Епа за да разбере некој ова што си го напишал кое е ептен малку треба или да има некакво исто искуство, да прочитал нешто во врска со истото или да може да ти ги чита мислите
... дај објасни троа повеќе... зошто мислиш дека со физичка активност се јакне интелектуалниот објективен центар а не интелигентниот... оти ја мислам дека е интелигнетниот... интелектот се јакне со читање, теории, матеметика итн...а интелигенцијата е сосема друга работа... Ај малце објасни за да можам да те сватам на кај ја тераш работава...
Не постои интелигентен центар кај човек...постои интелигенција.
Во право си...интелектуалниот центар се јакне со читање,учење теоризирање, математика.....
Сето тоа е добро до 3тиот тип на луѓе,(постојат 7 типа на луѓе), каде интелектуалниот центар е најразвиен.Токму тоа прави да се создаваат повеќе личности кај него и да си става што повеќе маски на лицето.
Во одреден степен на развој, тоа почнува да преставува проблем, разликата помеѓу битието и личноста е преголема.
Го имам објаснето ова на тема битие, не биди мрзлив и оди прочитај.
3 типа на луѓе, од вкупно 7 се:
1, АПЕЛ.....Апни, Пивни Ебни Легни
2. Емотивен тип
3. Интелектуален тип
Овие три типа на луѓе можат комотно да си го поминат животот со „спиење“ со отворени очи.
Дури и интелектуалците, кои мислат дека што повеќе теорија тоа повеќе ум, ја занемаруваат свеста и нејзиното „кристализирање“.
Ниеден од овие типови не работи на свеста, па затоа и внатрешната еволуција кај нив престанува.
За да се направи „скок“ на повисок степен во развојот требе да се развие Магнетниот центар кај човекот.
Втор услов за поголем развој е да се намали разликата на личноста со битието, кога ќе се воспостави однос 50-50 тогаш е можен „скок“.
ЗНАЕЊЕТО не се состои во теоријата, знаеш само кога тие теории можеш да го изведеш во пракса. Праксата е еден од најбитните елементи за еволуција.
Да знаеш теоретски да переш кола и тоа да го направиш во пракса е различно (ова од твојот филм)
Ај доста од филозофија од сабајле....