Владо Черноземски и атентатот во Марсеј

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Човекот чијшто лик и поглед потсетува на индијска крава -- “Владо Черноземски’’ -- е Бугар по националност. Черноземски е платен убиец за потребите на бугарскиот двор чија што задача била да ги убива повидните Македонци. Голема и комплицирана е играта околу убиството на српскиот крал. Потезите ги влечеле големите сили, претежно Хитлер и Мусолини (последниов како нарачател на убиството) преку типови од сојот на Черноземски.

Темава попвторно ја отворив за да поставам подруга теза за Александар Караѓорѓевиќ. Значи за момент ја оставаме на страна неговата директна политика кон/во Македонија.

Тезата е дека општата политика на Караѓорѓевиќ пополека ја уништува српската војска однатре, а истовремено и српската национална програма. Со тоа ја слабее Србија и создава основи за наша револуционерна дејност и национално ослободување. Неговата политика и пракса впрочем го крчат патот за доаѓањето на левицата во Југославија.

Ретко кој српски историчар би можел да го одрече катастрофалниот однос на кралот кон српските офицери и војска. Не само кон нив, Александар Караѓорѓевиќ се справувал сурово и со членовите на својата фамилија. На пример, го пратил во лудницата Топоница сопствениот брат Ѓорѓе (иако нормален) и дедо му Никола. Воспоставил невидена корупција во српската војска, а имал најголема доверба во Перо Живковиќ, хомосексуалец и долен хохштаплер, попознат како “чуварот на капијата’’ во Мајскиот преврат од 1903 год.

Разнишувањето на Србија одвнатре под палката на кралот Александар достигнало такви размери што војводата Живојин Мишиќ не сакал да се сретне со него од своето пензионирање па се до својата смрт. Други луѓе ја прочитале оваа битанга многу порано, вкл. го народниот пратеник Трифун Тајсиќ кој му врзал шамар на кралот во српското собрание.

Да не должам, самиот крал, односно неговата политика во Србија била причина за губење на позициите на српската пропаганда во Македонија - ова мимо жестокостите на жандармите во Македонија во тоа време.

Мислења?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Многу поголеми игранки се околу атентатот во Марсеј. Не се само Хитлер и Мусолини во игра во игра се и уште некои светски сили како што пишува В.Михалов во своите Спомени, само кои се во игра?

ВМРО и Черноземски се само извршителите на кои им се наместиле коцките на гео-политички план. Мене ме интересираат кој стои позади сето тоа и зошто?
 
N

n/a

Гостин
Ќе те молам да пронајдеш и да прочиташ една мала на страни,ама голема по мудростите собрани во неа книга,напишана во 20-тите години на минатиот век од Родолф Арчибалд Рајс.

Книгата носи наслов: Чујте срби, чувајте се од самите себе.

Мислите од книгата, ден денеска, (после 90 год. од нејзиното издавање) важат ама буквално за секоја една балканска држава...
И затоа ни е вака добро како што ни е.
 
N

n/a

Гостин
Многу поголеми игранки се околу атентатот во Марсеј. Не се само Хитлер и Мусолини во игра во игра се и уште некои светски сили како што пишува В.Михалов во своите Спомени, само кои се во игра?

ВМРО и Черноземски се само извршителите на кои им се наместиле коцките на гео-политички план. Мене ме интересираат кој стои позади сето тоа и зошто?
Хитлер.
И главна цел на атентатот е Францускиот министер за надворешни работи,а воедно и претседател на комисијата која што после I Светска војна решавала дали и колку војска и наоружување смее да има Германија.

Кога ќе размислиш,ќе сконташ и колку бил `ценет` `големиот` крал.
Во нормални услови он би требало да биде Кралица на шаховската табла а Барту најмногу ламфер.
Како што гледаш... во дејствителност работите се малку поразлични.
:toe:
Затоа што кралица за ламфер не се жртвува.
Обратно... може да.:vozbud:
На драго срце.
 
N

n/a

Гостин
Така загиват героите.
Вечна му слава на Величко(Владо)
Това лето имах удоволствието за посетја дома к'дето е роден и паметната му плоча в'в Велинград
Поклон
Хахаха.... героите...Лол....:kesa:(цел ден ќе ме држи смеење кога ќе се сетам на овој коментар).

"Геројот" бил страшно прецизен стрелец. Можеби најдобар на цел Балкан во тоа време -- мада овие "класификации" од времето на дивиот запад па наваму, во најмала рака се неблагодарни и дискутабилни. Во исто време бил послушен до смрт и "т`п като галош". Идеалното оружје на Иван Ванче Михајлов, бугаринот кој што од внатре го разби ВМРО (под бугарин мислам и етнички бугарин -- ноторна лага е дека е родум од Штип -- и e човек на бугарското ДС).

Што се однесува на граѓаните на мојата земја, јас немам веќе емоции за да се расправам со нив. Многу резко и директно има да си поправиме муабет. Сосем нивно право е дали ќе го почитуваат "ликот и делото" на оној кој што како оружје на Александров и Михајлов ги уби македонските дејци од ВМРО-то,или баш и нема. :toe:

Ако сметаат дека правилно и најпаметно им е да си го прават целото со внуците на тие што им ги убија македонските дејци...
јас исто немам против. Кој им ебе....

Јас знам за мене.
Јас сум живеел 5 год. у Бугарија...и не планирам да живеам никогаш веќе. :wink:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ќе те молам да пронајдеш и да прочиташ една мала на страни,ама голема по мудростите собрани во неа книга,напишана во 20-тите години на минатиот век од Родолф Арчибалд Рајс.
Книгата носи наслов:
Чујте срби,чувајте се од самите себе.

Мислите од книгата, ден денеска, (после 90 год. од нејзиното издавање) важат ама буквално за секоја една балканска држава...
И затоа ни е вака добро како што ни е.
Сум читал извадоци, но ја немам книгата.

Не разбрав дали се сложуваш со изнесеното од мене?

Според она што го читам, излегува дека Александар Караѓорѓевиќ е најголемата штеточина пред се за Србија (ако ги остаиме сега сите останати наоколу).
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
го имаше на тракер мк пред некое време има видео ама не е баш добро сликата ама пак се гледа колку толку:toe:
 
N

n/a

Гостин
Сум читал извадоци, но ја немам книгата.

Не разбрав дали се сложуваш со изнесеното од мене?

Според она што го читам, излегува дека Александар Караѓорѓевиќ е најголемата штеточина пред се за Србија (ако ги остаиме сега сите останати наоколу).
:)
Александар I Карађорђевић е човекот кој што ја формираше Југославија. Кралството СХС е негова лична замисла. Примена со широко противење прво и основно меѓу србите (немој да заборавиш - едни единствени кои што се победници во војната).

Војвода Мишић директно и културно му рекол: Со овие (хрватите) не се прави држава. Ама бил игнориран.

Сите херои од војната биле заборавени и ишутирани подалеку од српскиот двор,на кој што се добрале оние кои што во времето на војната биле разбегани по европските престолнини.`Интелигенцијата`... токму за нив Рајс и пишува.

А книгата ја препорачував заради тоа што Рајс во неа има се на се пет страни пофалби и 92 страни со маани кон српскиот народ. И сите до една стојат.

На долго и на широко би требало да ти расправам јас на тебе,пријателе,што уствари мислам. Али битниот дел кој што би сакал да го запамтиш е дека компромис на балканот е рамно на чек со одложено плаќање,со камата која што ќе ти ја кажат тек у моментот на исплата. Нема компромис. Сите компромиси до сега, до еден, на Балканот завршиле со трагедии.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Koga go ubile Aleksandar vo Marsej, poslednite zborovi dodeka ispustal dusa mu bile:
- Cuvajte mi Jugoslaviju.
Ova go tvrdi oficijalnata srpska istoriografija.
Neoficijalnata t.e narodot tvrdi deka na umiranje kralot Aleksandar rekol:
- Ko me ubi majku mu jebem.

Mene ova vtorovo mi e mnogu porealno. Covecki e, a i srpski e da opcues koa nekoj ke te zaebe.
 
N

n/a

Гостин
:pos::pos::pos:
И јас ставам максимален залог дека тачно тоа (второто) кажал. Поготово таков каков што бил... рогат и окрутен... сигурно.
Инаку... уште пред да тргне му било јавено дека нешто "смрди" во Марсеј. Ама српски е и да се оди мушки...да се провери дали е стварно така.:tapp:

Ти се верува дека Крал на Југославија на бродот поставувал некој челик на него (под алиштата) што требало да му служи како некој вид на панцир? Страшен гаф. По фаца му се гледа дека нешто не е како што треба и дека очекува беља додека поворката оди...

Инаку самата поворка одела со скоро двојно помала брзина од предвидената, колата била без задолжителните прозорци, на нејзе имало еден праг тамам ко за да се качиш на него и да пукаш од едно метро, место моторџии у придружба добиле коњаници, улиците биле преполни со толпа а биле широки од крај до крај 5 метри...

A бе некој сериозно се потрудил и го организирал атентатот однапред. Ама сепак.... рогуњастиот крал... сам влегол во клопката.
Можда... можда верувал дека е бесмртен? :vozbud:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Многу поголеми игранки се околу атентатот во Марсеј. Не се само Хитлер и Мусолини во игра во игра се и уште некои светски сили како што пишува В.Михалов во своите Спомени, само кои се во игра?

ВМРО и Черноземски се само извршителите на кои им се наместиле коцките на гео-политички план. Мене ме интересираат кој стои позади сето тоа и зошто?
Mozebi ovaa ke ti pomogne da ja razbistrish slikata i da go vidish edinstveniot i vistinski odgovor:


Na 13.07.1928 god.​
vo Belgrad vo samoto Ministerstvo na policijata vo ministerskiot kabinet , e izvrsen atentat vrz ministerot na policijata Zika Lazic-atentator pripadnik na VMRO ....
Na 06.10.1927 god., vo Shtip vo blizina na crkvata “Sveti
Nedela” e ubien general​
Kovachevic eden od nositelite i propovednicite na srpskata nacionalna propaganda vo Makedonija. Atentatot e po nalog na VMRO ,atentatori troica shtipljani....



Zad site atentati stoi VMRO, a atentatite se odgovor na terorot koi go pravele Srbite vo Makedonija.
Hitler,Germanija, ...... ,se prikaski koi treba da go sokrijat toj teror.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Мене ме интересираат кој стои позади сето тоа и зошто?
Позади атентатот стојат пред се’ Мусолини и Хитлер, а не секогаш е јасна улогата на Сталин.

Мусолини е во конкуренција со Франција за територии и влијание на Балканот. Политиката на Франција се потпира на зачувување на Версајскиот систем, т.е. на Југославија преку сојузот наречен Мала Антанта, додека политиката на Мусолини - на разбивање на Југославија и завземање на целиот Јадрански брег.

Сходно, под покровителство на Мусолини, се создава и обучува нео-Усташкото движење за независна Хрватска држава во 1929 год. Другите клучни италијански сојузници се Унгарија и Австрија.

Версајскиот систем е под голем притрисок да се распадне (преку војна), и Франција во 1933 год. бара воспоставување на тнр. “Балкански пакт’’ за негово очувување заедно со Турција, Румунија, Бугарија, Грција, и Југославија. Истовремено, Франција поведува политика на зближување со Италија.

Но Кралот Александар имал подруг план. Тој сакал да воспостави пакт пред се со Бугарија и да ја оттргне Албанија од италијанското влијание. Франција врши притисок врз него и се потпишува Балканскиот пакт во 1934 год. Пактот е осуден од новоразбудената Германија.

Сепак, Југославија се соочувала со се поголем притисок од Италија и нејзините сојузници, и за да не се распадне, морала да бара додатен сојузник. Тој сојузник е Германија, со која Југославија морала да се спријатели пред Германија да ја припои Австрија. Ова од причини за Германија да не се узојузи со Италија (чиј сојузник е Австрија).

Значи: Франција се приближува кон Италија, Југославија кон Германија. За Александар, реставрацијата на Хабсбурзите во Автрија под италијанско покривителство е еднакво на губење на државата.

Е сега, Францускиоит министер за надворешни, Луј Барту, ја согледува опасноста од порастот на Германија и се обидува да створи нов сојуз: Малата Антанта на која ќе и се приклучи Италија. А тоа за Александар значи - признавање на СССР и приближување кон Италија т.е. усојузување со новите француски сојузници, Мусолини и Сталин, што по никоја цена не сакал да го стори. Италија веќе почнува да планира војна против Југославија и се става на страната на Германија.

И така кралот Александар е викнат во Франција...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.762
Поени од реакции
5.433
Aко сака и од Еским нека е убиен, ич не ме чеша левово увце...Бидејќи не е МАКЕДОНСКИ крал, србски е...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.762
Поени од реакции
5.433
Вистинското ВМРО се борело против тортурата на сите кои сакале да и наштетат на Македонија, а тоа ги вклучувало и србите, и бугарите и сите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom