Каде може да се најде список на пратениците кои гласаа за тоа и хашките случаи да бидат амнестирани?
Мора негде да го има тоа, побогу. Сакам да си ги имам имињата на тие кои сметаа дека треба да бидат ослободени тие кои им бутаа стапови во газ на работниците од Маврово, а потоа ги тераа да го лижат, кои ги тепаа со кундаци и ги тераа сексуално да општат меѓу себе, за на крајот да ги резбаат како да се дрво.
Политиката над правдата
Не е важна правдата, важен е политичкиот договор - ова е пораката што власта ја праќа со амнестијата на Хашките случаи, сметаат експертите.
20.07.2011
Законот за амнестија кој го усвои Собранието, експертите го оценуваат како политички чекор на власта, а не задоволување на правдата. Со законот се ослободуваат лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Македонија има обврска со преземањето на Хашките случаи да води судска постапка за случаите како што е брутално насилство врз цивилното население, вели активистот за човекови права Мирјана Најчевска.
„Пораката која што се праќа е -
не е важно правото, важен е политичкиот договор, не е важна правдата, важен е политичкиот договор и дека насилството се исплати.“
Амнестија за „Хашките случаи“
Со гласовите на владејачкото мнозинство синоќа (19.07.2011) во македонскиот парламент беше изгласана амнестија за преостанатите четири случаи на воени злодела од припадниците на поранешна ОНА.
Со прифаќањето на Предлогот за автентично толкување на членот 1 од Законот за амнестија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ решија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, меѓу кои спаѓаат оној за командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници. По затворањето на хашките досијеа единствениот осуден за воени злодела за конфликтот од 2001 година е Јохан Тарчуловски, чиј случај го процесуираше Хашкиот трибунал.
Тарчуловски вчера му се обрати со писмо на премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да ги „стави во историјата“ хашките случаи и да ги „заврши сите трауми од минатата деценија“.
Deutsche Welle - 20.07.2011
Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за хашките случаи, проверете ги законите и, ако има можност, решете го тоа прашање еднаш засекогаш. Завршете ги сите трауми од минатата деценија. Ја имаш мојата целосна поддршка.
Вака, со писмо, Јохан Тарчуловски, единствениот Македонец осуден од Хашкиот трибунал, вчера, додека траеше собраниската седница, им даде поддршка на пратениците што цел ден се обидуваа да дадат автентично толкување на Законот за амнестија. Но, наместо на Собранието, во писмото Тарчуловски му се обраќа лично на Груевски.
Ваквото за многумина неочекувано писмо уште повеќе ги разгоре страстите особено помеѓу роднините на киднапираните Македонци од случајот „Непроштено“, кои вчера попусто се обидоа да присуствуваат на собраниската седница за, како што велат, лично да се уверат дека никогаш нема да откријат каде им се исчезнатите роднини.
Собранието, наместо судот пресуди за Хашките случаи
Вторник, 19 Јули 2011 18:23, Охрид скај
ВМРО ДПМНЕ молчеше, ДУИ им беше адвокат, но заедно гласаа ,,ЗА,, за Законот за амнестија. 63 гласаа за, 29 гласаа против – Собранието го усвои законот за амнестија на хашките предмети.
ВМРО ДПМНЕ и ДУИ денеска во глава и пукаа на правната држава, со Законот за амнестија, ја убија перспективата на Македонците и Албанците во Република Македонија
Автентичното толкување на Законот за амнестија, со кое се ослободија од одговорност сите инволвирани во конфликтот од 2001 година, меѓу кои и дел од раководството на ДУИ, Собранието го изгласа со 62 гласа “за“.
Барањето доби поддршка од сите албански партии и од владејачката ВМРО–ДПМНЕ,а само пратеничките групи на СДСМ, НСДП и на ПЕИ на Фијат Цановски беа против. Сите партии кои се “за“ заедно имаат 81 пратеник.
Во моментот на гласањето внатре беа само потребните 63.