Не се победуваат лесно племенски заедници, какви што ги има во Јемен и Авганистан и на уште неколку места на Блискиот Исток.
Всушност воено лесно може да ги поразиш, но доколку пробаш да ги окупираш / имплементираш / направиш било каква промена во нивното општество нема да успееш. Ете го примерот со Саудијците, овој што го спомна со Османлиите, Русите во Авганистан, Американците итн.
Но со сигурност можеш да им ги деградираш воените капацитети. Под тоа мислам капацитетите да летаат дронови и да гаѓаат бродови со против-бродски ракети. Тоа е лесно. Во никој случај не можеш да ги спречиш да бидат вооружени со лесни оружја.
Дроновите не прават никаква штета по бродовите од проста причина што носат многу малку експлозив.
Дури и да можат да носат многу експлозив, повторно нема да можат на направат штета бидејќи за онеспособување на еден брод, треба да го пробиеш трупот на бродот, а тоа е малку тешко ако експлозијата е надвор од трупот.
Ал Каеда го знаеше тоа и
пробаа со експлозивно (пола тон експлозив) формиран проектил да го направат тоа. Иронично, баш во Јемен.
Против-бродските ракети ја користат својата брзина за да го пробијаат трупот и да експлодираат внатре.
Меѓутоа против-бродските ракети се сложена архитектура и бараат и други елементи за нивно функционирање. Оттука, сите тие елементи се ретки и скапи и се лесна мета, особено на армија која има воздушна надмоќ.
Ова погоре важи само за цивилните карго бродови.
Онеспособување на воен брод е целосно друга приказна.