Тоа е сама одличен доказ дека врска, сепак – имало! И тоа каква! Народот убаво вели – кој си ја има мувата на капата... Инаку, како би било можно тој, од началник на ГШ на КЗК, платен од ООН, да премине во ОНА, на иста функција? Или, за него „острите мерки" – не важеле?



27. 2. Во книгата, Острени не само што не ја крие туку постојано ја повторува основната цел на ОНА – Македонија да стане двонационална држава. Нагласува дека на Албанците, во 1991 година, во новиот Устав – „не им се призна статусот на државотворен елемент во новата држава" (стр. 34). Тука е значи мотивот на војната. Во прашање е истата болка која ја имаше и Косово во Југославија, кога со сите сили настојуваше да стане република. Да бидеш „република" во федерацијата и да станеш „државотворен" народ во денешна Македонија значи добивање право за отцепување. Други разлики – нема.



27. 3. На стр. 90, Острени додатно ја елаборира оваа суштинска причина за војната. Вели: „... Собранието, Владата и политичките партии, вклучувајќи ги и сите политички партии на Албанците, не наоѓајќи сила да го надминат создадениот проблем со политички мерки и активности, а тоа значи решавање на проблемите кои самите ги создадоа со Уставот на Македонија од 1991 година, исклучувајќи ги Албанците од правото на државотворност, а со тоа и дискриминација на сите нивни елементарни човекови слободи и права...".



Неговата констатација дека недобивањето на правото на „државотворност" значело дискриминација е – бесмислена. Тоа би било точно само ако авторот мисли на правото на отцепување. Навистина, тоа им беше ускратено. Ништо друго. Државотворноста, во случајот со Македонија, апсолутно нема никаква врска со човековите права и слободи, најмалку со елементарните. Сите граѓаните се еднакви пред законите. Тоа е чиста измислица на Острени преку која го открива и мотивот за војната, што ја потврдува веродостојноста и на првите пет соопштенија на ОНА, за поделба на земјата. Тој ги измешал човековите права со колективните, етничките. Намерата е јасна – разбивање на унитарниот карактер на земјата.


27. 4. Објаснувајќи зошто македонските безбедносни сили беа поразени, Острени (на стр. 94), повторно не сакајќи, ни потврдува и која беше ОНА, и зошто се случи 2001-та: „Ваквата неспособност за уништување на волјата на албанскиот народ за слобода, изразена преку ОНА...". Значи, сепак, се работело за слобода, а не за некакви права. Затоа така се викала и неговата војска – „Ослободителна...".


27. 5. На крајот, тој и нè подучува, извлекувајќи наравоучение – „Македонците само во заедница со Албанците се Македонци, додека со кој било друг ќе бидат нешто друго"! Значи, според Острени, Македонците треба да им бидат благодарни на Албанците за третманот што го имаат од нив!



Доволно, нели?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
@Bratot, Видеото она што го емитуваа МТВ или КИСС ТВ кога хеликоптер од НАТО им даде полн џип со оружје (прикачен на сајли за хеликоптерот беше) на Учките има шанси да се најде некако или па да се сеќава некој на тоа?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
@Bratot, Видеото она што го емитуваа МТВ или КИСС ТВ кога хеликоптер од НАТО им даде полн џип со оружје (прикачен на сајли за хеликоптерот беше) на Учките има шанси да се најде некако или па да се сеќава некој на тоа?
Колку што се сеќавам тоа беше емисија на Томиќ на КИСС уште пред Гласот на Народот на МТВ, може се лажам, меѓутоа разговорот во кој беа прикажани снимките беше меѓу Томиќ и еден адвокат не му го памтам името.

Мислам дека може да му се пише на Томиќ да го ре-објави тоа интервју.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.618

На тацна...57ца само во кумановскиот крај,и тоа сигурно не би го кажал вистинскиот број.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
Александар Серафимов 21

На денешен ден пред 13 години на 27 Октомври во 2001 почина Александар Серафимов припадник на ЕСЗ Тигар.Им подлегна на претходно задобиените рани тешко ранет во главата во с.Матејче.Пред 2 години граѓаните на Свети Николе му оддадоа почит на нивниот сограѓанин Александар Серафимов со откривање на негова спомен биста во центарот на градот.

Вечна му слава
10711070_347413955420665_1665449670374341691_n.jpg
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Cekaj be, kolku pripadnici na ARM i MVR se vkupno ubieni?!
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
Tatkoto na masakriraniot Igor Kosteski

Milivoj Kosteski

ЗЛОЧИНАЧКИ КРВАВ ПИР НА ТЕРОРИСТИТЕ

Каков е билансот од крвавиот пир на терористите, кои сосема ладнокрвно, по вооружениот напад, го извршиле масакрот врз мртвите, а и некои беспомошни, тешко ранети припадници на безбедносните сили? На Миле Јаневски, со кундак од пушка му е згмечена, разнесена главата, а низ телото има осум канални повреди предизвикани од огнострелно оружје и вртлежи од “кинески” нож. На Бобан Трајковски, исто така, со кундак од пушка му е згмечена главата, има две прострелни рани, а со нож три рани му се отворени на градниот кош и во пределот на подлактницата. Беспомошното и мртво тело на Роберт Петковски со нож е бодено по нозете и гениталните органи. На Игор Костески му се нанесени седум огнострелни рани по целото тело. Сигурно додека давал знаци на живот, од близина со пиштол му е пукано во чело. Ако загинал зад воланот додека маневрирал со “хамерот”, загадочна е раната и големата расеченица на левото стапало, и отсечените три прсти на десната рака. Рачниот часовник, кога ми го донесоа од судска медицина, а и денес го носам на мојата рака, застанат беше во 18.12 часот. Дали запрел од компресија и експлозија или сам го стопирал Игор, со што сакал да ни соопшти дека во тој миг животот му престанал. Марјан Божиновски, иако се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело е целосно јагленосано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети. Кире Костадиновски, бил тешко ранет со проектили во пределот на градниот кош и стомакот. Бил запален додека бил се уште жив, зашто во белите дробови му е најден јагленороден моноксид. Бошко Најдоски, додека бил тешко ранет, од близина му е пукано во неговото чело, за да потоа биде запален и целосно изгорен. Илчо Стојановски, покрај што е здобиен со прострелни рани во главата и стомакот, со кундак од пушка му е разнесена брадата а со нож му се нанесени рани на рацете и нозете. Запалени му се нозете но од целосно изгорување го спасиле првите “тигри” што пристигнале на местото на масакрот.
Да спомнам дека тројцата полицајци од Битола биле поставени еден до друг до нивната “лада нива”, со главите свртени кон “хамерот” и запалени. Останува енигма, зошто се запалени само загинатите полицајци, а не и “волците” и на кого му е испратена таквата порака? Нелогичност има и ако се анализираат снимките од целосно изгорените први две возила од патролата. Ако биле погодени во прв момент со тромблонски мини, тие целосно би биле разнесени и изгорени, заедно со бранителите во нив. Според начинот на извршување на масакрот, кој траел десетина минути, предизвиканите рани можеле да го направат добро обучени специјалци и ладнокрвни убијци. Но, бидејќи раководството на ОНА никогаш не обелодени дека во својата формациска воена структура има специјална единица, тогаш со право се наметнува прашањето, кој го изврши масакрот, по чија наредба, со каква цел и за колкава парична награда?

11138495_622048331266009_6179149371428555138_n.jpg
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
текстов го превзедов од фб група прочитајте и све ке ви е јасно аир да не видат политичарите

Mасакрот во Вејце 2001

Јавната тајна која ја знаат сите влади од 2001 до денес а никој ништо не превзеде.

Вистината за масакрот информациите се од неколку извори

Ќе бевме помирни ако загинеа во директна борба со непријателот.Но,најмногу боли тоа што повеќето беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји.За разлика од нив,семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата.
Македонската јавност не смее да ги заборави македонските херои.

Сведокот вели дека нападот беше поставен на добра локација, терористите беа распоредени во форма на потковица околу кривината а македонските безбедносни сили беа нападнати со гранати и куршуми од сите страни. Неколку од нив, кој сепак успеа да излезе од возилата биле збришани веднаш. Три куршуми на единствениот преживеан, но успеал да скокне во бездната. Неколку стотини метри сретна еден Албанец .Ранетиот војник побара од албанецот да го однесе до првиот полициски пункт. Албанецот предложил да го крие него во сеното и го влече кон Тетово до најблискиот полициска патрола.

Како што имам читано од извештај за настанов, единиците што западнаа во заседата се сретнале со единицата што се вракала од претходната патрола на истото место, па мислам дека едниот џип подзаостанал бидејки разменувале информации за теренот со единицата што се вракала од таму. Кога пристигнал последниот џип, нападот веке бил започнат, па џипот проценувајки ја состојбата се одалечил од местото за да помогнат оддалеку, мислам дека се убиени и неколку терористи.Знам дека возилото што малку подзаостанало, само што се доближиле до кривината позади која била заседата, се повлекле и отвориле оган од мала дистанца, за тоа време терористите проверувале кој е жив и го масакрирале, ама бидејки џипот што заостанал отворил интензивен оган на терористите, не успеале да ги "проверат" сите повредени, па така некои преживеаа.
14 години се навршија вчера од ѕверското убиство на осум македонски бранители кај тетовското село Вејце, за кое се уште не е покрената истрага, иако Управата за Безбедност и контраразузнавање во МВР има документ во кој се напишани сите учесници во ова ѕверско убиство!

На 28 април 2001 година комбинираната патрола составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени "Волци" при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17,45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени. Целосно се уништени и запалени една лада нива и еден хамер.
Од ЕСН "Волци" загинаа: Роберт Петковски (27),постар водник, с. Бунарџик-Скопско; БобанТрајковски (28), водник, Куманово; Игор Костески(26), водник, Кисела Вода-Скопје; и Миле Јаневски(30), водник, Македонска Каменица.Од Посебната единица на СВР Битола загинаа:Марјан Божиновски (27), Битола; Кире Костадинов-ски (24), с. Горно Оризари-Битолско; Бошко Најдов-ски (25), с. Долно Оризари-Битолско; и ИлчеСтојановски (24), с. Породин, Битолско.
Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. Од „Волците” со тешки повреди се здобија Бранко С. Јонче Д. и Тоше К. а од „Полицајците-ПЕП” Горан К. Јовица Б. и Златко Ј.
Полициската белешка, насловена како „сознанија за грозоморното убиство крај селото Вејце, Тетовско”, била заведена под број 470/13.11.2001
Акцијата ја предале од македонска страна началникот на СВР Тетово - ИГОР МАНОЈЛЕВСКИ и негови соработници и локални припадници на ДБК.

Единствено тој знаел каде, во каква формација и во кое време ќе се движи комбинираната патрола за Вејце. За продадената информација бил награ ден со околу 700.000 швајцарски франци. Наредниот ден по масакрот е уапсен и задржан две недели во притвор. Кај него дома се најдени парите за кои не можел да го докаже потеклото. На брзо потоа е суспендиран од тоа работно место и е префрлен во Скопје повторно на началничко место во полициската станица 'Карпош'. Од другата страна соработувале:
ТАЛАТ ЏАФЕРИ (1962), од Форино, Гостиварско.
- дезертер од АРМ, еден од главните офицери во касарната во Тетово до почетокот на војната.
- поранешен заменик министер за одбрана во владата на СДСМ од 2002
-поранешен министер за одбрана во владата на ВМРО ДПМНЕ од 2013
- уапсен 2008 за учество во изборни инциденти, па ослободен
- беше нападнат во Собранието од роднините на исчезнатите Македонци, поради криење на информации во врска со нивните роднини
ШЕВАЉ ЕТЕМИ од Палатица, Тетовско
- бивши гардист во АРМ и бивши припадник на Агенцијата за Разузнавање (АР) при АРМ
- дезертирал од АРМ по акцијата на тетовско Кале
- учество во случајот Мавровски работници и 12-те киднапирани
Многу докази укажуваа дека терористите биле известени преку радиоврска за движењето на мешаната полициско-војничка патрола.Беа фатени и сигнали од разговор помеѓу лица од касарната во Тетово и терористичката група лоцирана кај Вејце, која ги чекала во заседа македонските бранители после нивното тргнување на доверените војнички задачи.

Според полициската белешка масакрот го раководеле Исмаили Шинаси или попознат како командант Хоџа, Цека Иљаз-Ќори, и Цека Билал-Брада, тројцата од Косово. Цека Иљаз бил задолжен со два милиона германски марки да ги исплати странските војници-платеници од западните земји, муџахедини и доброволци од земјава. Цека Билал, пак, бил припадник на Косовската разузнавачка служба и еден од главните организатори на снабдување на ОВК со оружје.Масакрот го извршиле муџахедини, а со групата командувал Даут Харадинај - брат на косовскиот политичар Рамуш Харадинај.Очевидци тврдеа дека злосторството го извршила група од десетина луѓе со бради и долги ножеви. Терористите убиле со пукање само една од жртвите, додека другите седум биле сечени на парчиња или биле живи изгорени.
Даут Харадинај бил шеф на Косовскиот заштитен корпус, а било лесно да се идентификува, бидејќи бил без една рака откако ја загубил другата при инцидент со мина. Неговиот брат Рамуш Харадинај, исто така, е под сомнение дека е одговорен за убиствата барем на 50-ина косовски Срби.
Од „домашните” учесници во акцијата, покрај поранешенниот градоначалникот на Тетово Хазби Лика, кој претходно беше и заменик-министер за внатрешни работи, а за време на конфликтот 2001 попознат како командант Чела, бил еден од дваесетината учесници во масакрот крај Вејце,биле наведени и Лика Иса-Илир заменик директор на Царина после војната.Братучед на Хазби Лика, убиен во 2006 поради крвна одмазда,РАИМ САМИИ - ЗОГУ од Шемшево, Тетовско, MИЛАИМ АЈДИНИ Министер за транспорт и врски во владата 2002 – 2004.ИЗАИР САМИИ - Баци /Командант Шурли од Шемшево,Тетовско
- внук на Абдурахман Алити, поранешен амбасадор во Софија.
- учесник и во нападот на ПС Теарце на 22.01.2001 (заедно со неговиот брат Рами Самии, Даут Реџепи - Лека (1966), Муарем Велиу и Сами Хебиби (1973), главниот лик од видеото после акцијата во Бродец, кој е уапсен за ова дело после нецел месец и по своеволна наредба на тогашниот заменик министер Рефет Елмази, е пренесен до Косово од неговиот личен возач Сулејман Мустафа ) кога загина полицаецот Момир Стојановски (30) од Крива Паланка, а тројца беа тешко повредени.
- учесник и во измачувањето на работниците на ГП Маврово, киднапирање и мачење на Македонци по автопатот Тетово - Скопје и замешан во случајот на 12 исчезнатите лица заедно со Астрит Беадини и Шеваљ Етеми
- потврдено учество во киднапирањето на Илко и Васко Трајчески, Ѓоко Синадиновски, Боби Јакимовски кои уште се водат како исчезнати.Ги киднапирале заедно со Ибраим Сулејмани, нивни комшија.Овие двајца заедно со Даут Реџепи - Лека, на испитување во ПС Гази Баба признале дека ликвидирале најмалку 6 од 12-те киднапирани лица,а другите 6 се однесени на Косово (поради трговија со органи).ДБК е најверојатно исчистена од тие документи, за мир на тогашната и идните коалиции
- учесник во убиството на матурантот Ванчо Јосифовски.Бајрами Асим-Пуча, Рифати Енвер-Џаџи, Абдурамани Исак, Велиу Муарем, Вејсели Екрем, Османи Фадил, ЛУЛЗИМ ИСМАИЛИ - командант Лули од Нераште, Тетовско Емини Ибрахим, Џемаили Џават, Башким Рустеми-Кими, Османи Хајри, Хисен Џемаили, Емини Абаз и Емини Рамадан. Повеќето од нив се од Тетовско, а неколкумина од селото Вејце.
Дел од извршителите биле добро обучени како поранешни припадници на ОВК од Косово. Тие неколку дена пред нападот се подготвувале и вршеле обука во логорот во Косово кој се наоѓал во непосредна близина со границата со Македонија. Диверзантско-терористичката група имала конкретно задача да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Тие, во содејство со група терористи од Тетовско, ја организирале заседата и го извршиле терористичкиот напад врз патролата на македонските безбедносни сили, за што имале широка поддршка и од месното население. По нападот некои од нив се засолниле во селата Вејце, Бродец и Бозовце, а некои се повлекле во Косово, при што го минирале патот по кој се повлекувале


11164574_453535694811584_8622128925928548633_n.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom