Воени авиони

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.825
Поени од реакции
6.351
@TheTrooper @callejón de la muerte

По вас моментално кој е посилна воена сила Србија или Хрватска ?
Нато не се рачуна во овој случај.

Знам дека Хрватска е појака економски што би и идело во прилог но како што следам и Србија ги стига доста економски убедливо е лидер за странски инвестиции во бивша ЈУ.
Ниту едните ниту другите имаат нешто нарочито силни војски. На хартиja Србија има повеќе луѓе и играчки, но не е тоа некаква стретешки значајна предност.
После долги години има пак некаква набавка во оружје што за двете војски е позитивна работа, но далеку од некаква премоќ
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.885
Поени од реакции
8.726
Српската и Хрватската војска од 90-те би ги искинале Српската и Хрватската војска од 2020-те ко циганче наполитанка.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.441
Поени од реакции
5.941
Така е лесно е за форумски експерти да палмудат на форум што и како требало. Зубак кој последен пат видел оружје рани 90ти е покоментентен и знае што треба од цел воен врв, школувани офицери со 30 години воено искуство и ветерани од последната војна затоа што Пленковиќ сам ги одбра авионите туку така. Одлуката да се набават авиони и кои ќе се набават е оставена на воениот врв, а Пленки и Милановиќ ја аминуваа и финансираа нивната желба за што има широка поддршка во јавноста и политички консензус.

p.p.s Зубак скоро изгуби 200 милиони долари вредна тужба против владата на РХ. Нека не те чуди неговата реторика. :D

На животниот век 2.5 - 3 милијарди. Па ете и во најлоша варијанта тоа се 3 милијарди до кај 2040та некаде. Еден ептен голем трошок што да ти кажувам. Стиропорот на Скопје 2014 на 4-5 пати посиромашна држава чинеше 500 милиони евра низ 5-10 години.

А кој тебе ти кажа дека не постои ништо и дека толку 12 Рафали се набавуваат и се дига раце славје готово е крај? Во 2000 година и 2003 беа набавени радари AN/FPS-117 и поморски радари во нивните најнови верзии тогаш достапни. Овие авиони требаше уште накај 2010 да се набават, но кризата го спречи тогаш тоа за тек пред 3-4 години пак да има пари за тој проект, па бидна што бидна со Баракот и на крај се дојде до Рафал во 2021. Купувањето е со огромно доцнење, но е далеку од хир и купување само колку да се купи нешто.

Следен чекор на среден рок е набавка на ПВО систем со среден домет. Така што не знам што е проблемот тука? Да може Хрватска да набави се од еднаш и како сака треба да биде пијан нафташ како УАЕ или Саудиска Арабија.

Плус можеби и ќе се протнат тие српски Мигови, но веројатноста е дека голем дел ќе бидат на враќање срушени. Дали би и се исплатело на Србија таква екскурзија? Оружјето не е само да биде употребено, уште подобро е ако држи мир без да треба да се употреби. Затоа е толку важен тој паритет на силите и одржување на балансот.

Задржување на способноста на имање своја воена авијација што долгорочно е ист трошок како туѓ ер полисиниг, заджрување на односот на сили, спречување на туѓа воздушна надмоќ во случај на некаков конфликт со Србија, брз уништување на цели во Босна длабоко во Бошњачка територија. Такви на пример би биле фабрика за муниција и складишта во Коњиц надвор од домет од артилерија од Мостар, БНТ во Травник, фабрика за експлозиви, полнења и ракетни барути во Витез, изолација на воздушниот простор на БиХ итн. Само да пукне, употреба за авионите ќе се најде. Во минатиот рат Миг 21 уништуваше успешно фиксни цели или големи конвои на земја, а не пак Рафал денес.

Ако си толку експерт веројатно знаеш дека продажба на оружје не е одење во супермаркет со ливче и бирање што ти душа сака. Леклерк го продава некој? Поверојатно е дека следен чекор би бил Леопард од Германија отколку било кој друг тенк или модернизирање на постоечките тенкови до каде се може со цел да се купи време и даде работа на Ѓуро Ѓаковиќ.

Инаку со цел неутрализирање на српската нумеричка бројност во тенкови на Хрваткска лани и е одобрена продажа на 74 Бредли возила и 1700 TOW проектили. Исто така сите Киова хеликоптери лани беа наоружани со Helfire противокопни ракети. Врз тоа веќе 8 Патрии имаат нови куполи и Spike проектили, а нарачка има за уште 20 такви да бидат модифицирани. Не мора да имаш тенк за да уништиш тенк, експрет би требало да го знае тоа.

Башка ако го исфрлиме Дунав како опција каде што има само 2 моста (хммм што би можело да сруши мост од доста далеку?), Србија би имала 40-45 километри густо населен коридор за напад.
Прегледај го приврзокот 315131
Сите населби на сликата се со 1000+ жители, а ненаселениот дел меѓу Бошњаци и Нијемци е густа и висока километри длабока шума. Хрватска нема амбиции да влегува на простор на Србија, доволно е да има сила да одбие српски напад и во старт да спречи таква екскурзија. А во исто време уште поважно да се има апсолутна воздушна и огнена надмоќ врз Бошњаците во Босна или да се одвратат и Додик и Србија од било какви експерименти.
Кој форумски експерти бе, не сакаш да одиш ад-хоминем пошто ќе увидиш дека има луѓе кои се разбираат поради причина.

Не знам кои се тие офицери ама дека политичар отишол да се консултира со сепцијалисти за ПВО и на база на тоа донел одлука за купување Рафали е смешно, не постојат трезни стручњаци кои би предложиле такво нешто, немој да ги потценуваш хрватските офицери, не е убаво тоа.
Пара во џеб и удирање во гради појаки сме од четниците кај раја, тоа е причина.

:icon_lol:МиГ-21 успешно уништувал? Сериозно? Романија се оддаде од пари само за да оспособи 24 МиГ-21 фрејма да имаат каква таква способност за удар по земја, каталошки таа канта носи 1500кг во реалност 1000-1200кг што е на ниво на П-47 кој го имаат во технолошки музеј во Загреб. Поисплатливо е да се платат луѓе да носат бомби со комбе до целта него да се очекува нешто од МиГ-21.
Рафал има можност за удари по земја но тоа е повеќе на хартија, на терен неколку bon de guerre летала не значат многу.

Кајова и Тоу се технологија од шеесетти, вероватно на амери за некој политички поен им е ок да се отарасат од ѓубре па кој ќе се најде наивен тоа да го земе, усташи, балије, четници не е важно.
Тие радари се од време на Виет Нам или нешто понови, не знам што имаат четнициве од можност за заглушување ама и тоа не е важно пошто радар како радар сам по себе без систем не значи премногу.
Албанија добија такви радари како донација, колку да се дешава нешто.

Значи набавка на овие авиони е со цел да се одврати евентуален четнички напад или да се интервенира во случај да се закрви во Босна. И за двете цели може да се направи повеќе со многу помалку пари.

Секако дека набавиле радар да покријат барем Загреб и околина, ама оттаму до квалитетно интегриран систем кој ќе ја покрива територијата на државата и ќе може да открие, прати и наведува пресретачи кон противнички цели зјае цела дупка, подлабока од постојнска јама :icon_lol:

Пошто Хрватска њама ер-ту-ер дополнување останува борбен радијус со дополнителни резервоари што би било ок да не е премногу краткото време за реакција. Затоа треба систем кој ќе прати противник уште на негова територија, во случајов четнички авиони.
Пример, две четворки Орао со по 8 глупи запаливи бомби од 250кг одат на Осијек, од граница до Осијек со брзина 800+ км/ч се за колку време над градот, за пар минути? Или Винковци па чак и Вараждин.
Доколку има (а нема да има) на ротација 24/7 барем два пара Рафали на дежурство кои веднаш излетуваат од Плесо и одат на CAP над Славонија, додека стигнат четници веќе бомбардирале света хрвацка земља и убиле маса хрватска нејач. И што прават Рафалите тука?

Леклерк пошто француска опција нели Макрон беше во посета, па кога веќе доаѓал да продае по нешто.
Може тука и М1 или Л2 не е важно, важно е што се стекнува значајна предност, макар била мобилна дефанзива, Патрија ја пробива РПГ од сите страни, тоа ти е оклопен автомобил со пар митралези на него, точкаш. Не знам дали усташките верзии имаат можност за купола 105мм ако немаат, фрлена пара. Во Словенија имаше афера каде премиер стаил во џеб грдна пара за да донесе Патрија која има употребна вредност на таков терен колку и дупка во глава.
Којзнае колку се има опарено тој Виленковиќ.
Автоматски споено мислење:

@TheTrooper @callejón de la muerte

По вас моментално кој е посилна воена сила Србија или Хрватска ?
Нато не се рачуна во овој случај.

Знам дека Хрватска е појака економски што би и идело во прилог но како што следам и Србија ги стига доста економски убедливо е лидер за странски инвестиции во бивша ЈУ.
Подобро прашање би било кој е послаб. :angel: Четници имаа поголем буџет ама тоа не значи многу во денешно време. Српска опрема е све екс-ЈНА со некои локални модификации, пример Стрела од 5км по каталог сега ја направиле на домет од 7км и слични ситуации.
Најмногу зависи од реална ситуација, кој кого би нападнал, со која крајна цел, имајќи предвид 90-те јасно е дека србијанци се крајно неспособни во поглед на раководство и офицерски кадар што значи дека евентуален судар со Хрватска повторно би го изгубиле, имајќи предвид дека Хрватска денес не е со ЗНГ и ловачки друштва на прва линија како 91.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.825
Поени од реакции
6.351
Кој форумски експерти бе, не сакаш да одиш ад-хоминем пошто ќе увидиш дека има луѓе кои се разбираат поради причина.

Не знам кои се тие офицери ама дека политичар отишол да се консултира со сепцијалисти за ПВО и на база на тоа донел одлука за купување Рафали е смешно, не постојат трезни стручњаци кои би предложиле такво нешто, немој да ги потценуваш хрватските офицери, не е убаво тоа.
Пара во џеб и удирање во гради појаки сме од четниците кај раја, тоа е причина.
Well ти си ти тој што ги потценува. Сега каде е следната линија? Испадна дека се потпиша договорот (денес се уплати првата рата), се плаќа на повеќе рати, има употребна вредност, не е осамен дел од еден систем. Следно што е? Не изгледа убаво? Проблем ќе е да се преведе од француски контролната табла?

:icon_lol:МиГ-21 успешно уништувал? Сериозно? Романија се оддаде од пари само за да оспособи 24 МиГ-21 фрејма да имаат каква таква способност за удар по земја, каталошки таа канта носи 1500кг во реалност 1000-1200кг што е на ниво на П-47 кој го имаат во технолошки музеј во Загреб. Поисплатливо е да се платат луѓе да носат бомби со комбе до целта него да се очекува нешто од МиГ-21.
Рафал има можност за удари по земја но тоа е повеќе на хартија, на терен неколку bon de guerre летала не значат многу.

1638370599693.png

1638370611106.png
1638370627458.png

Ова уништен, неутрализиран веројатно се преамбициозни и преувеличани во некои од случаите, но првите 3 цели, мостот што е оштетен и најмалку една од колоните со сигурност се потврдени. Е сега за волја на вистината и пилотите за време на Олуја имаат веќе 3-4 години искуство напаѓање на цели на земја со МиГ21, еден куп саати, борбено искуство, но пак останува дека можеш и со стара крнтија како МиГ21 да уништиш големи и спори цели како оклопна колона или база.

Кајова и Тоу се технологија од шеесетти, вероватно на амери за некој политички поен им е ок да се отарасат од ѓубре па кој ќе се најде наивен тоа да го земе, усташи, балије, четници не е важно.
Киовите се произведени 2013та додека ТOW е сеуште во употреба со нови варијанти и Американците тек 2032 целат да го заменат. ;) Не им смета на многу посилни и побогати војски да го имаат во својот арсенал и едниото и другото.

Остај ти првичните верзии и оквирот, па ете и да се најстарите верзии и тие се доволни да ги отвараат како конзерви M-84.

Тие радари се од време на Виет Нам или нешто понови, не знам што имаат четнициве од можност за заглушување ама и тоа не е важно пошто радар како радар сам по себе без систем не значи премногу.
Радарот оригинално е од 80ти, а набавен е 2000. Уште се користи во Германија, Тајван, Јужна Кореа, Грција, Турција, УК, САД.....крнтија......

Значи набавка на овие авиони е со цел да се одврати евентуален четнички напад или да се интервенира во случај да се закрви во Босна. И за двете цели може да се направи повеќе со многу помалку пари.
И да се задржи способност за поседување сопствени млазни авиони. Ела кажи поефтина и подобра опција во тие зададени параметри.
Србија плаќа ремонт на 6 авиони 185 милиони кои се добиени на поклон. Бугарија плаќа 1.3 милијарди за 8 Ф16 авиони. Корејските тренинг авиони како лајт преодна верзија чина по 30 милиони од авион, а ти требаат 20 и кусур да парираат на 12 Рафали + каде е одржување, наоружање, логистика да стига преку пола свет.
Авијација е скап спорт и милијардата освен што звучи страшно не е баш некоја голема цена.

Пошто Хрватска њама ер-ту-ер дополнување останува борбен радијус со дополнителни резервоари што би било ок да не е премногу краткото време за реакција. Затоа треба систем кој ќе прати противник уште на негова територија, во случајов четнички авиони.
Пример, две четворки Орао со по 8 глупи запаливи бомби од 250кг одат на Осијек, од граница до Осијек со брзина 800+ км/ч се за колку време над градот, за пар минути? Или Винковци па чак и Вараждин.
Доколку има (а нема да има) на ротација 24/7 барем два пара Рафали на дежурство кои веднаш излетуваат од Плесо и одат на CAP над Славонија, додека стигнат четници веќе бомбардирале света хрвацка земља и убиле маса хрватска нејач. И што прават Рафалите тука?
Ако веќе има тензии и знае дека нешто се спрема твоето сценарио дека од нигде никаде Орао ќе полета од Батајница без никој да знае или очекува паѓа веднаш во вода. Али ете нека е такво сценарио, ќе пројде колку пати тоа? Еднаш, два пати? Орао и сличните авиончиња Стрели и Бофорси ги рушат, а не е дека Србија има непресушен резервоар од нив. А Рафалчето може и да возврати, како што е ранлив Осијек, ранлив е и Нови Сад, Апатин, Шид, Рума, Сремска Митровица, Бачка Паланка....

Леклерк пошто француска опција нели Макрон беше во посета, па кога веќе доаѓал да продае по нешто.
Може тука и М1 или Л2 не е важно, важно е што се стекнува значајна предност, макар била мобилна дефанзива, Патрија ја пробива РПГ од сите страни, тоа ти е оклопен автомобил со пар митралези на него, точкаш. Не знам дали усташките верзии имаат можност за купола 105мм ако немаат, фрлена пара. Во Словенија имаше афера каде премиер стаил во џеб грдна пара за да донесе Патрија која има употребна вредност на таков терен колку и дупка во глава.
Којзнае колку се има опарено тој Виленковиќ.
Полската верзија на Патриа во Авганистан има преживеано повеќе напади со РПГ и фронтални и странични удари и напади со IED. Ниту една не е уништена.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.885
Поени од реакции
8.726
Него колеги, ако не ви е проблем како стојат земјите во околината со дронови? И екс Ју и пошироко.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ќе грми денес Скопје, ф-16ки и авaкси ќе вршат Air Policing над Скопје.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.248
Поени од реакции
39.998
Малце да ја освежиме темава со Northrop YF-23 Black Widow. Овој авион е обидот на Нортроп заедно со Мек Донел Даглас да произведат авион од петта генерација. Модел познат по супериорниот стелт. Кој нажалост ја губи битката и тендерот го добива YF-22 кој подоцна ќе биде познат како Ф-22 Раптор. Реално, два одлични избори за авион, али еден морал да отпадне. Нажалост YF-23 не влегол у масовно производство. Има произведено само два тест авиона кои моментално се музејски експонати.

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.441
Поени од реакции
5.941
Америте, после неколку неуспешни обиди да го повлечат А-10 пошто не носи голема пара на буџетски крлежи, сепак постапија разумно и на пат е новиот проект Супер А-10 кој треба да има све што имаше стариот А-10 плус појака авионика, двоседа варијанта и ограничени стелт можности.

Ова е леталото кон кое би требало да целат помали земји.

А малите и сиромашни земји имаат нова можност.
СК излезе со наследникот на Арес т.е. проектот 401 кој треба да го наследи.
Крајно ефтин, со солидни карактеристики, оклоп, добра ударна сила, екстремно лесен за одржување, можност за акција од полу-подготвени летишта вклучително и тревнати, крајно ниска цена по саат налет и уште многу предности.

Толку е едноставен, што нема практично што да се расипе :icon_lol:
Идеално летало за РМ. Се шпекулира со почетна цена од 6,8 милиони долари по авион што е неверојатно. Било која земја која има мака со сецесионисти или било каков вид асиметрична закана (па и симетрична до некаде) треба да размисли за овој ударен авион целосно изработен од композитни материјали.
Секоја чест за легендата Берт Рутан, кој лик........
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.148
Поени од реакции
12.626

А што им фали на 4те су-25 да ги модернизираат, веројатно поефтино ќе биде? :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.441
Поени од реакции
5.941
А што им фали на 4те су-25 да ги модернизираат, веројатно поефтино ќе биде? :)
Распаднати се на Петровец, физички се уништени, беа покриени со церади неколку години, никогаш не беа хангарирани него надвор стоеја на милост и немилост на времето, после 20 години паркинг на стајанка ништо не ги воскреснува тие авиони, освен еден да се закрпи и среди за музејски експонат.....oh wait немаме технички музеј...

Види во вирови стојат ццц......ама ова е пред 7-8 години, сега какви се поарно да не замислуваме :)
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.148
Поени од реакции
12.626
Распаднати се на Петровец, физички се уништени, беа покриени со церади неколку години, никогаш не беа хангарирани него надвор стоеја на милост и немилост на времето, после 20 години паркинг на стајанка ништо не ги воскреснува тие авиони, освен еден да се закрпи и среди за музејски експонат.....oh wait немаме технички музеј...

Види во вирови стојат ццц......ама ова е пред 7-8 години, сега какви се поарно да не замислуваме :)
Подобро да ги продале, ама и да ги продале кујзнае кај ќе завршеле парите. Ептен недомакински се работи за сѐ.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.858
Поени од реакции
29.697
aj što ostana Makedonija bez avioni sega ARM nema ni granični kučinja :facepalm:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.248
Поени од реакции
39.998
немаат никаква иднина овие ground attack авиони. Лесни мети за ПВО. Дроновите се екстремно тивки, ефтини и ефективни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom