Воена инвазија врз Јемен - кој е следен?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.764
Поени од реакции
35.711
сега имаме најава од страна на САД....
за копнена операција.
Е па со среќа.
Нека „скршат ноги“. :unsure:

@Vanlok , повеќе пати од страна на Хутите е речено дека трговските и сите други бродови на Кина, Руската Федерација и сите други кои не учествуваат во геноцидот во Газа слободно може да пловат и нема да бидат запрени!
...па така твоево “...прокси за стопирање на трговија преку Суец ...“ не држи.
Западната трговија, на тоа мислев (ако не сум потенцирал).
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Не знам, прашај ги Иранците или евентуално Русите.
Наводно тие требало да се задолжени за вооружување на Хутите со ПВО.
Срамота е вака Американците со 40+ години стари авиони да ги бомбардираат.
Верувам дека повеќе пари им дава америка за да не пратат оружје, од тоа што ќе го земат од Хутите ;) Ако пуштат некоја батерија натаму, ќе гледаш откажани нарачки за амерички летала од сите страни на светот.

Инаку уште чекам во Украина да се смени играта со ф-16ките, ама од мапите ми личи дека не им оди ни во офанзива, а ни во дефанзива.

Инаку ти си експерт за америве, зошто не пуштаат ф-35ки како помош за Украина? Нели ф35 е најдоброто летало што постои на планетава, не гледам зошто да не им пратат и еден сквадрон од нив, нула шанса дека ќе бидат детектирани, мултифункционално летало кое ќе користи на секој сегмент од фронтот, теоретски со такво нешто Украина ја добива војната додека се сетиш :toe:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194

Ех да беше така лесно, пушти батерија овде, пушти онде, и толку од Америка како веле сила.
Ако можеше така, ќе ги решеа веднаш и Америка немаше да биди толку моќна.
Заборави Ванлок постојано што повторува промена на парадигма, бла бла... доколку постоеше таква опција, која ќе ги одвратеше или поразеше Американците, веднаш ќе се најдеше некој да ја искористи. С. Кореја, Иран, Турција, Кина итн.

Американците им немаат пратено многу оружја на Украинците. Немаат пратено хелфајр, немаат томахавки, немаат пратено А-10ки, Апачи и слични оружја кои би им биле од огромна корист на Украинците на фронтот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Ех да беше така лесно, пушти батерија овде, пушти онде, и толку од Америка како веле сила.
Ако можеше така, ќе ги решеа веднаш и Америка немаше да биди толку моќна.
Заборави Ванлок постојано што повторува промена на парадигма, бла бла... доколку постоеше таква опција, која ќе ги одвратеше или поразеше Американците, веднаш ќе се најдеше некој да ја искористи. С. Кореја, Иран, Турција, Кина итн.

Американците им немаат пратено многу оружја на Украинците. Немаат пратено хелфајр, немаат томахавки, немаат пратено А-10ки, Апачи и слични оружја кои би им биле од огромна корист на Украинците на фронтот.
Ааа не, друго чаре има за моќта, таа ниту им доаѓа од ф35ките, ниту од носачите, дољарите се најдоброто оружје таму и нивната реална сила.
Сто проценти од тоа што го шиткаат е поради подмитени влади, со хартија која си ја принтаат по потреба, тоа ги направи сила, и само тоа ќе ги урне (нормално ако другата страна успее да ја одигра својата партија).

А-10ки се бескорисни за во оваа војна, ќе паднат уште пред да испукаат ракета или куршум. Украина имаше јуришни хеликоптери на почеток, ги изгореа додека трепнеш, со А-10ка би имале слична ефективност и корист, читај ич.
За споредба, Су25 Русите го пуштаат да ракетира ниско (вон дофат на радарот од батериите), далеку од дофат на стингерите и лесното пво, и пак им рушат едно чудо, а е далеку побрз и помал. Со А-10 мора да влезат подлабоко во фронтот, многу побавен и поголема мета, противникот има многу повеќе ПВО, плус ловци кои може да го детектираат и рокнат уште пред да испука куршум.

Апачите тешко дека ќе бидат поефективни од А-10, тие се одлично летало, упм ефективно кога имаш целосна доминација во воздух и противник со РПГ. Рачунај Русија има неколку пати повеќе ПВО од овие, и пак со мака влегува со ка52 и ми24, затоа и не им ги даваат, ќе биде бруки по колку паѓаат на ден.

Хелфајр е исто неупотреблив, немаат авиони ниту дронови што ќе го лансираат, има краток домет (мислам беше околу 10км), дури и да им дадат летала тешко да влезат со нив на дистанца од 10км на фронтот, ќе треба да им дадат и авакси кои ќе летаат над Украина, плус уште едно чудо батерии за да се направи бафер простор каде русите нема да може да влезат со нивни летала.

Томахавките би им користеле само ако ги имаат во многу големи количини, имај во предвид дека едно чудо од нив ќе бидат соборени од ПВО. Плус со ракети не тепаат војна, не успеа ниту Русија, а уште помалку ќе успее Украина, секоја од нив кошта по 2 милки.
Затоа и ти реков дека им требат ф-35ки, ништо друго не ги вади, ај да видиме колку му е добар стелтот, со JDAM бомби за 2милки ќе ја срамнат со земја пола населба, со томахавките нема да поместат ни една зграда.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.764
Поени од реакции
35.711
2 милиони беше пред инфлацијата, секога којзнае колку коштаат... Сеедно уствари, пошто немаат којзнае какви залихи ниту производни капацитети за брзо да ги надополнуваат.

Ф-35 колку и да е подобар од претходните генерации, сам по себе нема да направи голема разлика против најдоброто ПВО на светот. Ама би било интересно да почнат да го употребуваат, пошто ќе биде урнебесно какви се проблеми ќе има. Еден куп проблеми веќе покажа.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Ааа не, друго чаре има за моќта, таа ниту им доаѓа од ф35ките, ниту од носачите, дољарите се најдоброто оружје таму и нивната реална сила.
Сто проценти од тоа што го шиткаат е поради подмитени влади, со хартија која си ја принтаат по потреба, тоа ги направи сила, и само тоа ќе ги урне (нормално ако другата страна успее да ја одигра својата партија).

А-10ки се бескорисни за во оваа војна, ќе паднат уште пред да испукаат ракета или куршум. Украина имаше јуришни хеликоптери на почеток, ги изгореа додека трепнеш, со А-10ка би имале слична ефективност и корист, читај ич.
За споредба, Су25 Русите го пуштаат да ракетира ниско (вон дофат на радарот од батериите), далеку од дофат на стингерите и лесното пво, и пак им рушат едно чудо, а е далеку побрз и помал. Со А-10 мора да влезат подлабоко во фронтот, многу побавен и поголема мета, противникот има многу повеќе ПВО, плус ловци кои може да го детектираат и рокнат уште пред да испука куршум.

Апачите тешко дека ќе бидат поефективни од А-10, тие се одлично летало, упм ефективно кога имаш целосна доминација во воздух и противник со РПГ. Рачунај Русија има неколку пати повеќе ПВО од овие, и пак со мака влегува со ка52 и ми24, затоа и не им ги даваат, ќе биде бруки по колку паѓаат на ден.

Хелфајр е исто неупотреблив, немаат авиони ниту дронови што ќе го лансираат, има краток домет (мислам беше околу 10км), дури и да им дадат летала тешко да влезат со нив на дистанца од 10км на фронтот, ќе треба да им дадат и авакси кои ќе летаат над Украина, плус уште едно чудо батерии за да се направи бафер простор каде русите нема да може да влезат со нивни летала.

Томахавките би им користеле само ако ги имаат во многу големи количини, имај во предвид дека едно чудо од нив ќе бидат соборени од ПВО. Плус со ракети не тепаат војна, не успеа ниту Русија, а уште помалку ќе успее Украина, секоја од нив кошта по 2 милки.
Затоа и ти реков дека им требат ф-35ки, ништо друго не ги вади, ај да видиме колку му е добар стелтот, со JDAM бомби за 2милки ќе ја срамнат со земја пола населба, со томахавките нема да поместат ни една зграда.
Ех, да беше така лесно сите ќе принтаа пари и ќе правеа се што сакаат, немаше Американците само да бидат јаки.
Моќта доаѓа од контролата што ја поседуваат скоро секаде, а таа доаѓа првенствено од воената машинерија, и од други работи.

А-10ките се користат за слични мисии како и Су-25, а Украинците и Русите и тоа како ги користат на фронтот.
Ниски прелети, далеку од досегот на ПВО, можеби не многу ефективни, но се користат од двете страни.
А-10ката има поголем капацитет и можеби поголема шанса за преживување, но во суштина е добар авион како и Су-25.

Апачите би биле добри за запирање на оклоп, но Украинците и онака немаат проблем за запирање на оклопот.
Секој обид, и на двете страни за пробив завршува многу лошо. Еден куп снимки видовме летово и последниве месеци каде двете страни губат страшно многу оклоп при обид дури и за мал напредок.
Апачите опремени со Хелфајр би биле еквивалент на Ка-52 со наведуваните против-оклопни муниции што ги користат Русите.

Томахавки би предизвикале дополнителен притисок кај Русите, распоредување на повеќе одбрана длабоко позади фронтот и сл.

Ф-35, пишав порано, нема да сменат многу сами по себе.
Можеби одредени мисии за локално потиснување на воздушната одбрана со цел да овозможат напад со крстосувачки ракети или Химарс или слично, но суштински, нема да можат да сменат нешто.
Можеби надобрата примена би им била за воздушна одбрана од крстосувачки ракети, бидејќи радарскиот одраз им е мал, па ќе можат комотно да ги летаат на големи висини над Киев.

Ги спомнав овие оружја бидејќи Американците ги имаат истите во изобилие.

Заборавив да напоменам во претходниот пост, нема многу суштински да сменат, фронтот ќе остане непроменет, само ќе има повеќе жртви на двете страни.
 
Не е лесно да принтаат, но не е невозможно. Инаку воената моќ е директна последица на доларот, ако се како остатокот од светот, ќе правиме муабет колку пари би одвојувале за воени буџети.

И а10, и апачито, се одлични летала, да не се разбереме погрешно. Проблемот е што сами по себе се нефункционални. Во целата слика, со добро пво, јака логистика од воздух и од земја, може и ќе бидат ефективни. Во случајов ниту Украина може, а ниту пак станува збор за противник од типот на тие против кои САД војување во изминатите години.

За последното се сложуваме, освен повеќе жртви, нема да постигне ништо друго. Иако добро е да го видиме колку е ефективно нивното оружје во ваква сериозна војна, а не само да удираат чалам во Холивуд, и да пишуваат реферати како ги создале најдобрите оружја.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Проблемот е што сами по себе се нефункционални.
Не се нефункционални.
Единствено нефункционални би биле кога противникот би имал целосна воздушна доминација, но во тој случај многу работи би биле нефункционални, се до тенкови.
Во моменталната ситуација, каде ни едната страна нема воздушна надмоќ, би имале широка примена, како запирање на колона оклоп, како што гледаме од Руска страна на пример. Апачи опремени со Хелфајр се оригинално дизајнирани за запирање на колони советски тенкови во некое сценарио од Студената војна. :)

оената моќ е директна последица на доларот
Баш обратно.
Моќта на доларот е последица на воената моќ, или доминацијата на САД на светските мориња.
Можноста да заштитуваат трговски рути (како во случајов), да интервенираат која некој ограничува некои ресурси итн.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.764
Поени од реакции
35.711
Во моменталната ситуација, каде ни едната страна нема воздушна надмоќ, би имале широка примена, како запирање на колона оклоп, како што гледаме од Руска страна на пример. Апачи опремени со Хелфајр се оригинално дизајнирани за запирање на колони советски тенкови во некое сценарио од Студената војна. :)
ТОП!! Нели Русија нема веќе модерни тенкови, па затоа дури и Т-54 вадат од нафталин. Ајде! Ајде сега му е мајката да запираат „советски“ тенови! Нека ги праќаат Апачите, давајте пуканки!!!

Моќта на доларот е последица на воената моќ, или доминацијата на САД на светските мориња на моќта и доминацијата на олигархијата која стои позади САД (и неколку други држави)
Ете те поправив малку. :unsure:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Не се нефункционални.
Единствено нефункционални би биле кога противникот би имал целосна воздушна доминација, но во тој случај многу работи би биле нефункционални, се до тенкови.
Во моменталната ситуација, каде ни едната страна нема воздушна надмоќ, би имале широка примена, како запирање на колона оклоп, како што гледаме од Руска страна на пример. Апачи опремени со Хелфајр се оригинално дизајнирани за запирање на колони советски тенкови во некое сценарио од Студената војна. :)

Баш обратно.
Моќта на доларот е последица на воената моќ, или доминацијата на САД на светските мориња.
Можноста да заштитуваат трговски рути (како во случајов), да интервенираат која некој ограничува некои ресурси итн.
Хахахаха, абе ете нека им ги дадат и да ја видиме ефективноста, јас навивам за да им дадат, па да ги читам да се правдаат по западниве медиуми.

Не, доларот со Бретон Вудс беше одбран оти САД беше нечепнат со војната, и економски најдобар. Нечепнати од војната останаа поради географската положба, а и добрите односи и соработката на почеток со чичкото со мустачињата.
Дури и доларот како универзална валута за трговија си беше ок до 71ва, Никсон со неговата администрација го почнаа сегашниот циркус и им ја дадоа предноста што ја имаат денес. Да си останеше како претходно, ќе немаше толку слобода за печатење, и САД ќе немаше ни мал процент од денешните играчки, а остатокот од светот немаше да им ги плаќа долговите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.764
Поени од реакции
35.711
Автоматски споено мислење:

Kajgana Shop

На врв Bottom