Воени авиони

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Арсенал ВГ-36

Веројатно најдобриот пресретнувач на светот во моментот на првиот прототип во 1938 и почетокот на сериско производство во раните денови на 1940.
Малку познатата француска фирма Арсенал се пријавила на конкурсот за замена на веќе застарените Девоатен Д-510, Лоар Л-46 и Моран-Солние МС-225, и како поддршка на новите МС-406 кои на некој начин би биле француски Харикен.
На конкурсот бил избран Девоатен Д-520 како францускиот Спитфајер но покрај тоа следела и резервна нарачка на стотици Арсенал ВГ-36 кој иако бил најдобар проект од сите, поради цената бил на второ место позади Д-520.
За тоа време страшна машина со топ од 20мм со 100 гранати меѓу цилиндрите на линискиот мотор Испано-Суица 12-Z со 1200 коња кој го терал ловецот до необично брзи 630 км/ч. Едини ловец кој имал компаративна брзина во тоа време бил советскиот МиГ-3.
Освен топот тука биле и 6 митралези од стандарден пушка калибар 7,5мм и 3600 куршуми.

Во вртлогот на мајските настани во 1940 од 164 авиони во завршна фаза на склопување во фабриките на Арсенал, само околу 25 биле примени во француската авијација при што била оформена една едина ескадрила на југот на Франција. И така наместо со Луфтвафе, ВГ-36 се борел со Реџа Аеронаутика. Во хаосот на падот и поразот биле загубени и фотомитралеските снимки за потврда на воздушни победи па така останале само анегдотални докази како она на пилотот Маршан кој во еден лет соборил три Фиат Фалко и 2 БР-20 Чикоња.



Дури да биле сите 164 спремни и bon de guerre во моментот на инвазијата, не верувам дека нешто посебно би го промениле текот на војната. А неа ја добивале унифицирани системи а не поединечни супериорни проекти со висока цена. Нарачките за 700 авиони останале фантазија. Интересно но Германците дозволувале производња на летала за режимот во Виши па така биле оформени три ескадрили со овој авион пред сето тоа да престане со целосната окупација од Дек.1942.
На сликата се приметува необично складната аеродинамична линија на овој опскурен пресретнувач.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Постои анегдота од еден од ретките противнапади на кралската војска и авијација кај село Страцин кога извесен број Дорние До-17 средни бомбардери, локално модифицирани да носат еден ХС-404 топ во носот заедно со 1200кг бомби, нападнале голема германска колона која надоаѓала од Бугарија.
Пратња (еден од шака налети кои имале воопшто пратња) била осмица Бф-109 Емил кои биле исти со германските а и ронделата била со крст на неа, па така многу германски војници се измамиле мислејќи дека над нив се авиони на Луфтвафе. Секој бомбардер носел по 24 противпешадиски бомби од 50кг и по 200 гранати од 20мм. Наредниот ден се обиделе повторно но овој пат налетале на бран германски Емили и Фрицови заедно со појачан Флак и доживеале катаклизма.
Да, има една потврдена случка со Savoia-Marchetti SM.79 кои без пратња поклопуваат Италијанска колона која мислела дека се нивни авиони.


С-49 имал и наследник со исто име но со додавка Ц, сосема нова целометална конструкција, нешто на ниво на Бф-109Г но со подобра авионика, ќе напишам нешто и околу нив, интересни проекти, застарени од сам старт но тогаш и онака била специфична ситуација со Сталин и раскидот.
По раскидот со Сталин било дај шта даш.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Икарус С-49Ц

Во 1948 се случува познатото Не на Тито кон Сталин после кое Југославија е на чекор до војна со СССР, агентура на НКВД ровари по Југа, неколку обиди за убиство на маршалот, трупање војски на граница...
Во една таква ситуација јигословените сеуште не можат да сметаат на САД за помош. Тоа ќе се случи средина на 50-ти кога ќе потече река на оружје и опрема кон југа.

Но во времето на можната војна, авијацијата на младата република била скромна. Она кое најмногу фалело се пресретнувачи кои би ги ловеле непрегледните маси советски бомбардери и јуришници. Оклопниот наследник на Штурмовик познат и како Ил-10 бил во масовна употреба во СССР.
Стотина Густави (Бф-109Г), нешто малку спитфајери и тоа од оние постарите, околу 120 Јак-3/9 и тоа било тоа.
Единствен излез бил потпирање на свои сили и изработка на домашен ловец. Фирмата Икарус која имала каков таков капацитет била одбрана да го усоврши Рогожарски Ик-3 со мотор Климов ВК од 1100 к.с. од оние резервните на Јак-3.
Новиот ловец С-49 полетал за рекордно време и од него биле направени 45 летала.
Но тој ловец веќе при полетувањето бил сериозно застарен во споредба со Ла-9/11 и Јак-9П кои би му биле противници па така после договорот за набавка на француски мотори Испано-Суица од 1560 к.с. било предвидено правење на сосема нов авион.



С-49Ц бил вооружен на ниво на Бф-109Г т.е. со 1 топ МГ-151 од 20мм и два Ма Дјус од 12,7мм со 1300 куршуми. Брзината била околу 640 км/ч. Иако извонредна машина, овој ловец бил сосема застарен. Во времето кога е внесуван во вооружување таму преку барата полетувал првиот Ф-104. Иако со краток живот како пресретнувач, овој авион е потоа предаден на јуришната авијација се до доаѓањето на млазните Ф-84А. 130 фрејмови биле основата на Југословенската пресретнувачка авијација за време на советската закана која за среќа после 1956 и десталинизацијата во СССР престанала да биде претња.

Еден примерок е зачуван во музејот на авијацијата на Батајница (Белград), кој оди натаму му препорачувам да го посети овој музеј кој има неколку извонредно ретки птици.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Инаку сепак САД влетале со помош заедно со Британија па така југо-авијацијата е потпомогната со 170 П-47 Тандерболт, огромни и брзи едномоторни ловци од крајот на војната и 152 повеќенаменски Москито, легендарниот британски двомоторен тежок ловец/лесен бомбардер и патфајндер направен од дрво. Интересно што САД праќаат и една ескадрила Б-24, не знам што била целта со тоа. Ајде тие 44 Дакоти за транспорт и нешто Т-6 Тексан за обука се јасни ама Б-24 во толку ограничен број?
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Еден примерок е зачуван во музејот на авијацијата на Батајница (Белград), кој оди натаму му препорачувам да го посети овој музеј кој има неколку извонредно ретки птици.
Исто препорачувам, добра колекција за мала земја.

Интересно што САД праќаат и една ескадрила Б-24, не знам што била целта со тоа. Ајде тие 44 Дакоти за транспорт и нешто Т-6 Тексан за обука се јасни ама Б-24 во толку ограничен број?
Б-24 во Југословенско ВВ? Сигурен си?

Единствено знам за еден одред од кралското воздухопловство што служел со Американците во Италија. https://en.wikipedia.org/wiki/Royal_Yugoslav_Air_Force_Detachment
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Исто препорачувам, добра колекција за мала земја.



Б-24 во Југословенско ВВ? Сигурен си?

Единствено знам за еден одред од кралското воздухопловство што служел со Американците во Италија. https://en.wikipedia.org/wiki/Royal_Yugoslav_Air_Force_Detachment
Југословенска и Српска авијација 1901-1994, Златомир Грујиќ, "Војска Београд" 1997, стр.167

World air forces database :

Cijan Kurir " *55 55/72 145 *P
" Hydro-Kurir * 59/61 1
Con. B-24J Liberator 44/ 4(+3?)
Dassault Falcon 50 {FG} 80/04 2 *SPD

Во книгата се споменуваат 7 Б-24 а таа бројка исто е на покојниот сајт (4+3) кој за жал го нема иако ги имам снимено сите страници од него уште пред 15 години.

Има и фотка во книгава на Б-24 со југословенски рондели.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Југословенска и Српска авијација 1901-1994, Златомир Грујиќ, "Војска Београд" 1997, стр.167

Во книгата се споменуваат 7 Б-24 а таа бројка исто е на покојниот сајт (4+3) кој за жал го нема иако ги имам снимено сите страници од него уште пред 15 години.

Има и фотка во книгава на Б-24 со југословенски рондели.
Да не се од принудно слетаните?

Знам дека доста принудно слетувале о 44та натаму и дури и еден Lockheed P-38 Lightning има во подрумот во музејот во Белград но не е среден
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Да не се од принудно слетаните?

Знам дека доста принудно слетувале о 44та натаму и дури и еден Lockheed P-38 Lightning има во подрумот во музејот во Белград но не е среден
Не сум знаел за П-38 :eek: Имаат и Фиат Г-50 Фреча ама немаат пари за целосна реставрација, едини преживеан фрејм од тој тип во светот.
Надвор пред музејот се повеќемоторните летала, пример Шорт Силенд хидроавионот е исто едини кој постои во свет. Тука е и катапулт седиштето и кабината на Ф-117 заедно со остали ситни делови :)

Тужно но кога и да одев немаше живо пиле во музејот, вработените скриени во канцеларија, штета за такво место ама тој е народецот балкански не се замара со авиони.
Автоматски споено мислење:

Можно е да се оштетени Б-24 кои слетале во Југославија но во тој случај итнтересно е што америте не ги барале назад туку донирале уште 3 комада после војната. Сепак премал број за нешто посериозно иако би биле можни ноќни напади на некои поблиски советски градови како Кишињев.
Нешто како Египет кој употребувал шака Шорт Стерлинг и Хендли Пејџ Халифакс во војната против Израел 1947/48 но тоа било повеќе околу носивост пошто имаат копнена граница па раздалечините до Тел Авив се прилично мали.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Не сум знаел за П-38 :eek: Имаат и Фиат Г-50 Фреча ама немаат пари за целосна реставрација, едини преживеан фрејм од тој тип во светот.
Надвор пред музејот се повеќемоторните летала, пример Шорт Силенд хидроавионот е исто едини кој постои во свет. Тука е и катапулт седиштето и кабината на Ф-117 заедно со остали ситни делови :)

Тужно но кога и да одев немаше живо пиле во музејот, вработените скриени во канцеларија, штета за такво место ама тој е народецот балкански не се замара со авиони.
Да, само ако има организирана група има народ инаку поединци. Може да е во градот би имало повеќе посетители но ко што велиш бакканистанци....

Знам дека имаат делови и од Ју-87 Штука но нема пари за реставрација ко и за Фиатот.

Мене фасцинантен ми беше P-47 колкаво прасе од авиониште е. Еден од омилените ми беше во Ил-2 Штурмовик играта (сите експанзии ги имам) а генерално ми легнаа Американските пропелерци во играта.

1724948976121.png
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Да, само ако има организирана група има народ инаку поединци. Може да е во градот би имало повеќе посетители но ко што велиш бакканистанци....

Знам дека имаат делови и од Ју-87 Штука но нема пари за реставрација ко и за Фиатот.

Мене фасцинантен ми беше P-47 колкаво прасе од авиониште е. Еден од омилените ми беше во Ил-2 Штурмовик играта (сите експанзии ги имам) а генерално ми легнаа Американските пропелерци во играта.

Прегледај го приврзокот 427859
Каква игра е таа Ил-2? Не сум знаел за тоа но ја спомена во неколку наврати па ако имаш време напиши по нешто дали е симулатор или баш она игрица со џојстик.

П-47 е свињетина дупло потешка од некои ловци па и четири пати од некои други како П-77.
Имајќи 8 Ма Дјус од 12,7мм со 3600 куршуми и околу 1300кг бомби и ракети под труп и крила. Мотор од 2800 к.с со турбополнач па затоа нема издувни труби околу моторот како на пример Зеро туку издувни гасови одат во турбополначот а оттаму под притисок назад во клипови за да извадат што повеќе коњи при иста тежина.
760 км/ч го правеле овој авион еден од најопасните пресретнувачи во тоа време, настрана што некои варијанти како П-47Н неофицијално отишле и до 785 км/ч, варијанта со подрезани крила. Освен Југославија после ратот, за време на борбите Мексички и Бразилски пилоти летале на овој ловец откако се приклучиле номинално на сојузниците кога веќе крајот на Рајхот бил прашање на време.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Каква игра е таа Ил-2? Не сум знаел за тоа но ја спомена во неколку наврати па ако имаш време напиши по нешто дали е симулатор или баш она игрица со џојстик.

Потребен е добар џојстик. Симулација и тоа добра за времето кога излезе.

Има и апдејт да кажам https://il2sturmovik.com/
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
@callejón de la muerte


Serbia inks €2.7 billion deal with France for 12 Rafale fighter jets
Ехе пишував за ова пред некоја година уште, знаат срби дека нивните МиГ-29 не можат да излезат на крај со хрватските Рафал, као демек срби биле со руси ама кога ќе дојде време за набавка, сирењето за пари.
Рафал е веројатно најдобар авион кој земја како Србија би можела да го набави без политички компликации. Во симулирани воздушни борби рафалот ги измасакрирал Ф-15/16/18 во повеќе наврати. Колку е тоа репер за реална борба кој би знаел.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Ехе пишував за ова пред некоја година уште, знаат срби дека нивните МиГ-29 не можат да излезат на крај со хрватските Рафал, као демек срби биле со руси ама кога ќе дојде време за набавка, сирењето за пари.
Рафал е веројатно најдобар авион кој земја како Србија би можела да го набави без политички компликации. Во симулирани воздушни борби рафалот ги измасакрирал Ф-15/16/18 во повеќе наврати. Колку е тоа репер за реална борба кој би знаел.
Тоа се единствени авиони кои можеле да ги набават едноставно затоа што Нато нема да дозволи ништо друго да не дојде преку нивна територија. Мада зависи и што оружје е вклучено.

Ни Руски ни Кинески авиони не би биле пуштени. А за Грипените треба одобрување од Амерички конгрес заради моторите кои се голем дел Америчка лиценца а за мала земја се идеални.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Тоа се единствени авиони кои можеле да ги набават едноставно затоа што Нато нема да дозволи ништо друго да не дојде преку нивна територија. Мада зависи и што оружје е вклучено.

Ни Руски ни Кинески авиони не би биле пуштени. А за Грипените треба одобрување од Амерички конгрес заради моторите кои се голем дел Америчка лиценца а за мала земја се идеални.
Од Русија нели набавија 10 половни МиГ-29 пошто имаа веќе 6 кои ги модернизираа таму околу 2013-14, кинески нема асални, оној Пакистанскиот ЈФ-17 е прилично ефтин ама е светлосна година даеку од Рафал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom