Целта на муабетот ми беше дека веќе јавноста оформи став и мислење дека тој навистина е убиецот. Јавноста не побара докази, јавноста не сакаше да си ги искористи своите 2 грама ум... јавноста сосема невино и без никакви задни намери отвори тема на форум со наслов "Се самоуби
убиецот од Кичевско". Замисли кој притисок е тоа. Затворен си за убиство, и веќе сите тврдат дека си убиецот. Никој не те прашува дали си или не, никој не се ни запрашува себеси логично дали си навистина или не убиецот. Јавноста чита вести - вестите викаат дека си убиецот - ти си убиецот. И планираш на суд да излезеш за да се браниш? Ма не троши пари џабе.
Во сиот овој муабет додај уште малку намерачување од некој од полиција да те прикаже како убиец. Е тек сега можеме да си ги мериме дали навистина човеков се самоубил, и ако е одговорот да, зошто побогу го направил тоа.
Има дупки во случајов и нема никогаш да го прифатам здраво за готово. Со основа нормално. Некој уште на почеток забошотил докази, зошто не би мислел дека и си го продолжил тоа дело, до крај?
Инаку помирен сум со фактот дека најверојатно нема никогаш да дознаам за сигурно дали беше наместен или не, само не сакам лесно да се предадам
Патем, не заборавај дека во кофа со вода се удавил.
Не го украл пиштолот од ноќниот чувар да се упука у мозок, не се обесил со чаршафот, не си брцнал прст у око за да го откорне па да моча во шуплината... се удавил во слична кофа како онаа погоре. Апсурд.